Ај ако сака некој мала помош МИФ aко знае. Како патуваат молекулите низ Голџиевиот апарат? 1. Преку _________________________ 2. Преку _________________________ Во кој правец се одвива транспортот? Од_______________________ Кон_______________________ Ова со правецот е од цис страните кон транс страните ама ова преку и 2 линии не знам што би стоело овде , ако пишам на едната преку транспортни везикули на другата нема што да ставам пошто е тоа. Не знам на што се мисли тука во првиве 2 линии , мноооогу конфузни се прашањава. Да не треба да пишам преку цис голџиеви цистерни и преку транс голџиеви цистерни и доле од цис страна кон транс страна....?
За УППИ не треба уплатница, ниту пак молба, туку треба да го испечатиш УППИ образецот од страната на МОН, да го пополниш и да го дадеш во деканат да го потпишат. Додека за уверение за положени испити, постапката е таа шо ти ја кажа колешкава.
Се надевам дека ќе ти прифатат од цис, транс страните, ама сепак да не си изненаден ако не е прифатено, на вакви ситници беа лани кратени поени. Инаку ги допишав правилните одговори.
Не се стресирај, лабава е атмосферата у амфитеатар. Прочитај си за хромозоми и хроматин, мене тие прашања ми беа малку збунувачки.
Дали некоја ги подигнувала документите од средно во скоро време од факс? Кога велам документи, мислам на дипломата и сведителствата. Ме интересира дали е потребно да се поднесе некое барање и слично или само така ги даваат?
Јас ги земав во март баш дента кога не пуштија. Им реков ми требаат документите, ми дадоја да потпишем дека сум ги подигнала и толку, одма ми ги дадоја.
Биохемија полагањето утре сигурно ли ќе е 35 минути? Уште во закажаниот митинг стои 30 минути за решавање, ми е страв да не ако го пратам после 30та минута, ми се рачуна како падната... Дали им е подесено сигурно на 35мин, џабе се секирам? Знам дека е глупо прашањево, али презапишана ми е биохемија 1 и ептен сум засекирана за полагањето.
Проф.Богданска кажа дека системот го дава 15 или 30 мин, но таа сама рачно ќе го исклучела тестот на 35минута.
Во врска со анатомија1 некој постар колега да каже некој утешен збор, дали се бара се до ситница, дали ако нешто ситно се промаши одма те обараат, дали нешто ти помагаат професорите? Ве молам за побрз одговор
Зависно кај кој професор полагаш. Со оглед на тоа што ви е прв колоквиум и прво полагање усно ќе имаа толеранција некоја ваљда. Во суштина сакаат да имаш научено убаво, а не да ти е "набубано" напамет
Како прво, зависи од професор до професор. Некои, не навлегуваат толку во детали, особено прв колоквиум, ама секако, одредени професори, односно асистенти, си бараат повеќе соодноси, припои и сл. Точно е дека имаат повеќе разбирање бидејќи е прв колоквиум, ама пак, и тоа зависи од проф, некои не попуштаат. Нема да згрешиш ако не си учела на памет (колку што може анатомија да не биде на памет), сите професори преферираат разбрано, а не бубано, некои воопшто и не сакаат на памет, и многу полесно ќе те бувнат ако видат дека си набубал, а ништо не си разбрал. Јас до сега сум немала искуство да ме бувнат ако нешто ситно не знам, ама сепак сум го кажала другото како што треба. До сега, сум полагала кај 4 професорки, и построги и помалку строги, и сите ми помагале, ме потсетувале и сл. Коректни се за тоа воглавно, ако навистина знаеш, не би ти правеле проблем, ама дури и да паднеш, не се демотивирај. Никој не знае како да учи на почеток, нормално е и да згрешиш, и да паднеш, ама ќе си положиш нареден пат.. Со среќа!!
Да да. Пишуваат поени за секое извлечено прашање, мислам дека можеше до 3 поени, не сум сигурна. Потоа ги собираат поените, и гледаат дали си положил, само не се сеќавам точно дали со 8 или со 9 поени минимум се положуваше. Максимално можеш да добиеш 15. Притоа, ако не грешам, ако некое од извлечените прашања не го знаеш воопшто, односно ако добиеш 0 поени, не можеш да положиш.