И уште нешто, за коската кога ќе кажуваш страни,рабови,делови покажувај на коската, не да гледаш во професорот и да си збориш напамет. Среќно!
35мин ќе биде, решавај си слободно до тогаш, не се брзај. И не се секирај, плус ко презапишана секако веќе се ти е учено и познато, сигурна сум дека супер ќе поминеш.
Мене ми кажаа дека Аце скоро сите ги бутнал, а Зафирова пола, и тоа уште на прво прашање бутала. Другите биле коректни, така да стандард..
Не знам зошто си изненадена, очекувано беше Секогаш половина паѓаат. Кај нас селекцијата беше со тестот, сега на усно ќе ги прашуваат.
И мене ме бутна, али доста коректен беше. Повеќето што ги бутнал пред мене, измешале коските, не ја држеле како што треба или не погодиле дали е лева или десна. Јас се блокирав на последното и најглупавото. Али не е битно, памет за друг пат. Да не учам секоја глупост, до степен да избунам толку.
Затоа има поени од 15 до 25, не се бута за едно грешно одговорено прашање.. Не се разочарувај Аце е таков стандард, ќе си положиш у јануари без проблем
Знаеш кој е проблемот со таа катедра и конкретно Аце? За некои студенти е злато, 3 анатомии кај него проаѓаат со без врска знаење, заради ургенции до него преку родители и небитно кој, а на некои ете уште на коска им прави проблеми и од старт на студии им прават да се разочарани од факултетот. Јас немам против што се строги и се прават ко еве се ќе елиминираме, блабла, но да е исто за сите, а не за некого само така и на нив да се прават силни. Анатомија 1 и 2 јас ги положив шо се вика едвај, последна шанса во септемвриска, баш ради тие глупости нивни со врски, па во септември останаа се обични смртници, но за анатомија 3 немав таква среќа. Цела година учев тоа, баталив и физиологија и биохемија, за на крај да се осетам ко залудно цела година да учев анатомија 3. Треба некаде да се изреагира за ова што го прават врз студентите. Еј, на прво полагање на нови студенти вака да им правиш. Им се полни егото што денеска толку нови млади студенти со желба за факултетов расплакале и растажиле?
Апсолутно се согласувам, немаат никаков критериум, од професор до професор критериумите се небо и земја. Како што кажа ти, ако се веќе строги нека бидат строги сите ама у граница на нормала и да се знае што се бара. А не дали ќе положиш или не да ти зависи од тоа кај кој професор ќе полагаш, а не од тоа колку имаш научено..
Епа тоа е, ние веќе знаеме дека е вака и не се чудиме ама за бруцошите е шок. Ако ме читаат, сакам да ги охрабрам.
За анатомија си ги држам прстите врзани да не пишам ништо, не ми се збори, ќе молчам... Туку, друго прашање. Биостатистика почнаа да закажуваат вежби онлајн. Значи и они се решија за онлајн настава скроз? Немаше да има логика тоа да идеме на факс, а физио и биохемија да не се иде, добро е. И нормално пак нема распоред за групи над 60. Ќе се пуштам овојпат со групата во iknow, таа изгледа е официјална, и така, во списоци така ме водат, најпаметно, а и онлајн е, може да се појше од 5. Ко што рече @Glowy, да не беше онлајн ќе се приметеше хаосот, среќа па вака не се примеќа толку...
Колеги бруцоши, ќе ви кажам нешто за полагањата, паѓањата, и тие приказни. Немојте да дозволите да ве демотивира тоа што има врскаџии. И никако, ама никако не се водете по тезата дека “ако немате врски, никогаш нема да положите”. Точно е дека “привилегираните” нема да паднат, ама исто така е точно дека и ние, помалку привилегираните, можеме да положиме. И без врски може да се положи, и од прв пат, и од втор, и од трет. Не дозволувајте да терате со мисла дека сигурно ќе паднете, или ќе имате 6, само затоа што немате врски. На крај на краиштата, не е ништо страшно и да се падне, не само предмет, па и година, не е ништо срамно, не ни е лесен факултетот, ама верувам дека трудот кога тогаш ќе се исплати, а знаењето ќе излезе на површина. Не плашете се, не се демотивирајте, се ќе биде, со среќа и со успех нека ви е!!
Да се надополнам не се замарајте за оценки зошто ќе има ситуации каде што ќе сфатите дека 6ка е најубавата оценка!