Многу се замарав со глупости, решив да си уживам во процесот. Да си учам, да си терам работата и ич да не се замарам кој/што/како. Навистина е стресно, не сме од вчера, секогаш имало и ќе има врски ама сто илјада и петсто пати е кажано дека како обичен смртник можеш да положиш ако покажеш знаење, не дека положуваат само тие со врски. А да, ароганцијата на професорите. Ох... Не можам. Ќе се трудиш и ќе учиш па и да не сфатиш нешто ќе ти се изнавикаат, а некој што има врски браво ќе му речат, а ништо нема да знае. Е тука е малце проблемот, а не што постојат врски. Ама ајде тоа е, издржете е. Мене не ми е проблем тоа. Ме плаши фактот дека премногу меморирани работи заминуваат и избледуваат. Никој не потенцира што е она што е круцијално за на клиника. А, вака... ми немаат цел некои работи. Ама тоа е, кога би го опишала овој пат дотука би рекла капацитетот на мозокот треба да го "прошириш" за да "пикнеш" триста информации во него, од најситна точка, од колку микрометри е хромозомот до колку е АТП во клетка за на клиника да си изгубен. И во втора не осеќам некоја поврзаност со клиника и идна професија, се надевам дека трета малку ќе осетам нешто. Убаво кажа срценце од премногу работи не ја гледаме суштината. Нѐ учат да меморираме факти со 10пати повторување... Не викам дека се нема време логички да се фати и да се учи, ама од месец на месец нов материјал и нема шанси да се посветуваш до тој степен. Само читаш, читаш и ново и пак. Тоа е, не е лошо. За ова се пријавивме. Околу основните работи. Не треба да се мешаат ама не морало да се оговара, ова малограѓанштина во професориве невидена... Интелектуалци, а никако манири, карактер... Реетко. Аце е стварно полн со знаење, ама нема однесување. А, за врски се изненадив. Мислев тој е принципиелен. Затоа колеги, учете ама дефинитивмо да учите и да бидете луѓе. Препаметни, преобразовани...ама за некои би рекла абе не ги бива ко луѓе и тоа е.
Не знам колку години има, негде накај 40, може помалце, не ме држи за збор. Не е до возраста, и да има 30 или 55 години треба да има коректен, нормален однос со секој студент што полага. Знаеш-океј, не знаеш-следна сесија, толку. Да, се согласувам дека не треба да се прават грешки за работи кои се основа уште од средно или основно, ама да ти се смее у фаца и да ти вика колешке, не делувате како некоја глупава што не може да научи, не знам зашто не сте научиле убаво и буквално почна хахаха да ми се смее (притоа за ситница ме бутна). Не велам дека постојано го прави тоа, ама имало моменти и тоа повеќе пати. Пак ќе кажам секој со својата среќа, може и некој што не е со врски да има одлично искуство со него, ама не е фер за едни мајка за други маќеа. Ај што немаат скоро никаков критериум, па уште и да се смее и да омаловажува, малце не е убаво.
Ве читам погоре и согласен сум со повеќето мислења. Грешки се прават , дали е паника или брзање не е битно. Факултетот за жал ни е таков и сите сме ко програмирани роботи и се случува некој некогаш да киксне баш на најпростата и најлесна работа. Професорите не треба да се смеат и да си ги лечат комплексите врз студентите туку треба да дејствуваат мотивирачки врз нив. Не е срамота да се згреши , срамота е таа грешка после да не се корегира и да се применува во пракса. А да , за врскаџиите да не праиме муабет. Хистологија и МИФ (лаборанти) полагавме неделава колоквиуми , групата што беше после нас (каде што има вонредни повеќето) си ваделе телефони , си зборувале меѓусебно , им решавале дел од тестот демонстраторите што чуваат.... немам коментар. Некој ќе учи , некој така ќе си добива оценка... факултетов е индивидуално искуство ама дефинитивно за некој мајка за некој маќеа.
Има јас ја земав али треба да ја вратиш брзо зошто е многу скапа не ја даваат за подолго само 2-3 дена
Сакам да прашам за стипендиите дали имам шанса да добијам стипендија со просек 9.1 општа медицина и за која група да се пријавам?
Како поминавте тие што полагавте анатомија денес, некој имаше спомнато фека ќе полага, и кај кој бевте
Некој од постарите колеги ако може да ми каже за анатомија 3, гледам на страната за испитни прашања се истите што се и за колоквиум. Дали истиот материјал повторно ќе испрашуваат и за испит?
Јас полагав, реално како не бев спремна ко што треба добро поминав. Извадив минимум, ама се мислам да полагам пак ако ми дозволат. Нервите обавезно, тоа е прво прашање кај сите професори, особено n. trigeminus и n. facialis да ги знаете и на сон. Општиот дел за нерви обавезно, и тие ОСА, ПВА, ПВЕ, за секоја гранка треба да знаете од кој тип е. Локација на јадрата во ЦНС, и протегање низ ЦНС и тоа прашуваат иако беше кажано дека нема да го бараат тоа. Артериите сите ги прашуваат.. вени исто, мускули не толку и припоите не треба целосно, отприлика само да кажеш, функцијата им е побитна од припоите. Професорката Матвеева кажа дека овој дел секако пак ќе треба да се знае за испит, бидејќи се ова го има во регии, ќе мора да се знаат и мускулите и гранки на крвни садови, се пак.. така да пак ќе треба да се помине овој материјал. И тие што ќе се паднете кај проф. Зафирова, прво прашање е темпорална коска.. ако тоа не се знае натаму не продолжува. Повторете си череп за секој случај.
Како смо се надали, одлично смо се удали пишав погоре да не се повторувам Е да заборавив да кажам, и тие неколку странички после кранијалните нерви, за plexus cervicalis, plexus caroticus internus, ганглионите, и тоа обавезно да го научите.
А дали некој од професорите имаше извадено череп, и да бара да поврзаш се што кажуваш за него и да покажеш, дека реално тоа е поминато од лани, ама сепак ако бараат барем да се покажува да си знаеме
Денес не, што не значи дека следен пат нема да извадат.. проф. Чадиковска прашала колешка дали сака да и даде череп за покажување ако и е полесно така да раскажува и она кажала не Реално не би требало, ама со нив никад не си на сигурно.
Не сум доктор, но се засрамив во туѓо име читајќи последни страни. На што личи тоа исмевање на колеги и оговарање што кажувале на испити? Вака и со пациенти во иднина ќе се исмевате? На кој факултет и да си, ептен е безобразно да земеш вака за колеги да се смееш што и како утнувале. Таму сте запишани за да научите, не се плашете и да згрешите, се учи од секоја грешка, не се плашете ни да паднете, навистина не е ништо срамно без разлика дали студираш медицина или економија. Срам нека им е на професори што место да ве научат, вака се смееле и не им земајте при душа. @Anie93 сакам да ми бидеш матична, браво за секој напишан збор, вистински пример си за како треба доктор да изгледа. Навистина ја читам темава редовно, некои членови ми се толку мили и при срце, ми даваат надеж дека во иднина ќе имаме одлични млади лекари. Браво девојчиња.