Како се зема уверение за положени испити може некој да ми ја објасни постапката? И колку дена би чекала да ја земам?
Исто како за потврда, буквално исто. Молба треба да ти заверат, па ја оставаш молбата, уплатницата и индексот(кутија имало сега, заради ситуацијава), и наредниот ден, или по два дена, одиш и си ги земаш уверението и индексот од кутијата.. Секако пред тоа треба да имаш уплатено уплатница, за уверение. Значи потполно истата постапка како за потврда за редовен студент.
Што е ова што ми стигаат опомени на мејл за земени книги од библиотеката? Таа од таму ми кажа дур не заврши семестарот можам да ги држам а сега ми вика на мејл да ги вратам или ќе ме казнат , 1 месец помина откако ги земав.
Со кој просек? Не може да аплицираш коа уште ништо немате ни полагано ни ништо.. Стипендија се земе од 2 па нагоре
Дали работат на студентски прашања во деканат? завчера сакав да одам ,не отидов и звонев од дома на тел и вчера во петок а и во понеделникот никој не крева слушалка ?!
Дечки некој што ја познава убаво физиологија 1 делот за клетка , нејзини органели и функции , транспорт низ клеточна мембрана и муслули/контракции ? Ми треба помош нека ми пише ЛП
Сега за аплицирање за стипендија доволно ли е да ги имаме сите оценки само во iknow, или мора и во индекс да се собрани сите?Ми фалат 2 а не знам дали ќе стигнам за рок. И да ми кажете како да ги контактирам овие од социјална медицина, значи кога и да отидам не се на работа, на меил професорката тотално игнорира; меил на секретарка нешто...?
Само iknow, според тоа е уверението. Не е задолжително копија од индекс, така пишуваше во конкурсот. Тие не враќаа демек во номеври ќе пишувале, после некоја дата таму, дојдовме 15, пак ги нема. Јас не знам кога се тие на работа и дали воопшто одат.