Некој шо имаше статистика вежби да каже како ги држевте? Со камера или без? И шо се дешава, задачи само се решаваат?
Не знам за општа ама кај нас на тригодишните не бараат да е оригинален , баш сега имавме вежби. Битно е да не е пополнуван т.е да можеш да решаваш така ни кажаа. А инаку овој за тригодишните е околу 200-210 денари со 150-60 страни во него , не би требало за општа да е нешто поскап.
Претпоставувам исто е и на општа , вежбиве статистика онлајн се врв. Сите слушаат а асс. си објаснува како се решава некоја задача без пп презентација така само си збори и ни вика да ги испратите решени кај мене или проф. најкасно оваа недела , се на се 30 мин траеше и вика толку за денес.
Зависи од асистентот, мојата група супер пројдовме ни даде домашно задачи, објасни се кратко и јасно но групата после нам со друга асс./проф. што и да била, покажала крајна ароганција, испрашувала, се дерела по студенти зошто имале технички проблеми со микрофони ставала минуси ако не се јавиш кога ќе те прозва туку отпосле и слично.
Да, имав вежби и јас пред малку, фина беше и нашата, многу толерантна и убаво ни објаснуваше за вежбите... Дефинитивно на вежбите многу зависи кој асистент ќе биде..
Аман веќе таа, врв на ароганција и безобразлук на факултетот. Навистина непријатно и недолично изгледа такво однесување на професор. Општо од лично и искуство од други колеги, згрозен сум.
На предавања кога почна да се дере ме исплаши, се покаав предавање шо пуштив. Значи добро сум ја проценила. Секоја катедра си има еден ваков лик...
Од предавања, до вежби, до полагања, значи нема настан со неа шо е поврзан, а да нема испад од нејзина страна. Дури и на улица да те сретни можи нешто да се случи.
Мене како што ми кажаа вака и постари колеги ќе се фатела на вежба за 3 студенти и само нив ги реметела и така секоја вежба нови смртници
Здраво, ќе може ли некој/и да ме запознае општо преку ваше мислење како поискусни со со медицинскиот факултет Скопје Општа Медицина зошто во план ми е да студирам медицина. И каде би било подобро УГД или УКИМ? Дали имам шанса да ме примат во Скопје?
Што поточно те интересира? (не сум на општа медицина но сум упатен бидејки сум студент на факултетов) Општа медицина студиите траат 6 години / 12 семестри. Во првите три години ја учиш основата (базата) на медицнита и сите предмети се институтски што значи се држат на факултетот (предавања во амфитеатри , вежби во вежбалните по институтите). Преостанатите три години се клинички предмети каде учиш како да дијагностицираш и даваш терапија соодветно со проблематиката. Во однос на факултетите , подобра опција е секако УКИМ Скопје од причина што има колку толку поквалитетна настава од УГД , но не значи дека УГД е дно значи каде и да се запишеш ако имаш амбиција и желба ќе успееш. За примање обавезно во Скопје 90+ поени (СО ДРЖАВНА МАТУРА!) а некогаш па минимум 94-5 требаат за да влезеш но тоа зависи од конкуренцијата и успехот на генерацијата. За учење има многу , предавањата и вежбите знаат да бидат многу досадни и сувопарни но на се ќе се адаптираш. Запиши се ако сакаш да жртвуваш добар дел од нервите , слободното време и социјалниот живот како би се вклопил во целиот тој пат од 6 години , воошто не е лесно како што изгледа однадвор. Запиши се само ако имаш вистинска желба и амбиција , доколку ти е за углед и за профит не се мачи бидејќи џабе ќе потрошиш нерви , пари а нема да има ефект и евентуално ќе се откажеш. Имаш уште 10 месеци размисли си убаво и гледај матурата (доколку воопшто ја има) да ја направиш со солиден успех , во спротивно шансите за Скопје се минимални додека на УГД Штип примаат и со помалку од 90 поени до кај 70...
Јас сум втора година, не ни сум многу искусна на факултетов но морам едно да ти кажам имам пријатели и на угд и колеги на факултетов и двата универзитети се разликуваат колку и по капацитети за учење, толку и по "психа". Сета почит кон УГД, и таму имаат квалитетен кадар и настава, плус ова со систина пракса што се овозможи, но мислам дека особено нашиов факултет освен испити за знаење, субтилно е испит и на карактер. Самиот факултет не само што те доближува кон идната професија, те зајакнува и ти ја оформува личноста, бар во моево досегашно искуство. Солзи де од радост, де од тага, правди и неправди, лоши и добри денови се тоа неприметно те оформува. Јас од мојата генерација што можам да забележам е дека се поцврсти стануваме. Треба да си истраен, факултетов има многу сопки и падови, не се завршува секогаш за 6 години, има многу непроспиени ноќи, испити, жртвувани кафиња, искачања, дискотеки и затоа истрајноста и желбата е пресудна во вакви моменти. Со добар менаџмент, се се постигнува. Вежбите се клучни, предавањата и не баш толку со чест на исклучоци и обавезно учење секој ден. Има некои предмети полесно се проаѓаат некои со многуу големи маки но ништо не е страшно. Може и на почеток ќе ти изгледа претешко со оглед дека наеднаш ве бомбардираат со 1000 латински имиња, и стручни поими но на крај ќе сфатиш дека тоа е најмалку што можеш да запамтиш да речам нужно, па некако и ќе ги впиваш информациите побрзо. Логичко поврзување на работите е мојот наголем совет, зошто на крај сфаќаш дека секој систем не е засебна целина, туку сите заедно работат- мало пореметување во еден систем, бар со себе влече пореметување и во друг. Во однос на матура, бидејќи годинава ќе имате, како што кажа членот погоре, мораш да ја пројдеш добро, зошто јас кога се запишував последниот од приватна квота беше со 91 поен,чинам. Што значи дека ти дозволува или 2 четворки една со висок друга со низок перцентил, или јака 3ка (некој нека ме поправи ако грешам), отиди на претходни страни накај крај на септември и почеток на октомври во темава, имаме пишувано многу работи.. мислам дека ќе те доближат колку можат до факултетот, друго ќе биде кога работите ќе ги сетиш на своја кожа. Во случај да сакаш полесно да пројдеш, но тоа никако не значи да НЕ чепнеш книга, веројатно би било подобро угд.