Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Atticus

    Atticus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    Искрено, не ни знаеме дали ќе имаме матура цело време нѐ држат во неизвесност зошто знаеме каква си е нашата државичка и министерство во глобала. Ја сум 4та година медицинско средно така да мислам дека имам некоја си основа од скоро сите области на медицината, што би ми било полесно со бомбардирање со латински поими и разни процеси во организмот, за разлика од гимназиското образование каде не навлегуваат до толку. Е сега во однос ако нема матура, дали има шанси да ме примат во државна квота зошто успехот ми е 5,00 во изминатите три години, а мислам дека ќе биде така и оваа година. Дали влијае и предметот и темата од проектната задача, зошто избрав предмет Хемија за проектна, а доколку има матура покрај што ќе изберам Биологија, ќе треба да изберам и стручен медицински предмет. Дали и двата се бодуваат на факултетот при упис или само Биологија. Според мене, многу подобро би било да воведат приемен испит од биологија/хемија сепак тие се клучни предмети во ова поле, а другите два (Македонски јазик и Англиски/Математика) немаат и некое значење.
     
  2. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    882
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Машки
    Не влијае темата од проектна али обично сите земаат стручен предмет , за општа медицина стрикно Биологија и Хемија (Биологија екстерен а Хемија интерен) , за секакви други комбинации кратат поени.
     
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Разликата е како ден и ноќ. Скопје е построго, далеку подобро за да научиш ама и претешко. Искрено да ти кажам, не сакам да те демотивирам ама во 99% од случаевите за 6 год да завршиш е бајка само. Скоро и да нема некој кој не ја презапишал 3та година.
    Штип е различна приказна, полесно е, ама и знаењето на крај е помало.
    Се плаќаат испити на велико. :cash:Не велам дека сите плаќаат за да положат.
    За што и да се одлучиш, со среќа.:)
     
  4. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Имаш огромна предност зашто имаш работено со пациенти. Имаш видено како се се одвива и го немаш тој почетен страв и срам. За теоретски дали си нешто во предност од гимназија, па и не баш. Во прва година може да ги знаеш латинските поими и имињата на коските(друго се што учевме у средно е премногу оскудно), во однос на другите предмети немаме никаква предност. Посебно МИФ тоа се беше биологија и многу нормално на гимназијалците тоа повеќе им лежи. Ништо нема да те стави во предност, освен ставот што го имаш за твојата иднина. Биди упорна и амбициозна. Не заборавај да им помагаш на твоите колеги. И во исто време немај огромни очекувања(дека се од прва ќе положиш), зашто на крај ќе се разочараш. Ќе сфатиш дека дали си положил или не, не зависи само од тебе и твоето знаење.
     
  5. kajl

    kajl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Дали за УППИ во предвидени предмети и кредити го броевте и предметот спорт, или треба без него?
     
  6. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде е тоа дека за други комбинации кратат поени. Ако одбереш пример историја за екстерен, едноставно нема да ти ја бодуваат оцената при аплицирање на медицински факултет, ама не е дека ќе ти скратат од веќе постоечките поени. Биологија го зема за екстерен предмет секој што планира да продолжи со медицина, пмф, фармација и други од тој калибар; а за интерен нема потреба да е хемија (доколку е гимназија треба бидејќи немаат други и ако сакаат да им се бодува, ама кај медицинари, со оглед на тоа дека [конкретно] мед.сестри слушаат само 2 години хемија, а гиманзиите 4ри - подготвеноста не е иста и немора хемија да земат - освен ако навистина им оди тој предмет и сакаат). Јас бев мед.сестра и за интерен имав избрано хирургија и гинекологија; а екстерен - биологија, и ми се бодуваа и двата. Е сега, доколку некој сака, може да си одбере пример историја и географија, и да аплицира на медицински, ама нема да му се рачунаат тие оцени од матура во поените, а сите знаеме колку се значајни истите, дури и половина поен плус може многу да промени.

    А за проектната, темата не е важна (но пожелно е да е од биологија, хемија за гимназија, а медицинари можат и друг стручен предмет да си одберат, не мора да се биологија и хемија - јас имав по интерна) , но оцената што ќе ја добиете, си влегува во поените.

    Вака беше додека се полагаше матура, сега без матурата, не знам што - како се бодува.
     
  7. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.755
    Пол:
    Женски
    Вака имаш соодветни и несоодветни предмети, соодветниот ако носи 10 поени, несоодветниот носи 5, дупло помалку. За медицина се полага македонски, бираш меѓу англиски и математика, а за втор екстерен мораш или биологија или хемија, за интерен можеш хемија, билогија, физика, стручен предмет ако си средно медицинско, но тој предмет што го избираш не смее да ти биде избран и за екстерен. Проектна од која сакаш тема, не се гледа предметот, насловот само го пишува и секој насолв исто се бодува.

    Без матура беше лом, ги земаа оценките од биологија и хемија, на местото од матура, без разлика колку години си ги слушал.
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    16.596
    Пол:
    Женски
    Како студент што веќе го има изодено овој пат на УКИМ, јас ќе ти кажам едно нешто, немој да те лаже господ да се запишеш на УКИМ, се полошо и полошо е од година на година, страшна неорганизација од деканат до катедри, пракса, значи се е општ хаос. Треба да ја вложиш целата младост, физичко и психичко здравје во тие 6 години(ретки се тие што завршуваат за 6 години), и на крај за што ништо од тоа нема да можеш да вратиш за една плата од 20000 денари што реално и со средно таа плата ќе ја зимаш и повеќе. Во врска со знаењето, колку ќе учиш толку знаење ќе имаш, и ќе учиш и дење и ноќе и пак нема да положиш пошо некој што не знае основни работи треба да положи(значи факултет за некого мајка за некого маќеа). Пракса до 3та година ги држат вежбите, горе долу се ефективи тие вежби,ама после 4та треба да молиш за да ти одржат една вежба нормална. За строго премногу е строго, ама нешто екстра знање дека ќе имаш потполно нема врска бидејќи тоа што го бараат за положување на испит е лудост, до крајност се оди во детали, а основни знаење немаме. За УГД не можам да коментирам како се одвива наставата и за квалитетот на истата, ама од тоа што имам слушано моментално УГД се многу по организирани, медицинарите од УКИМ ги користат за учење скрипти направени од професори од УКИМ кои предаваат на УГД затоа што се по концизно напишани и опфатени се делови што навистина треба да се знаат. Медицински факултет во Скопје не е тоа што беше, порано имало некој квалитет ама сега апсолутно не, и во Скопје веќе скоро секој може да се запише, особено последниве години, најверојатно поради конкуренцијата со УГД доста им е спштена границата за прием на студенти во однос на успехот. Размисли си убаво пред да донесеш одлука.
     
    Последна измена: 18 ноември 2020
    На PreciousMetal28, tinka-mace, Yellow456 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. lazyy_girl

    lazyy_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    од колку до колку работи Деканат?
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.690
    Допаѓања:
    39.794
    Пол:
    Женски
    Веќе не е важна ни проектната, било што може да се избере, се гледа само оценката, само таа носи бодови.Јас македонски избрав.
    Инаку за вие што ќе се запишувате, ако имате матура мора да се посветите максимално на нејзе, најбитна е.Секако и пожелно е сите други оценки да бидат 5ки, иако не е страшно да се има и 2-3 четворки.
    Ако нема матура, сигурно пак ќе биде хаос.
     
  11. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Зависи што ти треба, студентски и книжарата работаат од 11 до 2. (Студентски можно е и од 10 да работаат, секогаш различно ги фаќам)
     
  12. lazyy_girl

    lazyy_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    за да извадам уверение ми треба
     
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Некој што слушал комуникациски вештини изборен прошли семестар да ми пише?
     
  14. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    Јас:D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Оди кај 11-11ипол најсигурнo:)
     
    На lazyy_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Оди кога сакаш, немаш контакт со нив, само во кутија оставаш.
    А за земање после утредента после 12 оди. :)
     
    На lazyy_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Земи го ова мислење од некој кој завршил општа медицина при УКИМ.
    УГД никогаш не ми беше ни во предвид, така што не знам ништо за да би коментирала за таму.
    Бев средно медицинско, просек 5,00, на матура имав три 5 и две 4. Завршив факултет во предвидените 6 години, паднав само еден испит во прва година, јануарска сесија, и потоа го положив истиот во јунска.

    Веќе биле кажани доста работи на последниве две страни, па јас тука би сакала да напоменам само дека секоја личност е приказна сама за себе. Не само медицински, туку општо минувањето на било кој факултет е индивидуално искуство, и само би сакала да ти кажам да одлучиш самиот, без да те поколеба ничие туѓо мислење, или уште полошо - демотивирање.

    Се соочив со многу неправди, гледав како додека јас се обидувам да научам секакви ситници (особено во првите 3 години, на институтските предмети), други си минуваа без никаков проблем, имав непроспиени ноќи, доста откажувања од други аспекти на животот, нервози, стресови, стравови, ама ме предводеше мислата дека само зошто некој друг поминал на х или у начин, не значи дека и јас ќе поминам исто така.
    Преостанатите 3 години (клиничките предмети) се уште поиндивидуално искуство. Еден куп асистенти и професори, различни карактери, различна (не)заинтересираност за пренесување знаење. Сѐ уште имаше тон материјал за учење, со тоа што имаше и доста предмети по кои не ни има наш материјал туку се учи од хрватска литература (се надевам дека додека други генерации да стигнат до тие години, веќе ќе има некаков материјал од нашите катедри), а и со тек на време се сфаќа дека најчесто положувањето и оценката се базираат врз 20% знаење и 80% среќа. Вежбите се такви што не се држат по строго определениот распоред од Деканат, туку по договор со асс/проф, за термин кој на сите најмногу одговара. И едно нешто научив: доколку сакаш да научиш, сам мора да бараш да работиш. Доколку сам не покажеш иницијатива и не побараш да гледаш снимки, да вадиш конци, да правиш преврски, и крајно да асистираш на операции - никој нема да се замара сам да те тера сосила. И ќе има многу фрустрации и неправди кај асс/проф кај кои само ќе стоиш отстрана и нема ништо да гледаш/работиш, ама ќе има и такви кај кои со ќејф ќе стануваш уште во 6ч. наутро и ќе остануваш до 18ч. попладне.

    Одлуката за запишување на овој факултет и одење по тој пат не е едноставна, ама на крај треба да биде лично твоја, и донесена со одлучност за посветување на наредните минимум 6 години од животот.
    Со среќа за што и да се одлучиш :)
     
    На Oscar Lady, LadyR, kajl и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Дечки, дали може да се аплицира за стипендија без индекс? Индексот дека ми е нов и секако уште не ми е готов од деканат...
     
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    Да, колку што сфатив не е задолжително, битно е во iknow да ти бидат внесени оцените. :)
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    И јас така разбрав, ама викам да си прашам за секој случај. Сепак фала ти:l:
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.