Едно прашање. Дали после 3та може да се аплицира за стипендија како и сите иако во првите 3г ради некој услов си квадрирал 3та на пример? Или едноставно никогаш не би можела да земам стипендија ради паднат услов од прва година?
Моја другарка има просек 8,7 и ме праша дали има шанса да ја земе поголемата стипендија, дали може некој поискусен веќе што земал стипендија да каже отприлика како се движат ранг листите или сепак да ја советувам да аплицира и на таа помалата?
Мислам дека не може... тоа е прв услов, да немаш повторувано година. Ако грешам нека ме поправи некој...
Јас со 8,5 на двете си аплицирав. Знам дека ми е сигурна таа помалата ама пак што, да си пробам. Немам шанси, другарка ти има. Бидјеќи лани последниот примен мислам дека со 8,6 бил. Ама нека кажат другите за посигурно.
Дали некој го има анатомскиот атлас на нетер со македонско/латинска номенклатура најнова верзија да ми слика 2-3 слики , во други атласи ги нема тие делови а ми требаат за учење ? Благодарам однапред
Еј супер А, сега значи втора трета не можам да аплицирам бидејќи не слушам се така? Инаку имам просек над 8...
Не смееш доколку не слушаш условен предмет, вториот услов е да имаш просек над 7,5 или над 8,5 и третиот 80% од испитите положени.
Не знам за втора и трета година распрашај се, јас знам колеги во 4та година што имаа два пати и повеќе презапишано година и земаа стипендија во 4та година, јас исто мислев дека не можам да земам стипендија бидејќи имав паднато година и изгубив надеж за стипендија ама може, за после 3та сигурна сум дека може.
Дали во 4та се иде на пракса и навечер? Видов на стори колеги имаа ставено дека се ноќе на вежби, па се зачудив. И 3ти смени ли се држат на факсов?
Не би ти правело. Ама гледај за матура да си одбереш биологија, хемија зашто тие оценки ги вреднуваат.
Мислев анатомија 1 е најтешка ама уствари прелесно е у споредба со анатомија 2 и 3, каков хаос измешан се книгите. Бар у анатомија 1 имаш поделено регии и материјал за колоквиум. Анатомија 2 тоа немаше, се беше измешано и натрупано. А, колегиве викаат анатомија 3 била хорор книгата, ништо не се сфаќало. Сите се тешки, но анатомија 1 ќе ти се гледа најтешка дека прва почнуваш да ја учиш, после челичиш.