1 и 3 би рекла дека се тука некаде по тежина, со таа разлика што за анатомија 1, уште не знаев како да учам, особено за прв колоквиум, и затоа потешко ја совладував од 3ката. Верувам дека и кај повеќето е така, со оглед на тоа што таа е прв пообемен предмет, ама и на неа се „навикнуваш“ после прв колоквиум. 3ката до сега не ми е нешто „престрашна“, како што кажав, слично како 1, потешко од 2. Анатомија 2 ми беше дефинитивно најлесна и најинтересна, немав никакви потешкотии во спремање на истата, независно што имаше исто страни колку 1. Ама сите три се учат, секако, треба труд и многу повторување, таков е материјалот, ама не е нешто невозможно.
3ката е дефинитивно најтешка, има доста елементи што немаш претстава кај се што се и мораш да ги бубаш напамет, како читаш така забораваш, повеќе пати треба да го поминеш матријалот за да го разбереш и запаметиш. Не ми се за споредба 1 и 2 со анатомија 3.
Ќе се согласам. И тоа за колоквиумов колку многу ми треба да го спремам, дупло повеќе за органи и цнс. Така да... Не се споредува ниедна со 3ка.
@Guns N` Roses јееее, фала ти, ме израдува. Описот на годината за медицински факс. Не знам кој цар го напишал ова во анкетата ама се изнасмеав кога колешка од трета ми го прати.
Дечки дали некој знае, доколку аплицираме за две стипендии дали може електронски или мора да се однесат документите во МОН, бидејќи при електронска апликација не треба да се постави евидентниот лист во документација?
Совети микробиологија како да се сфати полесно до испитна? Сестра сум, не ми иде баш предметов, мислам дека ќе ме заглави. Некако доста захтевни ми се и сложено е за учење. Искуства со предметов, совети, било што?
Колеги малку помош Можам на една сметка да уплатам и за уверение и за потведа за редовен студент? И некој што пополнил да ми каже до каде треба ние да пополниме од уппи образецот?
мислам дека треба на посебна сметка, не сум сигурна дали може на иста уппи си го пополнуваш сам, горе делот нели што е за факултет/студиска год. информациите, како и табелата, они само ти ставаат потпис, печат архивски број
Здраво феминки,сакам да прашам нешто,колку сесии важат патофиза 1 и микро 1? Што доколку не ги положиме во јануари,дали и двата се презапишуваат? ❤️
Луѓе знам дека прашањево е off topic, ама ме интересира дали знаете дали може да полагам на матура два интерни предмети. Причината е во тоа што сакам ако може такво нешто да земам втор интерен предмет - хемија, гледам новата политика на факултетов вика дека при упис веќе не се вреднуваат медицинските стручни предмети на матурата, ами само биологија и хемија.
Каде го прочита ова, кога во конкурсот стои за матура дека за интерен валиден е стучен предмет за средни медицински.
Некој од постарите генерации да сподели искуство во врска со колоквиумот имунологија? Дали се обемни, какви прашања има, од презентации ли да се учи или од Кјуби?