Македонски Прв екстерен: математика или англиски (по избор, што ти лежи) Втор екстерен: биологија или хемија (што повеќе си спремна) Интерен (биологија, хемија, физика, англиски (ако не ти е екстерен) стручен предмет ако си медицинско) Проектна, која било тема
Трајков не е шеф, Кочо е шеф Мислам дека на Трајков уште не му е ни дозволено да испрашува камоли нешо др
Последни предавања ни предаваше он и некако многу информации даваше за предметот затоа и си помислив да не го вратиле случајно.
А за колоквиуми писмено како е со предметов? Ни закажаа за следна кол недела за први 13 предавања писмен колоквиум. Од кај да учам, презентации или мора и Кјуби?
И двете, јас кога полагав од Кјуби, само прво направи си концепт на основните работи што треба да ги знаеш со болдирани букви, па после во детали.
Јас на цел испит одев бидејќи 90% од студентите тоа и правеа. Сега по колешка што знам дека прашањата се паѓале повеќе од таа некоја скратена скрипта што била како извадок од предавањата демек. Јас имуно од Кјуби спремав бидејќи тогаш таа скрипта не ни постоеше. У случај на Дејан да му има завршено таа "суспензија" што демек ја има тогаш за неговиот дел стрикно од Кјуби учете. Учете го и текстот под сликите што е зошто и од таму имаше прашања на испит/колоквиум сеедно. За деловите Кочо што ги предава учете и Кјуби но гледајте и презентациите што ви ги дава, вади прашања и од таму. И за да ви се разјаснат некои работи што не се разјаснети во Кјуби, пуштете си видеа од Osmosis, KhanAcademy, а мислам дека скоро видов и некои на мкд дека има некој студент изгледа ги прави, имаше и за други области знам. Видеа обавезно гледајте, особено за усниот испит, зошто во тестот ви се 70-80% цитирани работи, но многу моево не го земајте здраво за готово има сигурно и измени во полагањата. Кај нас се рачунаше нешто одговорени/неодговорени прашања, знам требаше околу 36 поени или точни прашања за да ти е положен испитот. Мислам дека има нов концепт, но материјалот и предметот се тие. Тргнете го од глава што е можно побргу, не го оставајте за во трета, плус и ќе ви треба знаењето Имуно, за полесно да совладате Инфламаторни реакции, Воспаленија ,Болести на Имун систем од Патологија и ред други работи и предмети понатаму што ви се.
Здраво, јас сум 4та година гимназија и сакам да се запишам на логопедија. Дали при полагање на матурата освен биологија како екстерен предмет, повеќе би го вреднувале хемија или физика како интерен предмет при запишување на факултет. Фала ви.
Фала ти. Дали може да ми кажете како е на логопедија во врска со предметите и професорите? Дали има некои тешки предмети?
ние лаборантите Имунологија кога држевме со проф. Дејан Трајков ни кажа дека сега шеф на катедра по имунологија е доц. д-р Мери Киријас така да не знам , едно пишува , трето е така стварно. Сменети се сега многу катедри и нивните раководители.
Знам дека сега скоро на сите катедри се менуваше шефот на катедра ваљда мандатот толку им е, знам дека до сеа Кочо беше не знам кога бил Трајков ама он се врати само како научен соработник може да предава и држи вежби ама не да изпрашува.