Каде можам да најдам информации околу специјализациите за тригодишни студии на Медицински факултет во Скопје, поточно за физиотерапевти? Се што досега најдов е за студенти од општа медицина.
Биохемија на една вежба асс. Ампова спомна дека на крај ќе сме ги носеле за потпис у декември и ќе не прашале некое прашање од материјалот од пракса, ќе не прашал тој асистент што ќе ни ги прегледувал
Ај ве молам збор два за колоквиумот хистологија и мед. психологија како се дали се многу тешки, што се бара, на што да се обрне внимание
Проф. Богданска, проф. Цековска и проф. Тошеска уште немаат пратено mail за полагањето нели? Или у меѓувреме уште некој да не пратил исто така?
Психологија е прелесно, имаш учебник, имаш и прашања од копирница кои се паѓаат, твој е изборот како да учиш. Хистологија е поспецифично, не е тешко, интересно е, ама си бара повеќе учење, односно паралелно учење теорија и гледање препарати. Колку што знам, онлајн полагате, па ќе ти кажам искуство за онлајн. Претходниов семестар и ние полагавме онлајн хистологија, и на ништо не личеа полагањата, се живо и диво положи, ама сега се смени шеф на катедра, така да, верувам дека ќе има измени.
Не полагаат онлајн, теоријата им е на факс со физичко присуство, препаратите онлајн. Инаку да, обрнувај внимание и на најнебитните детали хистологија, пошо буквално даваа некои бројки дури да се пишуваат. Нема нешто шо не треба од книгата, се може да ти падне. За практично слики гледај и вежбај. Ама интересен предмет е. Психологија боза, да беа сите такви предмети ех, цела генерација ќе положите, не се замарај за тоа.
Искуство со тестовите за 1 колоквиум по мед. хемија? (периоден систем , вода и електролитна дисоцијација , pH и пуфери , хемиски врски , основи на материјата и хемиско сврзување). Што одприлика ви се паднало ако памтите , ние полагаме онлајн ама не знам на што да обрнам внимание од ова книгава малце им е чудна повеќе примери има него ли "за учење" , дали даваат дефиниции или нешто ептен онака што не би го прочитал. Иако полагаме онлајн некако ми е страв од катедрава , многу строги изгледаат.
Еј многу беше лесно хемија колоквиумски тест, најопшти работи имаше. Исто и ние онлајн полагавме. Цел материјал одеднаш го полагавме, не ни беше поделен. Сеа не ми текнува вака многу, знам дека со 4 бода највеќе шо носеа, имаше реакции да се познаат кои се, посвети внимание на примери од реакции. А и топ катедра се, ако знаеш сигурно положуваш кај нив.
Да да. Повеќе на хемиски реакции, симболи, соединенија, примери ќе се фокусирани прашањата, не на текст од книгата.
Здраво, јас сега треба да запишувам факултет и заинтересирана сум за факултет за ендокринологија па дали би можеле да ми кажете колку години се учи и дали има дополнителни 2 години специјализација? Исто така ако може да ми пратите линк од сите факултети по колку години се учат затоа што не успеав да најдам ништо на онлајн пребарувач..
Прв пат слушам за факултет за ендокринологија. Треба прво да се запишеш на Медицински факултет, смер општа медицина вo траење од 6 години, па потоа доколку сакаш да си специјализираш ендокринологија.
Какви се проф. од катедрата анатомија на писмени тестови? Јас сум на тригодишни ама ме интересира дали кратат поени за безвезе (нас не ни бараат премногу детали и латински имиња ама ипак) пр од 5 мускули 4 да ги напишеш 1 да го заборавиш или да му утнеш некоја буква. Анатомијава ми е дефинитивно најдосано нешто за учење и имам страшна одбивност кон предметов иако нема многу материјал Хистологија ќе имам 9/10ка ама анатомијава повеќе од 6ка тешко , не можам сите имиња да ги запомнам поготово ова мускуливе па ако може искуство било да е општа/тригодишни пошто истата катедра се. Мислам општа имаат 1 писмен тест во завршните испити.
Охх.. зависи кој ти го прегледува тестот. Чим не ви бараа толку многу детално сигурно ќе положиш, си учиш ти. Ама прогледуваа низ прсти на писмено ако имаш некоја ситна грешка, како што викаш ти буква. Нека ти кажат и другите колеги мислење.
Нас науч. соработник Билјана Бојаџиева ни ги држеше предавањата и многу коректна и фина професорка ми се виде. Ама дали само она ќе ги прегледува или и тие другите... се надевам нема мојот тест да се падне кај тие искомплесираните .