Многу е фина асс.Бојадџиева. Би требало да ви ги прегледува таа, секако не сте многу, 20-30 теста, ако не дојде некој, некои полупразни даваа..
Биохемија практичен дел кога се полага? Пред испитна или за време на испитната во ист ден или некој ден пред завршен испитен дел од теорија?
Не мора да значи дека она ќе ви ги прегледува.Иако, во споредба со други мислам дека е помека, не дека не бара детали ама не е ни најстрога.Искрено мене ми имаа кратено бодови за многу ситници, ама вие не сте општа медицина, нема логика толку да ви бараат.Сепак глеј колку што можеш најмногу да напишеш, на анатомија никогаш ништо не е премногу.
Некој што има комуникациски вештини, во врска со есејот, што треба онака отприлика да се пишува за корона вирусот(мислсм тоа дека беше тема)??
Какви чувства ни предизвикала целата пандемија, како се чувствуваме во услови на пандемија со ковид беше темата.
Дали некој ја има книгата Имунологија од куби англиска верзија (демек била попроста) во онлајн форма да ја испрати ако сака. Благодарам однапред
Дали има некој познавање добро од патологија 1 на теми хемодинамски нарушувања и имунолошки за колоквиум ќе ми треба помош ? Нека ми пише
Совети од колеги, за спремање ЦНС Анатомија 3? Малце покомплексно изгледа, кои извори или литератури вам ви помогнале, како да си го олеснам учењето?
И уште едно прашање во врска со Анатомија 3. Дали е паметна идеа да се оди директно на испит без да cе полага колоквиумот за мускули, артерии и вени и кранијални нерви?
Мислам дека не е, има доста детали и во едното и во другото. А реално си прашуваат доста, видовме со анатомија 2, иако беше комплетн.
Дали знаете кога отприлика ќе го имаме распоредот за испитите во јануари за прва година - Општа медицина? Покрај колоквиумот за глава на 11/12 јануари, јас треба да полагам и колоквиуми за рака и нога. Дали тие два ќе ми бидат во ист ден? Почнувам со спремање од утре, и навистина би ми биле од помош вашите совети. Напоредно треба да спремам колоквиум ембриологија и биофизика - тие се на крајот од декември. Дали има шанса да ги положам двата колоквиуми за рака и нога во ист ден? Исто така би сакал да го слушнам вашето искуство со физиологија (дел од МИФ) испитот, дали бара многу спремање или може да се стаса и тоа? Ви благодарам многу!
1. Рекоја на почеток на декември, најкасно до кај 15ти... 2. Лани така беше, не положените колоквиуми во еден ден се полагаја. Прво беше писменото, па за неколку дена усното. 3. Учи и спреми ја добро ембриологија бидејќи е услов. Биофизика ако стигнеш добро, ако не не се форсирај, не е услов. 4. Има шанса ако ги спремиш доста добро и ако ти се погоди добар професор. 5. Делот физиологија од МИФ беше еден од најтешките и пообемни испити според мене во прва. Есејски прашања беа 6 мислам. Се учи и од книга и од презентации. Доколку ви биде онлајн мислам дека ќе пројдете добро. Со среќа
Имаш шанса, лани колеги полагаа и цела анатомија 1 ја положуваа. Ако имаш добро научено, плус океј професор да ти се погоди, погодок. Но и да не е океј проф, пак се положува. Мој совет ти е да се фокусираш сега на череп најмногу, до јануари имаш доста време за одлично да го спремиш. Потоа на ембриологија, зашто и таа е услов. А на крај ако имаш време замарај се со биофизика, полагај не викам не, но приоритет е анатомија, што побрзо да се решиш од неа. Физиологија делот воопшто не е за потценување, треба време да се припреми за положување, има доста термин, доста работи кои треба да се сфатат и научат, не е лесно. Гледај секогаш особено условите да ги чистиш во јануари од овој семестар, потоа предмети од прв семестар во јуни и август потешко се положуаат, многу е постресно, можат да ти потврдат тие што се втора како беше физиологија делот и анатомија летото. Биофизика дури полесно се положуваше во јуни и август, отколку во јануари.
Ти благодарам многу за одговорот Доколку не ти е тешко, би сакал само уште да ми пишеш за биофизика. Сега во декември имам колоквиум, и мислам дека ќе стасам да го спремам. Дали вториот колоквиум во јануари е всушност завршниот испит по предметов? И ако не го полагам тогаш, дали е океј да го полагам во следната испитна сесија? Не знам која е подобра опција... Исто така, многу колеги пишаа дека воопшто нема да се појават на колоквиумот во декември, туку ќе одат директно на испитот.
Баш ме охрабри сега, ти благодарам многу за советот Инаку, од понеделник следнава недела почнуваме со череп, исто и ембриологија делот. Така да, ќе се фокусирам на тие два, со чести повторувања на материјалот за рака и нога. Дали мислиш на овие услови? Анатомија 1 -> Анатомија 2 Хистологија со ембриологија 1 -> Хистологија со ембриологија 2 Морфологија и физиологија на клетка -> Вовед во хумана генетика Вовед во медицина -> Промоција на здравје Значи да гледам овие 4 предмети да ги положам, за да не останат за во јуни или август?