Дали завршниот испит од Анатомија 1 општа медицина е потежок од колоквиумите? Некои велат колоквиумите се потешкиот дел а дека на испит најголем дел положувале без проблем? Што е вистина?
Еве јас полагав кај прoф.Богданска. Полагавме писмено во амфитеатар. Ни даде 1час време да напишеме концепт, а потоа ги читаше. Најмногу прашуваше од биохемија делот. Цвитер јон, матуротација, хемиски реакции на аминокиселини и на јаглехидрати, холестерол обавезно. 1. Од органска прашуваше најмногу хетероциклични соед., алкохоли и феноли, алдехиди и кетони. 2. Прашуваат потпрашања, пример може да те потпрашаат што се добива ако од оцетна киселина се отстрани вода таквии логички прашања. 3. Да даваст време да си размислиш. Нека споделат и другите искуства. Испитот по хемија сака да го совладаш доста добро материјалот. Не можрш на "шала" да положиш. Сега јас ти кажав за општа, за тригодишните не знам како е.
Мене ми беше потршко колоквиумскиот дел искрено. На практичниот полагав кај проф.Аце и ме праша т.е. излеков regio glutea и manus. Прво ги раскажав региите и потоа во дисекциона сала ме праша за a.radialis, m.extensor digitirum, n.cutaneus posterior, n.ischiadicus и не се сеќавам друго. Тој ми ги покажа јас да кажам што се.
Ако положиш 3те колоквиуми, ќе те пуштат и на практичен испит 98%. Лошо е кога колоквиуми ќе ти заостанат, иначе на практичен испит повеќе процедурално е и полесно се проаѓа, бар така викаат...
Може да се купи во книжара Тримакс кај трговскиот центар Скопјанка, ама не знам колку се добри за учење. А за изнајмување има едно дете на факултетот од Кочани, изнајмува череп заедно со мандибула, не се сеќавам по која цена беше, околу 1000 за недела така нешто. На огласите на факултет види.
И јас сум исто презапишана, минатата година го положив овој колоквиум со солидни бодови а сега паднав и тоа е сумирано на катастрофа што се дешава со онлајн полагањава.
Мене полесен ми беше испитот, полагав кај проф. Папазова, извлеков предна регија на бут, и задна регија на надлактица. Ме праша да и покажам навистина главни, лесни работи, lig.inguinale, m.sartorius, m.triceps brachii.. Ме праша и функција за некои мускули, по некој сооднос за крвни садови, ништо страшно.
еј, а дали имаш добиено било каков одговор на мејлот или нешто, јас се уште немам па не знам дали на никој немаат вратено
Па череп не се купува во книжара. А, секој што издава може различно да ти побара. Порано ставаа огласи кај факултетот луѓето што издава, веројатно и сега има по некој.
Пластичен не е најдобра опција зошто за череп треба посебна и пред се огромна прецизност, има клучни испакнатини и вдлабнатини и други мали но битни структури кои не можат да се најдат на пластичен череп а сепак ги бараат на полагање.
Здраво Сакав да ве прашам дали знаете каде има место да испратам апликација за работа на пола работно време? Штотуку дипломирав како радиолошки технолог па ќе треба да стажирам 10 месеци за да полагам за лиценца. Ќе биде рокенрол а бескрајно ми требаат финансии бидејќи стажот не е платен.