Тоа единствено веќе дипломирани доктори да прашаш претежно сме тука 1-4 година , не верувам дека било кој од нас гледа огласи многу ни е рано. Среќно
Да ја прашаш секретарката најдобро е. Таа ќе ти каже кога се слободни. Ако не можеш да одиш до факултет, пиши маил на катедрата.
Шо им е на овие статистика шо пратиле толкава листа од теми за полагање колоквиум и тоа од книгата за теорија, не само од практикум? Дали сериозно и теорија ќе се полага или ја нешто не сфаќам?
Поради онлајн ова, практикум се само задачи, а тие нема како да ги решаваме, освен само резултат или пример само формула нешто. Затоа мора да додадат теорија.
Дали некој може да ми каже како ќе се полагаат анатомија 3 останатите делови, за органи, сетила, цнс. Дали сите ќе бидат усно одеднаш или ќе делат?
Охх, значи добро сум сфатила. Епа добро, а кои теми се од книгата за теорија точно да не знаеш? Ја како што гледам вака првата, последната и од третата тема има нешто дадено за стандардна грешка? Другото е од практикум се освен тренд и сезонски индекс вежбите? Или нешто имам испуштено?
Колку што разгледав скоро сите теми се од книгата, исклучок се неколку само. Сепак не ме држи за збор само онака разлистав.
Не знам зошто ама лично имам некоја претстава дека нема убаво да поминеме со овие катедрава за статистика. Пред 3 недели на последно предавања кажаа нема да има друго освен задачи и одеднаш скоро цела книга освен 4 мини темички ја даваат за полагање. Многу скратиле, фала премногу, се измачиле. Се надевам грешам ама изгледа ќе дадат некој безвезален тест чим вака одеднаш си го сменија планот. @MeckaCia летото како ви беше вас полагањето кај оваа катедра?
Трагикомично, истото се случуваше требаше колоквиум да полагаме прво арно ама прашањата беа од теорија, и што беше најстрашно не можеше ни да се најдат во книга мислам дека сме прва генерација што паднавме 100 души биостатистика и завршниот ббеше катастрофа
Прекраснотии. Одма ги проценив дека се зезнати. Со лесно нека ни е тогаш, од нас толку, од Господ појше.
И единствена генерација со толку 6ки по биостатистика. Стварно беше ужасно полагањето кај нив, баш видов и што се им ставиле за полагање на овие од втора и искрено немам коментар. И на испит истово ќе им го бараат, џабе ги тераат сега да полагаат цела книга, страшно.
Ич немаме среќа наша генерација. Ги фативме сите измени буквално, новите книги анатомија кои се многу посложени од старите, ова сега со статистика, па промени на шефови и секакви можни промени за полагања, за нас лани се смени и полагање ткива хисто практично на колоквиум... Којзнае уште што се има/имаше... Ептен сме заморчиња.
Па тоа да, ама за разлика од постари генерации што кажуваат, ние најлесно пројдовме со хисто1 и 2 со онлајн полагањето..
Е тоа да, но добро зборам за почеток на прв семестар кога се одеше редовно на факс... Да одевме на факс и хисто 2 цела усно ќе требаше да е, за нас ќе беше таа промена нели да нема писмено полагање. Дека испадна така со карантинот и прекин на наставата иначе...
Ај што дале теорија за полагање добро. Но за 2 недели пред полагање дека 200 страни ќе им научиме покрај други предмети пообемни и помедицинарски мало морген. Да известеа порано, ќе се спремавме како што треба.
На предавање кажаа демек немаме материјал за два колоквиуми, па затоа еден. А сега ни ја ставија цела книга. Ќе речев тешко им е да организираат два колоквиуми, ама па овие што се трета полагаат по два, стар принцип.
Да, да памтам баш тоа кога кажаа... Не си стоеја на зборот. Баш на последно предавање нели објаснуваa само задачи ќе имате, на заокружување нешто да препознаете, ништо тешко блабла and other hilarious jokes...