Може да ми пишете искуства како поминавте на колоквиум анатомија 3? Што најмногу прашуваат, што најмалку? Спојлер Извинете ако сте пишувале веќе ама ништо немам отворено со денови.
Колку страни е статистика испитот? Дали воопшто вреди да се полага колоквиум, или попаметно е директно да се оди на испит, со оглед на тоа што ни дадоа и теорија сега??
Јас мислам дека мора колоквиум па испит. Ако планираш во испитна прво ќе полагаш колоквиум, па завршниот.
A дали би бил скоро истиот материјал и на колоквиум и на завршен?? Бидејќи ептен додадоа материјал за колоквиумот.
Дали е сигурно и теорија вклучено? Дека на предавања милион пати рекоа дека ќе има задачи само, а вака ни едно известување немаат пратено дека ќе има и теорија нити колку прашања и сл.
Веројатно, до лани полагаа практикум на колоквиум, книга (теорија) на завршен. Темите вчера ги објавија, а ги нема сите во практикум и дел од нив се теорија, така што веројатно и теорија имаме.
А на кој начин ќе се полага испитот? И дали ако го паднеме сега колоквиумот, ќе може да го преполагаме во сесија?
Мене ме праша најмногу за спинални нерви, plexus cervicalis и негови гранки, инфрахиоидни мускули кои се, па ме прашуваше за 1-2 рандом мускули инервација.. Ме праша површни вени на череп, како и каде настанува v.jugularis externa.. За 5 мин.завршив, не беше ништо страшно.
Дечки некој шо знае убаво физиологија 1 и фармакологија 1 ми треба помош .. ако познавате професор/доктор или некој со многу знаење пишете во лп ( ќе платам ако треба)
Ви посакувам среќа со статистика, од тој институт се навистина на лева нога станати. Пред неколку години кога полагав статистика усно, на завршниот испит беше хаос, никој не беше задоволен. Така да, не е од сега ваква ситуацијата, само малку се влошила. Со епидемиологија е истата приказна, јас цело време го одложував испитот и на крај го фатив последниот воз со онлајн полагањето и така го баталив и тој институт.
Може да избереш и во прва година во втор семестар, само нема многу опции, не дека ние во втора имаме којзнае што