Во однос на радиологија нема конкретен материјал,презентациите се како единствено учебничко помагало.Презентациите се оскудни и без многу информации,а на испит се бара знаење како специјалистички да полагаме.Нуклеарна медицина прашања,книга,се полага тест и есејско.
Радиологија и изгледаат дека се заебани, и претпоставував дека на усно ке рендаат...Не ги сакам како катедра воопшто.....
Иако имам завршено со таа катедра, биостатистика и епидемиологија, сепак гледам што прават сега и тотално нехумано е. Кога почна пандемијата, тие беа едни од најдобрите катедри, целосно излегоа во пресрет, ги мотивираа студентите, за потоа во испитна да испадне тотално обратно. Од што споделуваа студенти, гледав прашања по статистика и епидемиологија, не може да се најде одговор ниту во учебник.. А згора на се, не се одржувале предавања по епидемиологија во тек на пандемијата.. Сега со полагањето истите работи се повторуваат... Тажно и нефер спрема студентите... Со лесно и со среќа на сите што полагате!
Розалинда ја ставиле шеф и работата отиде во неповрат. Па не дава ни некои детални информации за полагањата. Како да доволен одговор е како лани што било ќе биде или ќе има само 30 прашања. Бог да чува.
Статистика и не е најтрагичното нешто од таа катедра, епидемиологија е бетер само да знаете. Статистика колоквиумот е со задачите и буквално истите се вртат, а усното барем ние кога полагавме зависи кај кој професор ќе си, но по 3-4 теми учевме ништо повеќе, барем кај Весна јас колку што се сеќавам супер поминав и дури даваа можност и по два пати во сесија или еднаш во предсесија и во сесија еднаш. Епидемиологија многу повеќе замараа плус и дека не е условен и речиси и да не им се појавуваа студенти во јунска сесија, гледајќи прво условните да ги исчистат. А и оваа Розалинда кај што ја ставиле одозгора стварно не знам, многу е биполарна женава, не се трудете да и најдете НЗС.
Нуклеарна е нешто слично со Биофизика, има и работи од Патофиза особено од практичен дел што се зборувани така да за овој предмет најубаво е да го поминеш еднаш до два пати материјалот и види комбинации што се имаат паѓано. Ние полагавме тоа и писмено, потоа и усно имаше, но не беше ништо страшно, сега прочитав дека е писмено само така да уште поубаво. За Радиологија имаше муабет со години од типот "И прасето ќе положи" зошто 200 години наназад се вртеа прашања и еве јас лично иако не е предмет за потценување, го положив со тие прашања, во јануарската сесија паднав зошто и сама не знам, за во јуни пак учев од нив и положив, зошто буквално се исти како оние од Вовед и Социјална, ги делат студентите на купови со положени и паднати. Никогаш не даваа увид. Е сега што прочитав овде усно дека има што да ти кажам не знам, освен да земеш да се водиш по презентациите или нешто српско-хрватска литература ако најдеш и по можност некој познат ако имаш да ти даде РТГ слики да можеш практично да учиш, зошто не верувам дека асално сте одржале барем 2 вежби по тој предмет, барем ние немавме таква среќа, сега и со вирусот и онлине сигурно не е поразлична ситуацијата.
Е да ама статистика сеа колоквиумите се онлајн и не се задачи туку некои прашања господ знае од каде извадени не можеше да се најдат ни во книга....
Дали на завршен испит прашуваат припои на мускули, инервации (за анатомија 1 зборувам) или само топографските регии? Искуства да кажат постарите колеги од полагања
Може да те подпрашаат. Не детално како на колоквиум, ама сепак можно е, мене ме праша функција, инервација на мускул..
Некој да каже за што повеќе испрашуваат на колоквиумот за череп , и дали ги бараат припои на мускули и крвни садови кои поминуваат ?
Јас полагав кај проф. Зафирова, и таа конкретно прашуваше повеќе блиц прашања, од тип каде се наоѓа canalis caroticus, proc. pterygoideus, латерален зид на орбита на пример, што се хоани и каде се наоѓаат да покажеш. Ми покажуваше делови на черепот и ме прашуваше што е тоа да кажам, припои колку што се сеќавам не ме праша никакви.. Cavum tympani (некој ѕид), прашања како на пример што минува низ foramen rotundum, ovale и spinosum. Професорката беше океј, си бара логично размислување, не сака бубано на памет, јас добро поминав. Учи визуелно, ако имаш можност на череп, и преку апликација.
Кажав и претходно, види страница две назад. Највеќе се прашува os temporale ситe ја прашуваат, понатаму os sphenoidale, os maxille, os palatinum. Краниофацијалнитe јами обавезно, cavum nasi, fossa pterygopalatina и fossa infratemporalis. Припоите на мускулите ако ги знаеш ќе ги кажеш, а за крвните садови чат пат прашуваат, зависи кој професор, најчешто што поминува низ foramen ovale, rotundum, fissura orbitalis superior, canalis facialis, foramen jugulare... Со среќа и лесно учење
Јас од книгата физиологија на одделни органски системи. Не слушнав да кажа професорката кои поглавја од Гајтон да се учат. Нека кажат постариве дали е дoволно од книга или сeпак мора и Гајтон.