Па според тоа што проф. Богданска сподели на teams прееска сфатив дека е online во форма на писмени тестови. Нели за презапишаните делот што вика што и да паднале ќе преполагаат во форма на писмени тестови онлајн со редовната генерација т.е ние.
Да, изгледа, јас така сфатив, нека ме поправат колеги ако грешам. Малку двосмислено е напишано тоа што го објавила професорката, да мозга човек дур сфати како ќе е.
Ако може некој од постарите колеги да ми каже како оди ова со пријавувањево на испити. 1. Дали треба сите испити да ги пријавам во Јануари или само оние што планирам да ги полагам. 2. Што ќе се случи пример ако пријавам предмет али не сум сигурен дали ќе научам за Јануари и ќе го полагам и не отидам на испит. Ако може некој да ме упати околу ова?
На ајноу можеш сите да ги пријавиш дури тоа е попаметно затоа што после секако праќаат списоци ова е само формалност а пример ако не го пријавиш а после се предомислиш треба да си плаќаш казна од 1000 денари за да го полагаш, јас секогаш сите ги пријавувам и после ако се предомислам не се пишувам на списокот и никому ништо...
Да не знае некој колку се плаќа поништување на испит од 2 кредити? Сакам да преполагам за повисока оценка, во iknow ми е внесена, ама во индекс не ми е.
Дали би можел да ми кажеш подетални информации за преполагањево? Особено каде во деканат да се обратам. Бидејќи добивам различни одговори на ова прашање. Има некоја уплатница нешто?? Фала ти однапред.
Бев сабајле да прашам, не можело да се поништи дека сум го полага лани и таа ми рече "Тебе девојче сега ти текна да поништуваш испити?"
Како тоа? Цимерот дипломираше лани, пред дипломирање преполагаше предмет шо го полагал во 4 година, а не беше задоволен со оцената. Ова некои нови правила си измислуваат или...? Најдобро обрати се до координаторите или студентскиот правобранител.
А што е тоа со преполагање? Лани ми беше гајле што оцени имам сега ми текнало сакам поголем просек. Која глупост во право се тие од служба, не може кога ќе ви текне.
Тоа што важи за тебе не мора да важи за другите, секој студент има право да преполага кога сака ако ти не сакаш некој сака да преполага предмет коа ке се растерети од услови и чуда, секој има свои приоритети