А шо е тука спорно колешке? Студентите како и сите останати во државава имаат некакви права шо треба да се испочитуваат. Кај триста перипетии има при полагање на испити, па сега не можело поништување на предмети од лани, ти се молам. Важно, распоредот за испитна колку да го има, промени до последен момент, временската рамка за истакнување на резултати никој не ја почитува ниту пак таа за увид, ама нашле на кој да се силат. Деканат еднаш нема излезено во пресрет на студентите.
Биохемија 1 полагаме писмено завршен како до сега онлајн, а за практично треба да одиме на факултет?Или? И да не имаат кажано до кога треба да се однесат готови практикумите?
Не е битно кој предмет, тоа само тебе те засега, ако сакаш и условен ќе поништиш, твое право. Проблемот е деканат и нивните правила, некои можат да поништат, некои не.
Не, се е онлајн биохемија, ништо не полагаме на факс по тој предмет. Инаку најверојатно после колоквиумска недела ќе ги бараат практикумите претпоставувам, се немаат конкретно изјаснето кога...
Не сум на Медицински, ама ме заинтересира ова со преполагање испити. Нема ли врска тоа што оцената ти е во индексот веќе внесена? Може да се поништи?
Секако дека може. Ако не си задоволен или ти фали за нешто просек. Се чудам зошто не им дале на членката. Секако си пријавуваш се регуларно во сесија и си полагаш. Нема на професорот некои посебни ритуали да прави.
Денес студентски не беа баш најрасположени, ми истекла картичката јсп отидов за потврда за редовен студент на шалтер ми рекоа: што ќе ти е во декември потврда, утре дојди. Што им е не знам, ама однесувањето на ништо не им личи ! Така што до колешката што сакала да поништи, пробај друг ден. И со среќа
Нивната логика сеуште никој ја нема откриено. Веројатно ни они самите па затоа се такви битно ме развлечкаа до факултет за ништо а од Бутел одев
Дечки кај е вратата кај што ќе читаат за влез за полагање во амфи 2? Знам дека амфитеатарот е кај институтите ама не знам кај читаат, првпат ќе полагам таму...
Значи коа ке одиш низ ходникот од биохемија накај деканат во тоа тесно ходниче карши библиотеката е амфи 2 ама не првата врата туку втората таму е влезот од каде влегуваат студентите и обично таму на врата професор стои и чита
Здраво, јас оваа година сум 4та и сакам да се запишам на медицински факултет поточно ме интересира за радиолошки техничар. Некој да ми објасни нешто повеќе за тоа?
Радиолошки технолози има многу малку на форумов , можеби ич. Јас ќе ти кажам одприлика што и како , значи на оваа насока главно се фокусираш на изучување радиолошка анатомија , снимање на секакви скршеници, рентген , ракување со акцелератор (машина за зрачење) при радиотерапија кај малигни болести. За овој смер треба да ти оди физика , да имаш некакви основи од средно општо од биологија и нормално да ја сакаш струката. За разлика од сестри/лаборанти овој смер имаат доста побогат курикулум со предмети и треба да се посветиш. Со завршување на овој смер можеш да работиш од обичен рентген па се до нуклеарна медицина , онкологија со радиотерапија и така. За актуелен не е нешто многу , нема многу заинтересираност за смеров затоа и најмалку примаат секоја година... Доколку не те влече физика , општа анатомија на човекот и такви работи смерот е дефинитивно лоша одлука бидејќи нема да ти биде интересно а и ќе го пројдеш ради реда. Со овој смер немаш многу избор за работа и работата ти е онака помонотона што е причина зошто малку студенти ја бираат оваа студиска програма. Јас сум запишан на новиот смер на тригодишните стручни студии за инженер по медицинско лабораториска дијагностика. Доколку се предомислиш околу одлуката за радиолошки технолог , од тригодишните моментално оваа е да не кажам најодлична струка. Кога ќе завршиш ќе имаш познавања од сите области на медицината и топло ти ја препорачувам.