На страна муабетиве знае некој дали 40 или 45 минути ќе е биостатистика полагањето? Пак нема никакви информации, а што се вика за 1 ден полагаме. Каква неодговорност од катедрите.
Објавиле линкот за тестот на teams, се надевам нема да направат некоја глупост во последна секунда. Ама никакви напатствија не дале, стварно се многу безврска.
Само со secret Santa најверојатно нешто убаво ќе добиеш. А овие можат најнепријатно да те изненадат во последна минута.
anatomija dali imate ideja na koj nacin se pravat spisocite , koj prof mozi da se padne vo odnos vo kolku se polaga
Според мене колоквиуми и испити по предмети како Физиологија,Патофизиологија,Анатомија,Патологија треба да се одвиваат со физичко присуство.Состојбава со пандемијата ќе биде сигурно овака и претстојните месеци,може да се организираат во помали групи со соодветните протоколи и да се изведе колоквиумот/испитот.Онлајн испадна многу сиромашно,оскудно полагањето со низа на проблеми,технички и секакви.
Целосно се согласувам, во мојата генерација имаше добра бројка на студенти кои гласавме за да биде во живо, ама ете повеќето гласаа за онлајн.
Анатомија 3 колоквиумите како ги пројдовте? Се испотресов, не знам ни зошто го одлагав за до 3та колоквиумска ама ај небитно, давајте искуства. Многу имам трема, а пренаучено ми е страв ми е да не се блокирам
Па не може само од поедини луѓе што сакале во живо да ви е во живо. Голем дел што ги знам вклучувајќи и јас сме за онлајн и мнозинството си одлучува.
Беше многу помалку страшно од што очекував. Не влечев прашања, професорката ме прашуваше рандом. Ме праша plexus cervicalis и гранки, инфрахиоидни мускули, инервација на m.sternocleidomastoideus, v. jugularis externa - создавање и вени притоки. За чудо не ме праша ниту еден кранијален нерв.
Лично не сум со 10ки ама фала богу сум положила се на време, и тие што се онлајн и тие во живо. А познавам деца со 10ки, најдобриот другар ми е со 10ки и ене го косата му се крева од онлајн полагање. И јас на почетокот не сакав полагање во живо бидејќи се плашев од тоа дека лошо ќе бидат организирани. Ама искрено се изненадив летоска од тоа колку добро се спроведоа испитите во живо. На факултет сум дошла за да научам нешто, а не за да поминам со лесно. Сакам да имам некоја тежина како професионалец. И 7 да добијам, заслужена нека ми е, не сакам 10.
За чудо вистина никој скоро не замараше многу со кранијални, дали заради тоа што јануари пак ги полагаме или знаат дека ги имаме добро научено, што знам.
Модератор: Сите оф топици се избришани, ве молам да се воздржите од карање и навреди. Доколку нешто е пропуштено да се избрише слободно пријавете. Ви благодарам на разбирањето
Колеги, некој што полагал Микро 1 завршен минатата сесија да сподели во врска со вежбите од практикум. Дали бараат многу особено за молекуларни и имунолошки методи?
Мислам дека покатастрофално нешто од онлајн полагање на Медф нема. На овој начин, повеќе се оценуваат способноста и снаодливоста да се препише и онака да се положи отколку што се оценува знаење. Па згора на тоа, заради таквите кои препишувајќи положуваат, на нас кои што сме принципиелни ни поставуваат нереални критериуми за положување, со кратење време и ставање ненормално долги прашања кои реално за тоа време не можеш да стигнеш сите да ги прочиташ, а не па и да размислиш и да одговориш. Сакајќи да се спречи манипулација, се добива контраефект од "брзи прсти" колоквиуми и идни доктори со страшни дупки во знаењето. Па уште и професорите горди дека повеќе од половина студенти положиле... А како да им кажеш дека огромен процент од тие решавале групно, што впрочем лесно се забележува по истиот број на поени и исто одговорени прашања... Секоја чест на тие малкуте чесни што најферски и сами си решаваат и УЧАТ. Жал ми е за идните пациенти на овие другиве, жал ми е за сите нас