Разговарав со една професорка за времетраењето на колоквиумот и целата горда ми вика: ,,Па душо како било кратко времето, скоро повеќе од половина студенти ми го пратија тестот 10 минути порано." Не знам и професорите сами како не се свесни за тоа што се случува.
Свесни се, само тука игра улога и нивниот залог. Колку и да звучи сурово, они покрај платата, џебот го полнат од презапишувачите. Ако на некој му е дојдено до поголема објективност, има да те свика во амфи/ институт па што сака нека биде (генетика, анатомија, биофизика јунска ). Не дека објективноста е којзнае каква ако е физички, не знаеме што се случува зад врата, ама тие што навистина научиле и се потрудиле ќе положат. И колку и да не сакаме да признаеме, кога учиме за физички полагање иако е постресно, повеќе се спремаме, онлајн некако сите поопуштени со учење ама со паники дур се полага
Мене како ме фати паника по биохемија кога гледав како си поминува времето, прстите ми се смрзнаа не можев да пишувам на тастатурата од стрес...
Ако коментаров беше саркастичен, ќе кажам само дека секој различно ги доживува полагањата, јас не знам пример физио кому не му би било стресно за 40 мин да си го изнесеш сето знаење онака како што сакаш, да не се тркаш со времето, не е стресно или само на тие што имаат некоја ургенција, или на тие што книга не пипнале
Не е саркастичен коментаров, навистина тоа ми се случи. Физиологија да не беа толку долги есејските таман ќе си беше времето. Ама онака ништо не правиме. И цело време некои проблеми се јавуваат. Еден колоквиум не е спроведен добро.
Таа катедра се гледа дека не сака студентите да извадат 9,10ки и таман 5 полагања и онака сите губиме 3 поени во просек таман максимумот да е 8ца
Физиологија како предмет мене воопшто не ми е тежок, само ако ги собереме колоквиумите и испитот заедно, доста обемен е. Е сега јас мислам дека повеќе проблемот е во самата катедра, на некој начин сакаат да се покажат строги, демек не се земаат лесно оценки таму. За сега ова е мое мислење, не знам какви биле додека се полагало регуларно минативе години.
Колку и да има некое препишување физички, сите знаеме дека е неспоредливо со препишувањето онлајн. Од таа причина, онлајн колоквиумите се далеку помалку објективни, поради препишувачите од една страна, и поради тие кои стварно научиле, а поради прекраткото време, не стигнале да решат од друга страна. Барем предметите како Физиологија, треба да се полагаат физички, нема смисла ова.
Не само тоа туку професорите кај знаат некои секогаш некои некогаш да се необјективни, некако со онлајнов како да го користат за изговор за послаби оцени и бодови да пишат
Денешните есејски прашања беа ОГРОМНИ, прашањето со хамбургерот и стекот, 10 минути ми отидоја во тоа едно прашање и што е најтрагично пак не ми е целосно одговорено
Без навреда до прва група, ама за есејски секогаш најопштите прашања им се паѓаат, ретко кој сум сретнала од прва група да каже дека е незадоволен или принципот не му се допаѓа. Ајде ова вчера со стековите и хамбургерите стварно беше предолго, а и не беше во ред со дополнителниот стрес за дополагањето на 2те есејски за кои дадоа само 10 минути.
За техничкиот проблем ми беше муабетот. Ај што не сакаа од катедра да им дозволат да си преполагаат со друга група, на крај им дадоа само есејски прашања да решаваат за смешно време. И после им текна можеби ќе преполагале во друг термин. Ете уште еден пример за неефикасно спроведено онлајн полагање.
Епа тоа е проблемот, даваат кратко време за тие што имаат спремно прашања да си ги ископираат. Вториот колоквиум минатиот пат не го положив за некој пола бод, немав време да пишувам километражни одговори и скратив многу, и на сите ми имаа одземено бод.Да бев паметна се да имам искуцано па да препишев, ама која е поентата во тој случај, значи повеќе да се оценува снаодливоста место тоа што лично ќе го напишам со објаснување како сум го разбрала?
Штета што е сега така, ама според мене, кога тогаш, истото ќе се одрази понатаму, кога ќе треба да полагаат патофиза, и ред други предмети, без основни познавања од физиологија.
Да само на катедрата да и текне, каква огромна штета прави, јас имам колешка девојчето над книга живее, ептен е посветена но споро куца а физиологија пее. И ете таквите ќе паднат, ниски бодови ќе извадат а тие што препишувале и порано за нив е супер полагањево, само copy paste
Онајн полагањево се сведе на тоа кој како ќе се снајде за да положи... еве на пример јас побрзо пишувам рачно него што куцам и не ми стига времето да ги одговарам убаво есејските и плус тие на заокружување башка
Тоа е прблемот оваа група на студенти ги диктира правилата.Тие ќе успеат се на време, ќе положат, а остатокот ќе брои секунди. Има студенти кои ретко користеле компјутер пред полагањава, па бавно пишуваат, а некои се пак брзи. Сега на ризик одиме или сите половични или едно-две добро, другите половично.
Дур спомнавте онлајн полагање.... огромнааа комедија. Наводно медицинска хемија на онлајн даваат 30 минути за 30 прашања каде треба и куцање , решавање и препознавање... Ај остај тоа решавав скоро се , и на крај резултатите оп паднат (прв пат паѓам испит). Излегуваат резултати , колеги што ги нема на предавања , што со прст не мрднале од октомври вадат прилично високи поени. Не викам дека не препишувам , секој што полагал онлајн се снашол за некое прашање негде нормално е а и малку време е... ама ја тоа што решавав беше од мое знаење 90%. После на увид ми читаат прашања демек празни сум ги оставил а да ме убиеш знам дека го напишав т.е го искуцав прашањето , како да им докажам? Демек технички проблем сум имал хахахаха... немам коментар просто невероватно. Факултетов е циркуз , не се знае кој пее кој игра. Колку се изопачија работите аууу се знае Анатомија , Физиологија , Патологија , Хемија/Биохемија и останатите базични науки на медицината се полагаат со физичко присуство. На шо личат овие онлајн тестови , буквално се ко тркало на среќата , еципеци пец знаење 0 , објективност 0 многу се изреволтирав вчера пошто по се изгледа јас сум будала да читам нешто иако е онлајн. Земи препишувај се и ајде сме завршиле работа... многу лошо.
Биостатистика видов резултати и многу подобро сте поминале на полагање од ние, браво, баш мило ми е за вас што ќе си имате повисоки оценки. Инаку професорката Розалинда и не е толку лоша, јас имам убаво искуство кај неа. Зависи каков и е денот, според колоквиумов изгледа денеска била расположена. Само со добро со неа, не ја нервирајте.