Welcome to Medf... што да ти речам друго... На првиот колоквиум физиологија имам одговорено исто прашањето за оска, јас 1 поен колешката 2, прашање есејско одговорено опширно раскажано на свој начин 0 поени, плагијат било...
Да ти кажам како непишано правило е дека кај тие што важат за професори од кои сите се плашат дека многу поубаво се поминува на полагања. Јас од "добрите" се плашам. Позитивно се изненадив и јас денеска искрено, а ретко позитивно ме изненадува некој професор на факултет. @Glowy сепак овојпат secret Santa ни донесе нешто убаво
Лесно е на завршниот испит биостатистика, не се грижете многу за тој предмет, голем дел од колегите си положуваат од прво полагање. Ви посакувам среќа и да си положите сите со деветки и десетки. Јас во ова се уверив кога кај професорката Зафирова положив со многу убава оцена анатомија 2 во септември, а спремна бев за паѓање дека нели важи за професорка кај која имаш 2% шанси да положиш и си бев спремна дека тогаш сигурно ќе си го паднам предметот. Можеби важат за строги зошто се реални и кај нив не палат толку многу ургенции, туку знаењето. Не слушајте многу за искуства за професори дека се лоши, некогаш навистина можеби и со нив многу подобро би си поминале, никогаш не се знае. Пример ви е денешново полагање.
Туку што се случи со тоа што имамеа само по една декада за испитиве? Има некој абер од катедриве или да не се надевам дека ќе има?
Ништо, веројатно е вака зошто е многу кратка сесијава со време, а и као не било законски да имало по 2 датуми за полагање по предметот, тоа само ако сакале они на нивна желба, а очигледно нејќат... Како и да ја местат пак ќе биде збиена. Највеќе хејтам јануарска, се е кнап.
Ејј па стварно е кнап вака, малце не е фер.Испадна не било законски, а јас колку што знам секаде има по 2, негде и 3 декади.
Кај немаме казнена единствено ние уште и ова ни го ускратија, да бираме дали во прв или во втор рок сакаме... Се повеќе ги мрзи да спроведат полагања така ми изгледа, ко ради реда е направен распоредот, демек еве некоја испитна ќе се организира...
Ова е многу добар аргумент и треба да се избориме, би те советувала да го предложиш директно на претседателот на ФСС. Секако ќе имаш огромна поддршка, зошто се работи за нашите права.
Новогодишно расположени беа, нека ги држи еуфоријава до сесија, на почеток се полага, уште се празници.
И во 5-та е исто, ако не се лажам во сите години е всушност истата ситуација со распоредот. Од пред 1-2 години, а можеби и повеќе, катедрите лека-полека почнаа да ги редуцираат можностите за полагање во испитна сесија, така да како шо гледам, сега скоро по сите предмети се полага во еден рок. Претседателката на ФСС, а и воопшто ФСС џам ќе свиткаат, вервајте ништо не им се можи на катедрите. На почетокот кога се јави овој проблем мака мачевме, молевме ама залудно. На катедрите ич не им е дојдено до организирање на испити, особено во две декади, гледаат да си ја завршат работата побрзо. Знаејќи ја "агилноста" на делегатите и останати господа во ФСС, ќе дипломираме сите од тука и пак нема работата да биди завршена.
Практикумот биохемија цел ми е исполепен со ливчиња у боја каде што почнуваат вежбите и скоро цел со маркери ми е испошкртан насекаде зашто вака ми е мене лесно да учам, не знаев дека ќе ги носиме баш вака до толку официјално... Ваљда нема да ми прават проблем ради ова при проверка на практикуми, битно им е само се да е решено нели?
Ако може некоја колешка да ми ја освежи меморијата за еден поим од анатомија 1, бидејќи учебникот не ми е при рака. Како се викаше триаголната вдлабнатина на коренот на палецот од дорзалната страна на дланката? Нешто поврзано со тутун беше, као порано овој дел го користеле за шмркање тутун, знам во учебникот имаше точен термин.