На општа за нуклеарна медицина одговорен е сега професор Венјамин Мајсторов, можеби и на три годишни студии е тој распрашај се кај колеги, сепак повеќето сме тука од општа и за 3г студии тешко да дознаеш точна информација.
Прашање до постарите колеги, од каде учевте за усниот испит по биостатистика, колку време го спремавте, дали бараат детали или лесно се поминува?
Kolegi, edno prasanje? Sin mi e zapisan vo prva godina,no zaradi opravdani pricini bese otsuten podolgo vreme. Sakam da prasam dali nekoj znae koj e uslov za upis na vtor semestar?
Услов за упис во втор семестар се потписи од сите предмети од прв семестар. А за да добие потпис треба да има присуствувано на 60% од предавањата, а на вежбите да нема повеќе изостаноци од дозволените. Така беше пред да се започне со онлајн предавања и вежби, а сега не знам колку водат евиденција. Мислам дека на сите ќе дадат потпис.
Имавме колешка лани што не доаѓаше подолго поради здравствени причини и не можеше да упише втор семестар бидејќи не доаѓаше на вежби и теорија месец и појше, немаше потписи по ништо и требаше да чека следна година, па гледам сега скроз друг факс некој запишала, не и се чекало за џабе... Најверојатно ќе треба да чека следна година пак и ќе се води како презапишан студент на сите предмети од 1 семестар, зошто тешко ако не бил присутен на вежби (ај теорија не гледаат толку) дека ќе му дадат потписи...
Јас имам слушано Еволуциска, само мислам дека услов за тој беше Хумана генетика да имаш положено ама не памтам одамна беше. Со семинарска се поминува иначе. Го имам слушано и оној Морфо-функционални карактеристики на сперматозоиди што е од Хисто, таму стандард имате сите 10. Научен труд имав земено исто од Имуно што е, и тоа исто лесно се поминува со некои работилници мислам беше и Дејан Трајков го држеше сега не знам како е со овој предмет дали фигурира уште. Во глобала кој и да земеш од овие три нема да згрешиш од лично искуство ти кажувам барем јас не погрешив. Е сега другите два беа од клиничките предмети, мислам уште немате право тие да ги бирате. Ние имавме 3+2 изборни, вие имате изгледа 4+3 нешто така, ова со плусот на претклинички и клинички мислам
Не е за овој семестар, само потписи. Кој професор е од 8 најчесто на полагања анатомија според табеливе?
Нашата во август кај што бевме е, исто од 8 нели беше, јас тогаш полагав, но уште пред да кажат тогаш знаев дека таа професорка е според тоа. Ајде сега ќе ја погодиш расположена, нема пак паѓање. Јас касно попладне полагам, се си мислам Аце ќе ми е сега, он испрашува до касно. Pray for me hahaha.
Проф. Живадиновиќ е секогаш од 8 часот имам приметено, исто мислам и Папазова ама не сум сигурна дали секогаш. Кај двете имам полагано и тоа во 8 часот.
Ама 2 има од 8 затоа ми е. Инаку да, се надевам ако ми е пак она дека сега подобро ќе поминам, сепак втора среќа. Ти пуштам среќа и на тебе, ќе ни треба. Одлично Фала женски помирно ќе спијам сега.
Проф. Живадиновиќ е скоро секогаш од 8, како што кажа колешката. Кај проф. Папазова сум полагала и порано, накај 8-9 часот, а сега полагав колоквиум кај неа во 1:30, така да, за неа не сум сигурна. Со среќа!
Иначе за изборните тоа 4+3 шо е, го прашав на меил одговорниот од студентски и рече не било битно колку биле клинички колку претклинички, ако сакаш и 7 ислушај од претклиничките битно на крај 7 да ти се... @Uniqo3 фала на предлозите ќе разгледам нешто од нив Право и јавно здравје некој случајно од тука да не има слушано прошли семестар или овој?
Колеги повелете Имунологија - Куби скратена верзија секако не ги има сите дела и доста е кратка ама да ве насочи е сосема доволна. Можеби и ќе послужи на некого Ви посакувам среќа
Па, психологија и физиологија на клетка делот се како втор колоквиум, но се сметаат за завршен испит. Сепак да, се се полага завршно во испитна... Освен сега биофизика како што знам можевте на колоквиум одеднаш да го положите.
Да. Најчесто пола материјал е на колоквиумите а остатокот на завршен.Анатомија е исклучок, се полага пак скоро истото од тоа што веќе си го положил на колоквиуми само по регии.Како и да е, нема ослободување од испити, ако тоа ти беше прашањето.
Малку бевте вие за полагање затоа сите беа рано и до 11 завршија, сега дека се многу мешано е, се полага до кај 17ч мислам...