Jас полагав анатомија 3 во втора колоквиумска, Аце испрашуваше и подоцна, после 1 часот, не беше исклучиво наутро.
Дали ова значи дека бројот на ислушани изборни не е клучен и услов за запишување на 4та година ? Зошто мене ми имаа кажано дека 3 изборни требало да се слушаат, за да можеш 4та да запишеш... Знам дека е рано но морам од сега да си планирам што ќе правам со изборните
Искрено не знам за ова. Но, лично мислам дека нема баш врска зошто до 5та треба да имаш 7, а пред тоа не е спомнато кога колку... Сепак многу е безврска ова со изборни, ништо не кажуваат како што треба, ништо не знаеме.
Нема врска бројот на изборни со условот за 4та. А колку што знам треба 7 до крај на 5та година не до крај на 6та (ако јас правилно сум разбрала ).
Ако може некој да сподели искуство за генетика од каде учевте тие што полагавте јуни и септември? Среќни празници!
И јас вака разбрав, едни едно збпруваат други друго, а господата од студентски не можеш да им се обратиш..
До крај на студии 7 изборни какви и да се клинички или претклинички. А за 4та нема услов со изборни, мал е условот со положени предмети уште изборни ни фалат.
Некој од прва. Значи од лани студирам ама биофизика ми беше останат и сега го полагав во колоквиумска со вас од прва што сте редовно запишани. Го положив и гледам сега еве ми стои оцена 8 ако добро гледам во табеливе на крај немам 0, туку 8 значи положив така? Дали значи дека готово, во испитна сега не треба да полагам ништо нели, завршив конечно со предметов ли? Уште од сабајле резултати имало ама ја на мјут teams сум го ставила и сега гледам. Ај израдувајте ме дека завршив со ова...
Слави, положена си сесре. Сигурно ова пошо зборев со другарки од прва што се вчера и они баш ми кажуваа дека годинава многу лесно сте поминале за разлика од нас што лани полагавме биофизика со есејски, со цртежи и све у амфи, па и одеднаш сте си завршиле со едно полагање, блазе си ви, да знаев и јас ќе го оставев (ок не, кој ќе се замараше уште со тоа сега).
Имало Господ. Лесен предмет е ама јас поради анатомија се некако го оставав. Да здивнам ми олесни што го завршив.
Учев од книгата по генетика, и да напоменам, учи го и воведот, бидејќи јас и од таму имав прашања. Првиот практикум обавезно, напорен е за учење, немаше премногу од него, ама имаше работи што ги нема во книга. Вториот практикум е 90% ист со учебникот, само нешто плус-минус има. Гледај добро да ги сфатиш лекциите за наследување, стеблата да ги црташ...
Девојки, како полесно и поефикасно да го совладам предметот Анатомија? Споделете искуство, совети, начини на учење...било што
Никако немој да учиш на памет, гледај слики, и многу полесно, и поефикасно ќе ти биде учењето, и подобро ќе го памтиш наученото. Учи секојдневно, бидејќи материјалот е обемен, лесно се насобира ако не го учиш редовно, и на колоквиум оди со барем 2-3 пати повторен материјал, со едно учење, тешко дека ќе поминеш.
Еве едно искуство од мене како подобро почнав да учам...За првиот колоквиум имав огромен проблем како да се справам со цел тој материјал и секако паднав, додека за до вториот колоквиум сфатив како би требало да учам и без проблем го положив. Прво, ги разграничувам основните работи, ако е коска: страни, рабови, краеви, па припои на мускули итн, за зглобовите зглобни површини, врските и основните движења, мускулите прво по групи, па почетен и краен припој па спојувам со нервите за инервација, додека за крвните садови и нервите по шеми и слики да пробам да го разберам патот и проекцијата. После од основните работи доучувам и поврзувам уште детали, за на крајот кога раскажувам да сум сигурен во основните работи, па да дополнам со уште како една целина. Учењето на памет не е воопшто корисно, а времето е ептен кратко...така да тоа што можеш да го разбереш по слика и шема научи го така, а останатите детали може по нешто и на памет
На https://www.kenhub.com/ има корисни квизови, а и слики на кои има да препознаеш одредени делови, а после да видиш дали точно си ги препознала, но, секако прво теоретски треба да го имаш поминато од книга
Јас лично не сум учела со флешкардс и квизови, ама добра идеја е тоа, зошто да не. Исто така, јас не учам со цртање, ама многу колеги учат така, и кажуваат дека им било многу полесно, можеш и така да пробаш. Зезнат предмет е анатомијата, ама кога е сфатиш како да ја учиш, верувам дека нема да имаш проблем. И да паднеш, ништо страшно, специфичен е предметот, следен пат ќе положиш. Прв колоквиум едвај научив, бидејќи не знаев како и што да учам, а втор го спремив предобро, така да, немај гајле, на сите ни било потешко на почеток.
Фати си врски. Спојлер: . JK не рипајте одма. Да знаев немаше да ја презапишам. Не се учи тоа чудо, жива глупост е, почни од книгата нафрлана, заврши со VAN NAV глупостите, кои само на памет се учат, нема тука разбирање, името е тоа и мора на памет и само се молиш среќа да те прати на полагање и надежно некогаш ќе успеат молитвите. Спојлер: . И пред некој да ме цитира со не се положува со молење и се учело со разбирање не на памет, не се секирајте, и нога и рака положив годинава, успева методот.