Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Одлична вест. Сите три ги положи? Браво, баш ми е драго. :inlove:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    :hug::d:
    Да, биднаа 3/3 положени колоквиуми конечно. :) Пиши и ти како ќе пројдеш. :sun:
    Се гледаме на 1ви на практичен. :*:(hollest)
     
    На petrova89, Yellow456, Uniqo3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Машки
    Кога ја пишуваат оценката во индекс за завршен предмет , хистологија завршивме со полагања и сега треба на 18.01 да одиме за потпис и да ги дадеме пријавите за испит (иако веќе завршивме) а оценката заедно со потписот ја пишуваат или пак понатаму се пишува?
     
  4. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Понатаму се пишува во рок од недела, две ги собираат сите индекси наеднаш и ги внесуваат во iknow, и во индекс
     
  5. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Постари колеги да дадат совети , како да се положи имуно ? Некои извори да црпам информации, за да ми се разјасни Кјуби некако многу ми е комплексна книгата и прилично нејасна
     
    На Larson и Lollipop_123 им се допаѓа ова.
  6. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Ѕирни ги и видеата на Алехимичари каналот на јутуб. Паралелно читај од книга па практикум и презентации и изгледај го видеото/ата за таа лекција. Јас така правевев и ми помогна до некаде.
     
  7. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу :l:
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Just a human

    Just a human Нов член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Дечки, сакам да знам како вам ви се допадна медицинскиот факултет во УКИМ.
    • Дали условите за настава се добри?
    • Дали професорите се добри во нивната работа?
    • Дали стекнавте доживотни пријатели оттаму?
    • Дали ви е тешко?

      Сум слушал пофалби за универзитетот, но сега сакам да видам како студентите кои студираат таму го гледаат истиот :)
     
  9. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Исто како на Оксфорд .
    Шала, на страна лична перспектива: 1) Услови за настава - средно жалосни, ајде амфитеатри има, предавањата варираат од професор до професор има некои чии предавања не ги ни слушам (70%) има некои каде што со мерак се пуштам на предавање.
    2) Пак ќе кажам од професор до професор, секој си ја прави работата - испрашува и предава. Кој колку добро ја врши, индивидуално е, се гледа дека некои си ја сакаат работата други , покрај професијата си имаат и бенефиции што си ги вадат од неа.
    3) Рано е да зборам за доживотни пријатели (најубаво да прашаш некој што веќе е доктор, ние студентите сеуште не знаеме што се доживотни пријатели останува само да се надеваме дека ќе има такви)
    4) Да тешко е. Нема некој што ќе ти каже дека е лесно, разликата е во тоа што има студенти што се заљубени во медицината и се спремни на се но и такви што , друг им го турка факултетот. Од особена восхит ми се тие што доживеале неправди и падови и се јаки карактери, се градат како личности и не се откажуваат покрај се, ете бидејќи е позитивна критика би ја издвоила @Dream-Girl како една од колешките на кои им се восхитувам.
     
    На Glossy-girl, Guns N` Roses, busybee и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    5.381
    Пол:
    Женски
    Немам некое „големо“ искуство, ама до сега можам да кажам дека: Професори има секакви, точно е тоа, има и некои кои се многу коректни и фер, други сосема спротивно. Наставата, до сега ми се допаѓа, секоја катедра за себе сепак, некои повеќе се залагаат, некои не се замараат, на тебе е дали ќе се потрудиш и ќе научиш. Секако, запознав пријатели, доста добри деца, и колегијални, и фер. Дека ми е претешко, или прелесно, не би рекла, некоја златна средина. Ако учиш со ред , нема да ти биде толку страшно и тешко, ама нормално, факулетот е таков што не дозволува „опуштање“, односно бара многу дисциплина и вложување. Нека не те плаши материјалот, интересен е, само треба сериозно седнување и учење, ако се организираш добро, ќе имаш време и за дружење, шетање... И да паднеш испит не е страшно, ќе го положиш следен пат, имаш повеќе шанси кои можеш да ги искористиш, не треба да те демотивира тоа. Не е толку страшен факултетот, особено ако го сакаш тоа што го учиш, ќе паднеш, ќе станеш, и ќе тераш понатаму. :)
     
    На Glossy-girl, busybee, Dream-Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    1. Не баш. Сам треба да си учиш скоро се. Не сум задоволна ниту од теорија (воопшто не ми задржуваат внимание предавањата, читање презентации се), ниту од вежбите (бар овие на институт ми се тотален промашај некако), се е џабе дур дома сам не седнеш ти да си научиш и разбереш.
    2. Па сега, искрено не ми е толку гајле за професорите, не знам тука што да ти одговарам. Се забораваат откако проаѓа предметот и испитот. Онака, има некои на кои секоја им чест, за посветеност, пристап и се тоа.
    3. Па, сега пријатели има, има многу луѓе што ќе ти помогнат и ќе те утешат и совет ќе ти дадат, запознав доста добри особи. Дали ќе се доживотни ќе видиме, за 15-20г ќе може ова да ти одговорам. :D
    4. Па, кога нешто е со труд лесно ли е, лесно ќе е ако туку така го проаѓаш според мене. Да беше лесно, немаше да е интересно, вака кога ќе се помачиш друго е. Мене ми е тешко, еве 3 дена бев со главоболка и од стрес не спиена за полагање али па кога тогаш ќе вреди трудот што е вложен. За испити и колоквиумски не е лесно, тогаш е турбо учење и полагање (мене тука ми е најстресно и најтешко). Други денови е лесно. :D Зависи до карактер, но сепак не може да очекуваш нешто лесно, сепак е факултет со обемни предмети, мора многу учење и посветеност.

    Најубаво сам ќе си го доживееш факултетот, индивидуално искуство е. Зависи и среќа и многу фактори што се уклопуваат кај секого посебно. Многу луѓе, многу приказни ќе слушнеш, но твојата пак од сите ќе е по нешто поразлична. :)

    @xnotyourbabex аа ме изненади :hug::hug:
    Па, мислам дека и не вреди заради една катедра/еден предмет да се откажеш од се. Иначе не сум толку јак карактер, последно време со плачки го спремав материјалот по 100ти пат, на крај бев со живци веќе :$, но свесна сум дека е минливо и на подолгорочен план поисплатливо ми се гледа да се борам па дали е од 2ра или 4та сесија положено мање битно, него да се откажам.
    Затоа е битно да се има љубов мислам кон тоа што го правиме и крајната цел да ни е важна толку што патот до неа колку и да е тежок, да успееме да го изодиме. Ете и ко совет до може идната колешката што праша дали е тешко. И да е тешко, кога го сакаш нештото, занемаруваш тоа.
    :hug::hug::hug:
     
    На Glossy-girl, Waverly Raven, petrova89 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Ми измина време за редактирање. :tmi:

    Дали беше некој у амфи за проверка на практикуми биохемија? Како ве испрашуваа, општо како беше да споделите искуство?
     
  13. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    1) Условите за настава "шта да кажем шта да слажем". Завршив во 2019, не многу одамна, што се однесува до амфитеатрите стари и нереновирани, особено оној на Интерна или оние на институтите што се( се надевам дека се реновирани). Така што како за еден факултет на државно ниво при УКИМ прво би кажала дека колку и да е организирана наставата мора барем малку да се поведе ред на амфитеатрите, зошто навистина е да се плашиш да не ти падне некоја греда врз глава. Во однос на предавања-вежби имало вежби повеќето од клинички предмети,но и од претклинички кои биле интересни и од кои и ден денес имам бенефити, има и такви досадни ко Хигиена или Биохемија(повеќето), што буквално одиш на вежби и ти даваат да прочиташ пасус и да го презентираш пред колегите што е non sense искрено. Генерално не се баш најдобри, индивидуално е но може и далеку подобри да бидат.
    2) За професорите бидејќи се мал милион е индивидуално. Секој различно има што би можел да сподели. Има и такви кои предаваат колку да се рече дека предаваат, има и такви кои со љубов го прават тоа. За испити и испрашувања исто милиони фактори се во игра, зависи и од тебе и твоето знаење, од начинот на пристап на професорот и неговите барања, среќата, се буквално. За жал и "врските" кај многумина.
    3) Не многу но 4-5 пријатели со кои се уште се дружиме и контактираме , да. Навистина има колеги со кои можеш да соработуваш и кои ќе бидат тука да то помогнат и секако и ти да им возвратиш. Има и такви себични, кои едноставно не сакаат да соработуваат или да се дружат, има и завидливи кои нема да знаат да ти кажат фала или браво за ништо што си постигнал, но таквите бргу се откриваат во првите години уште.
    4) Беше тешко, но беше навистина интересно. Кафињата во Rande, Academy, Public, па и некоја салатка со ракија у Хипократ(после факс де се разбира), до медицинските у Нола и Лофт, до непреспиените ноќи пред полагања Имуно, Патологија, и ред други работи, до славење за фатени услови со денови. Сеа да не испаднам некоја пијаница со ова да не си речете што и е на оваа, туку поентата ми е да ви кажам дека е тешко, но истовремено интересно само доколку вие и колегите во вашиот близок круг знаете да си го направите да ви биде. Ми фалат 6те поминати години, на почеток може ве боли глава и ви е смачено, но веќе со текот на годините ќе стекнете поинаква слика и после дипломирање, ќе посакате барем на 5 минути да се вратите во амфи со 10 картички во вас да искуцате колеги. За жал со ситуацијава сеа ни тоа го нема.
    Тоа е моево видување отприлика резимирано во кратки црти бидејќи има многу да се зборува.
     
    На ParadisePink, Glossy-girl, Dream-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Машки
    Освен видеата од алхемичари имаш доста видеа на англиски на јутуб и пократко објаснето доволно колку да те насочи , јас моментално учам Имуно и прво разгледувам во Куби , барам на нет видеа , гледам слики и дури потоа читам во Куби. И табелите што се во Куби обавезно проаѓај ги пошто многу прашања ги давале од таму , пр разлика вроден/стекнат имунитет , за КД молекулите исто така.
     
    На xnotyourbabex му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zahirr

    Zahirr Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    3.656
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажаа дека прашувале општи работи од типот што е електрофореза, за што служи, што се јаглехидрати, поделба, што се протеини. Ништо страшно и да не знаеш, на сите давале потписи. Асс. Ампова најмногу прашувала (таа била од 12:30), за асс. Трајанов (од 11:00) кажаа прашувал па кој знаел одговарал другите ќутеле :rofl:
    Така да ништо страшно, џабе ни извадија памет.
     
    На ElenaOfRivendell и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  16. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Некој да каже дали има многу за учење биостатистика, од каде се спрема испитот и колку време треба?
     
  17. Just a human

    Just a human Нов член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Имаше една изрека:
    „Ако Вашите соништа не Ве плашат, тогаш не се доволно големи.“

    Благодарам на сите за одговорите! :)
     
    На Glossy-girl, busybee, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    8.361
    Ампова е асистент? На специјализација или како шо си беше демонстратор на вежби само?
     
  19. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Не пишав update, положив и јас. :whew:
    Искрено едвај, заглавив на една краниофацијална јама, си викам паѓам, но професорката ми рече и така си презапишана и барем си доаѓаш редовно на полагања, пола презапишани не ни доаѓаат, па еве ти минимум, за практичен спреми се повеќе. Некогаш е стварно и среќа, не е само за знаење да имаш. Малце криво ми е, лани 3 колоквиум 20 бода имав, сега 15, но што е тоа е, битно е положено. :emo:

    Добра беше организацијата анатомија годинава, навистина не се поклопија полагања и со термините супер испадна, лани беше многу кнап со време. Мислев како презапишани ќе не третираат ко да сме некое дно, но некако одлично се искомбинира и преку координатори пред време не известуваа за се, многу ме изненадија.
    Без писмените тестови анатомија е каде каде полесно. Барем мое лично видување во споредба со лани. Ќе видиме сега практично како ќе е, јас на тој леш баш и не се снаоѓам, но колку за 6 ќе биде сигурно.
    Ајде нека сподели некој видеа и совети за лешеви, како да спремам региите подобро визуелно, како да се снајдам на лешот?
     
    На busybee, Lollipop_123, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    16.579
    Пол:
    Женски
    Кој е тој што го фали факултетов жити се. Факултет што со генерации поминато немаат салам направено тоалети за студенти и тие што ги направија се заклучени што може да очекуваш понатаму.
     
    На Zahirr, Glossy-girl, Uniqo3 и 6 други им се допаѓа ова.