Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски


    Разглеј го овој канал на јт, кратки и јасни видеа има и покажува главни работи на леш. Мене ми се убави видеата. :)
    И честитки и до тебе, чим сега ни пиша, си славела изгледа цела вечер:rofl::rofl:.:party::hug:
     
    На nyny и petrova89 им се допаѓа ова.
  2. Mark123

    Mark123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2017
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Машки
    Некој/а со искуство за Анатомија 3 како поминале за колоквиумот кај професорката Јулија? , или пак и кај другите професорки ако можете да потенцирате кои крвните садови, нерви испрашуваат.
     
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.755
    Пол:
    Женски
    Не е демонстратор, а за асистент не знам дали има назив, но е на институт и одговорна е за вежбите по хемија и биохемија.

    Не кај проф Јулија конкретно, но прашуваат група мускули, зависи некој бара припои, но инервација и функција скоро сите бараат. Фасција поголемиот дел прашуваат. Една артерија, обрни внимание и на subclavia со гранките. Вена или венски синуси, дали настанување или доводни одводни гранки. Нерви не замараат многу, влакна, гранки, инервација, ганглионите со корените и обавезно нешто од plexus cervicalis или автономен систем.
     
    На Mark123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anxxxxiety

    anxxxxiety Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Дали на проверка на практикумите биохемија прашуваат за принципите од вежбите или само основното?
     
  5. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа дека Ампова не прашувала принципи, ама 2-3 прашања по студент .
     
    На anxxxxiety и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  6. anxxxxiety

    anxxxxiety Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Фала тии
     
  7. Moon.Girl

    Moon.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    156
    Во четврток полагам колоквиум анатомија 3. Инаку го имам презапишано предметот и многу веќе ми е преку глава од оваа катедра, мислам животот ми го скратија.
    Добро ми дојде што прочитав страница поназад дека колешки што презапишале анатомија сепак успеале да положат годинава, малку полесно ми е сега, значи има надеж. Истото се плашам и јас како што пишала мислам @petrova89, дека како презапишана ќе ме гледаат како некоја глупава и со години ќе се влечкам со тој предмет. Многу колеги со години презапишуваат кај нив, невидена паника ме убива деновиве, дека и јас така ќе бидам, знам психата е ужасна работа... Се надевам ќе си положам и јас како и вие.

    Среќна испитна на сите други. Да си положите што и да полагате.
     
    На Zahirr му/ѝ се допаѓа ова.
  8. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Искрено, лично искуство , не сум презапишувач моментално слушам Анатомија 3, но не можам да се пофалам со прекрасни искуства од таа катедра. Исто како тебе, така и јас, можеби не сум презапишала ама мене сите нервози, плачења, ми се поврзани за таа катедра. Од сите други катедри сум добила објективна оценка колку што сум учела толку и ми пишале, оценките анатомија и положувањето секогаш кај мене мора да е на потешкиот начин. Се мачев и со Анатомија 1, испопаѓав колоквиуми па ги преполагав ајде среќа ја расчистив, се мачев и со Анатомија 2 исто така на 2 пати ја полагав. Таман мислев дека сум спремна и дека навистина сум научила двојката, бидејќи беше лесна, се наоѓаат некакви си прашања што ги нема во книга, што на некој начин ме обесхрабрија. Анатомија 3 паднав колоквиумот, ете малце и кај строг професор, малце и трема и се случи. Затоа можам да ти кажам дека те разбирам и би те советувала да не се плашиш, да не си ставаш притисок и да не се кочиш. Кажи си сама на себе, знам, можам, ќе положам, наполни се позитива колку и да е лоша сиутацијата. Знам дека е тешко после низа негативни искуства да се размислува позитивно, но на нашиот факултет за да напредуваш мора да се спротиставиш на падовите. Мислам дека ти е од помош ова, со среќа и ти посакувам без проблем да положиш :l:
     
    На Zahirr, Glossy-girl, Yellow456 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Не, не мисли така зошто нема врска. Дури да ти кажам годинава и многу поубаво си поминав, него кога редовно го слушав и полагав. Мислам дека не ни очекуваат да знаеш се кога си презапишал, плус може ради болест не си дошла на испитот летото и слично или од трема си се збунила нешто, па си паднала, не дека си "глупава".
    Јас на прв колоквиум кога полагав оваа година како презапишана, дури си добив комплимент колку добро сум го разбрала материјалот и сум знаела, чудно како летото не сум положила, како за презапишана не очекувала професорката дека толку детали ќе раскажам, ми вика сигурно си имала трема нешто и си се збунила тогаш, па затоа си паднала претходно, вака се гледа дека ти е учено и разбрано. Значи сакам да ти кажам свесни се дека чим ти е презапишан нема да знаеш од а до ш се и не очекуваат премногу од тебе.
    Јас годинава запознав многу презапишани колеги, бидејќи заедно полагаме и нели споделуваме искуства како било и голем дел од тие што го презапишале со години е зошто не оделе на полагање и пак не одат, не дека 3 години 9 сесии ги паѓаат упорно, туку едноставно не ни пробале да полагаат. Ако си одиш на секое полагање и да не положиш сесијава, летово ќе положиш. Биди си ти упорна, оди на полагања цело време, еднаш ќе биде сигурно. :)
    Јас многу шанси пропуштив за полагање претходната година поради писмениот елиминациски тест и на усно не стигнував и тука изгубив многу, а вака сега кога сите сме на усно и нема никакви елиминации, верувај дека имаш големи шанси да положиш.
    А и крај краева навистина е тежок и обемен предмет, воопшто не е лесно, не се нервирај ни стресирај. Само биди упорна. :l: Ајде да ни пишеш во четврток дека си положила, ти пуштам среќа.
     
    На Zahirr, Glossy-girl, Lollipop_123 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Moon.Girl

    Moon.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    156
    Исто. Имам пишано претходно, во септември тек ги положив анатомија 1 и 2, последен воз фатив. За жал со анатомија 3 не успеав.
    Многу сум демотивирана, од страв дека анатомија пак ќе ми остане за последна сесија, ги имав оставено и другите услови и се на неа и се посветував. Најголема грешка, ми остана се и биохемија, физиологија, анатомија.
    Целосно сум излезена од колосек, немам ниту енергија, ни желба за полагања како порано, изгубив контакти и со колеги, целосно се изгубив некако. Мислев да не одам во четврток да полагам ама се премислив, во право е колешката над мене, мора секоја шанса да ја искористам, можеби ќе ме пуштат конечно.
    Фала што одвоивте време за мене. :hug:
     
    На Zahirr, Glossy-girl и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Обавезно да си отишла! Што вика еден колега другар кога и ја паничам и се мислам should I stay or should I go, цело време да им идеш таму да им полагаш, да им здосадиш, да си речат аман да ја положиме веќе, да не ја гледаме цело време тука на институтов, досадна е веќе. :D:D:D
     
    На Glossy-girl и Moon.Girl им се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.755
    Пол:
    Женски
    Генерално се фини со презапишувачи во смисла малку потолерантни што од една страна е добро, но од друга некако факултетов кон презапишувачите гледа како да се нешто пониско од другите или може само јас имам таков впечаток, особено кон тие што се повеќе години во опстојување и демек нив доволно им е минимум да поминат.
    А најбитно како што пиша Дрим е да одиш на полагање, не само за анатомија, за секој предмет не испуштај прилика. Знам колеги што учат и од страв да полагаат, не се појавуваа и заглавија. И сега дел од тие што имаат презапишано анатомија 1, повторно не се појавуваат. Не губите шанси за џабе, после се насобира материјал потешко е. Мој совет и сега на колоквиум и на 5ти на испит. И да падниш подобро пробај, може ќе ти се погоди професор, макар и да не се погоди, помалку ни влијаат паѓањата сега.
     
    На Zahirr, Glossy-girl, Moon.Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Абе љубов сте , колку знаете да охрабрите тоа чудо :l::l:
     
    На Zahirr, Yellow456, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Moon.Girl

    Moon.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    156
    Во право си сосема, токму така е. Не само од професори, туку и колеги некако бегаат кога ќе слушнат или дознаат дека си презапишан, како сосем друг третман добивам или со сожалување ме прашуваат што сум направила со предметите што ми останале и туфкање, ццкање и погледи и муабет греотка си колку време го учиш тоа. Затоа и сум демотивирана и вака тука полесно ми е кога ете читам презапишани со позитивни искуства, зошто во последно време не се дружам со никого и никој не е заинтересиран за тоа што полагам анатомија 3, си зборат за патологија, клиничко, а јас како изгубен германец, се оддалечив од се на факултетот. Нормално, не очекувам да ги замарам јас, но некако како вишок да сум секаде. Знам дека забегав од темата и се извинувам што во ова време ве вознемирив и што напишавте нешто, многу ми значи, се чувстувам разбрана. Мислев дека нешто не е во ред со мене што вака се чувствувам, благодарам што ме охрабривте, ќе одам во четврток и ќе се обидам да го покажам знаењето.
    :hug:
     
    На Zahirr, Glowy и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    16.579
    Пол:
    Женски
    Мила потполно те разбирам и јас сум тој паталец. Дефинитивно тие што сме презапишале година не сметаат за помалку интелегентни, но тоа воопшто не е така, имај самодоверба. Немој да пропушташ плагање поради страв од испитт НЕМОЈ. Тоа е мојата голема грешка, што сега кога би била на почеток на студиите не би ја правела никогаш. Стресот само по себе си го прави своето, сум поминала низ ова и можам да те разберам како се чувствуваш, но и да не положиш не е ништо страшно, тоа е само испит и да паднеш година, две не е поважно од тебе и од твоето ментално и физичко здравје. Чувајте си го здравјто и не се уништувајте заради испит, стресот после си го зема данокот.
     
    На Zahirr, Moon.Girl и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Тргнав во лп да ти напишам, но сепак решив да е тука зошто можеби и некој чита од страна што се осеќа исто, а му е срам да напише. И зошто ни се извинуваш, си не вознемирила како не, пиши си слободно ич да не ти е срам.
    Најпрво, зошто не се обратиш до советувалиштето за студенти по медицина? Или ако не сакаш таму, можеби некое стручно лице за муабет. Ако ни тоа не сакаш, слободно мене да ми пишеш во лп, во било кое време ќе те ислушам. Верувам и на другите колешки да им пишеш, сите ќе те ислушаат и советуваат, ќе ти бидат поддршка.
    Анатомија 3 верувај кога тогаш ќе положиш, кога ќе положиш, да си прославиш за положувањето, а воедно и да прославиш што си го видела вистинското лице за тоа што досегашните колеги со кои си се дружела, зошто во твоите тешки денови не биле со тебе, не ти биле поддршка и ти покажале од кого треба да се ослободиш во животот. Колку што има добри колеги и пријатели на факултет, толку има и такви себични и токсични. Многу луѓе, многу различни карактери.
    Во ред е да се осеќаш како што се осеќаш и не си сама да знаеш. Едноставно таков е факсов, ова со условите првите 3 години не убива, воопшто не е лесно, постојано притисок и стрес од секаде, од сите страни.
    Ќе ти пишам уште нешто во лп да знаеш, почекај само малку, да не должам тука. :)
     
    На Zahirr, Moon.Girl и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.790
    Допаѓања:
    16.579
    Пол:
    Женски
    Верувај дека не си единстената која поминала низ ова, многу студенти околу тебе моментално минуваат низ истото, не си единствената која паднала година и кога што го доживува ова што ти го дожувуваш моментално. Сега додека го читав ова што си го напишала се присетив на времето кога јас минував низ истото и чувството е многу гадно знам. Како ти да стоиш во времето, како да си безвреден, глупав а сите други се подобри од тебе, те гледаат со презир што си паднал година, како тие да се совршени, но може ти ќе дипломираш пред нив, кој тоа знае. Ќе запознаеш колеги кои минуваат низ истото како и ти, колеги од кои ќе бидеш разбрана и кои ќе ти бидат поддршка. Сосема е во ред што вака се чувствуваш и е нормално, но имај верба во себе дека еден ден ќе успееш.
     
    На Moon.Girl и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. moonlight.love

    moonlight.love Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    17
    Колеги здраво:hai: дали можеби знаете некој од Скопје или други градови што изнајмува коски, череп поточно?
    Ве замолувам ако има некој инфо да ми пише :l:
     
  19. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Сега во пандемија, не знам кој би знаел зошто такви огласи се истакнуваа во холот на институти, доколку си во Скопје мислам дека многу често можеш да отидеш на институт, да ги изнајмиш и да си вежбаш.
     
  20. lels1

    lels1 Нов член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    здраво :inlove:сакам да прашам за физиологија 1, дали доколку пример го положиме колоквиумот за метаболизам (што е технички писмениот дел од испитот) а притoа ни остане неположен некој од колоквиумите, дали во јуни ќе мора одново да се полага метаболизам или пак ќе си важи како положен, без разлика на останатите колоквиуми дали се положени.
    фала ви
     
    Последна измена: 13 јануари 2021