Јас би пробала и 2ката искрено, нема што да изгубиш можеш да добиеш само. Учи ден и ноќ и ќе стигнеш. Може ќе ти се погоди и кај добра професорка да полагаш. Освен ако немаш друг услов за бркање сесијава.
Ако ти е учено, зошто да не пробаш, не е тешка двојката, не можеш да изгубиш ништо, искористи си ја шансата.
Не губиме ништо и да паднеме сега анатомија 2ка (освен пари де ) така да ја мислам да си пробаш среќа/шанса. Ја ќе ја полагам, дај боже да пројдам практичен анатомија 1 прво секако, па и анатомија 2 ќе полагам, што сака нека биде.
Полагај, може и ќе положиш, па ќе си заштедиш ем пари, ем ќе си anatomy free до октомври (ова најголема мотивација). А и да паднеш ништо страшно, ќе си ја положиш постепено на колоквиуми. Верувам дека имате учено и ти и Дрим, затоа ве охрабрувам двете да се појавите и следно полагање анатомија да ви биде следен семестар со тројка.
За полагањево испити , иако не сум на ОМ ви препорачувам да одите секогаш. Кај нас на хистологија , анатомија колеги што учеа а од страв дека не доучиле или дека нема да достигнат не дојдоа и ете сега се каат пошто супер пројдовме. Иако ОМ е друга приказна сепак може ќе имате и малку среќа и добро расположен проф. а и секако нема што да се изгуби и да се падне бар ќе знаеш "каде ти се дупките и следен пат ќе ги пополниш". Пробајте си ја среќата макар и да паднете нема да е за џабе a макар и да биде со интензивно учење на крај ќе се исплати
Пробај си среќа, нема што да изгубиш. Кога најмалце се надеваш работите добро завршуваат Со среќа и за кецот и за двојката
Zdravo decki ) aj ako moze sovet nekoj za anatomija 1 prakticen na sto da obrnam vnimanie povekje? Dali prasuvaat pripoi na muskuli, granki zavrsni na nerven splet vo detali? Ili samo opsto za regiite? Nekoi prasanja na koi sto se sekjavate itn fala vi ♡♡♡
Читав наназад страни, дека ако паднете година се осеќате тажно, потценето, неубав третман од колеги, професори и ме враќате на времето... И јас имам изгубено две години на имунологија само. Ете не знам што беше проблемот, дали се изгубив тогаш, дали не знаев како да научам, склоп на околности во тој период и бидна што бидна. Само едно сакам да знаете, никогаш да не се потценувате себе(доколку на крај стварно со знаење положите, секако) не сум дозволила ниту професор, ниту колега да ме потцени. Јас си знам дека ако имуно сум се мачела 10пати, не значи дека сум глупава, понеинтелигентна од останатите и сл. .... 80%од колегите знаеме се со врски, така да секогаш знајте си го местото, своите вредности(реални секако) и бидете со самодоверба(која не трба да прерасне во ароганција). Моментално ете спремам за полагање лиценца и пак ми се мотаат мислите, ех ќе завршев порано, каснам, колку време помина и сл. ... Ама во смисла дека сега би скаала надвор од факсот да имам други обврски завршено ама тоа е што е, секој во своето време. Со среќа на сите во сесијата Само храбро, истрајно, учење и по чил
Ај некој што има полагано завршен усно статистика да ни пише. @Waverly Raven maybe? Ни пратија едни испитни прашања, дали само нив ако ги спремаме се положува? Онака лабаво го пријавив да го полагам, не дека нешто многу му се замарам на предметов ама секој совет е добредојден, може па и ќе се положи и тоа сесијава, надежта последна умира...
Здраво, дали знае некој како оди процесот за отпишување од факултет, дали може да се отпишам на сред испитна сесија??
Некој случајно да не знае кога се плаќа втората рата од летниот семестар , сега крај на јануари или како ? И дали се плаќа и ИКСА и тие др. глупости или?
Знаеш како оди процесот? Мислам дека се пополнува молба но незнам каде да ја најдам, и на која сметка се уплаќа 1000 денари за отпишување
Можеш кога сакаш, кога бев за потврда во ноември едно девојче пред мене се отпишуваше, значи може кога ти сакаш. Ваљда иде со молба и нешто да платиш за да си земеш документи или у мирување да го ставиш факсот... Најдобро е да прашаш или на меил на одговорниот за студентски или директ таму да ги замараш и да ти објаснат.