Ако одам таму ке треба цел ден да чекам и пак нема ништо да направам. Ако знаете маил пиши ми го да ги прашам бидејќи на тој што е ставен на страната не враќаат
Ако добро се сеќавам да, имаше мислам некои испитни прашања. Учев неколку дена турбо, поради тоа шо имав и други поважни предмети, а ја имав цела среќа да се паднам кај океј професор, кај д-р Таушанова и искрено супер, најсупер поминав. Ме праша само 2-3 прашања од тие испитните, обавезно едно прашање беше од таа темата за демографска статистика или можеби поразлично се викаше, ама знам последна или претпоследна беше. За другите професори не би коментирал многу, пред се поради тоа шо останатите колеги не беа задоволни од полгањeтo и оцените, осoбено кај Розалинда.
Дали имате информација дали семестар може да се плаќа на рати и како оди сето тоа? Пратив мејл на факултет ама уште немаат вратено...
Искрено за таа опција слушнав пред неколку месеци но, од другар шо студира на друг факултет, тој е во приватна квота. Доколку не ти вратат на мејл, најдобро оди лично распрашај се, за многу работи не кажуваат.
Може да, само треба да напишеш молба дека сакаш да платиш за семестар на две рати. Мислам дека само две рати се можни, ако грешам нека ме поправи некој.
Не го запишувај. Бегајте од изборни на физиологија, колеги многу се жалеа. Со полагање мислам беа и тоа баш овој што го пиша. Инаку јас положив колоквиум анатомија 3. Благодарам уште еднаш за поддршката таа вечер, навистина ми значеше.
Дечки дали може да се запише морфологија на сперматозоиди во 2ра год 4т семестар, или да речеме некој друг изборен од предходните семестри?
Можеш, нема врска тоа. Веќе неколку дена може, сите изборни скоро се пополнија, ништо слободно нема...