А, за комуникации да не има некој инфо? Не ни кажаа уште ништо, може ли да се иде на катедра да си се земат оцени ко психологија што беше? Има некој слушано претходна година, да каже како било?
Изгледа има опција одма чим се отвори пријавувањето испити да се запише и следниот семестар Одма штом објави координаторов за изборниот од проф.Фимка успеав да го запишам во ајноу. За предметите од анатомија бројката била somehow пополнета уште од минатата недела, за комуникации исто...
Минатата година ѝ пишаа на секретарката за кога да одиме и ни одреди датуми, а иначе само даваш пријава и одма ја пишува она оценката во индекс. Ако немате уште известување пишете и
Дечки, јас успеав пред некој ден комуникации да пријавам на iknow, дали треба дополнително на катедра да се пријавам некако или не?
Не, ништо не треба друго да правиш. Ќе ви стигне mail некаде на пола од семестарот на сите што сте го пријавиле во iknow, ќе ви кажат код за teams и кога ќе имате предавање (само тоа едно е). И на предавањето тема за есеј и семинарска и толку, после ни трага ни глас од нив. Прелабаво предметче.
Дечки, дали за испитот биостатистика е доволно да се научат испитните прашања од документот, или ќе учите поопширно и од книга?
Welcome to Медицински факултет УКИМ Нема што да те фаќа страв, така функционира факултетов и тука споделуваме секакви инфо, мислења за проф итн.. Не е воопшто лесен факултет напротив многу напорен и бара челични нерви поготово ако планираш да се запишеш на општа медицина додека на тригодишните е полесно нормално но и тука има за учење.
Тоа е што го читаш, не е розево, ама не е ни најкатастрофа, ова е реалноста. Со ова ќе се соочуваш за жал, некогаш дури потешко е психичкото опстојување на факултетот отколку самото учење и полагање испити. Но и тоа не е страшно се адаптираш. Нема од што да ти е страв, ако сакаш да студираш медицина, имаш желба за тоа, запиши се, темава нека не те демотивира. Немој само заради ова што го читаш да не се запишеш, зашто ова го има на секој државен факултет, каде повеќе каде помалку. Сепак на крај се се сведува на индивидуално искуство.
Како што кажаа членките, тука за проблемите разговараме само, а има и многу позитивни работи што се дешаваат на факултетов, не плаши се. Јас кога се мислев дали да одам на медицински сите што ги познавав на тој факултет ми велеа дека не било тешко колку што замислувам, туку 100 пати потешко. Па после, слушав муабети дека ретко кој фаќал услови за да запише година, без врски не се полагало. Живи луѓе јаделе таму, не знам што. Ама еве ме, супер си терам, не ми е нешто претешко. Нормално вложувам многу труд, без тоа не може. Ама ми останува време и за други работи. Не е се толку црно. А и на крајот на краиштата, освен да учиме и немаме други така посериозни обврски, така да се си е на свое место, се си е на време.
Дечки , за медицина Скопје, вие што сте различни години сега со колку бодови влеговте и од колку се шансите? Знам дека е до конкуренцијата но ете нека не се смета лани бидејќи немаше матура, има некој што влегол со некоја четворка во некој од годините во средно ?
Јас сум сега втора година. Влегов со 96,400 и нешто во државна квота меѓу последните 20тина во државна. Последниот примен во проватна мислам дека беше со 91 поен.