Јас влегов со 99.3 пред две години, имав само една 4ка од успех, и една од екстерно, последниот беше со 91 мислам. Инаку искуство со проф. Бети Зафирова, биостатистика?
Весна Велиќ до пред некое време беше шеф на катедра и си бара солидно знаење, важно и е да го имаш сфатено материјалот(иако е досадно биостатистика) но, пред се е доста коректна и нема збеснување и изводење од типот како некои други професорки. Така да ако имаш учено нема шо да се плашиш. За подетелно не би можел да ти кажам бидејќи биостатистика не полагав кај неа. За Розалинда не би коментирал многу, еве нека кажи некоја колешка ако има полагано кај неа, бидејќи тоа шо го знам за неа не е позитивно. Мислам дека супер е професорката, има многу разбирање, барем вака од предавања и изборни предмети ептен пријатно делува и како да не се замара.
Го редактирав мислењето претходно, отпосле видов дека си прашала хахах, ма да не знаам искрено многу, бидејќи не сум полагал кај неа.
Се влегува и со некоја 4ка, гледај матура да поминеш добро. Генерално државна квота последниот е кај 95-96 поени, а приватна кај 90-91. Ова кога примаја 300 студенти, Ларсон мислам објави слика дека нешто може да се намали квотата на 200, ама тоа кога ќе излезе конкурс на лето ќе биде за сигурно. Сега концентрирајте се на матурата и неа добро да ја пројдете, зашто е доста значајна.
Кај кого имаш полагано, кај Таушанова или некој во пензија? За сите пиша мислење ама кажа дека не си полагал
Да кај Таушанова , имав напишано во некој претходен пост, а ова за другиве кажувам тоа шо сум слушнал од колеги, шо сме зборувале или од лично искуство од предавања и вежби оти знам дека колку толку охрабрувачки е да знаеш дека полагаш кај некој океј професор.
Јас и ЛП ти одговорив еве нека видат и други што се кај неа. Многу океј професорка, нормални прашања поставува, дава време да размислиш, ние дури поголем дел и во пред-сесија го полагавме тоа за да се растеретиме во испитна после. Кога јас полагав кај неа претставник од група кај неа што бевме отиде на консултации да му даде насоки за испит и му ги имаше напоменато 3-4 теми кои ги прашува најмногу. Знам дека не ја учевме за кај неа цела книга. Сега со тие испитни што ги зборите, не знам како е, но ако ви се дадени од катедрата мислам дека ви се доволни за предмет како Медицинска статистика. За Епидемиологија малку повеќе загрејте го столчето, таму повеќе бараат и испрашуваат, иако се истите професори, истата катедра.
Дали некој може да ми пише шо прашања ви беа на другите групи за крв колоквиумот по физио? Јас бев прва и нив ги имам.
Дали ако не положам морфологија на клетка , може да полагам физиологија ? Мислам дека лани така можеше , некој да каже ...