Ако не се положи генетика сесијава не се презапишува нели? Да си прашам за секој случај да не некој знае да не е сменето, во случај да не го положам оваа сесија да си знам. И ако е 6 сесии во iknow за овој семестар не го запишувам, така е нели, но си стои сепак за пријавување во следни испитни? Имам само презапишано до сега, а вака со 6 сесии предмет не сум имала останат и не знам како треба у ситуацијава. Ваљда е вака ама да си прашам за најсигурно. Ама ме нервира вака коа ми е останат предмет и ми се плетка у новите предмети во iknow, аман веќе, уште овој да го решам и да не ги глеам овие од прва...
Дека нов шеф има па се ми е на мисла да не решиле да е 3 сесии... Trust issues пуштени на најјако од факсов.
Здраво Јас годинава сум 4та година средно медицинско и досега сите години успехот ми е 5,00. Па сакам да се запишам медицински факултет во Скопје. Но не знам како ќе поминам на матура ептен ми е страв па ако не поминам добро на матура и ако немам високи поени над 90 втора опција ми е медицина во Штип.. А гледам во ранг листата минатите години кога се запишувале на медицина има посебна квота '' национална'' и во оваа групаа гледам примаат ученици со пониски поени.. Јас по националност сум турчинка и дали ќе бидам рангирана во регуларна квота или пак како посебна група "националисти'' Поздрав❤️
Ти си аплицираш , дали на регуларна квота дали на националисти. Останатото е на нив, јас имав другарка што аплицираше како Србинка и навистина е, и не ја примија. Тоа функционира на начин пример да кажеме примаат 10 турци од група на националисти, ако се пријавите 20, ќе мораат 10 со послаб успех да ги одбијат. Процени сама која варијанта ти е поверојатна да се случи, дали да се пријавиш на државна квота со можност и приватна ако не се рангираш на државна, или пак, националисти, но да комбинираш со аплицирање на државна квота и националисти не е дозволено.
Фала многу на информациите Планирам да аплицирам во квота '' националисти'' пошто гледам во ранг листите од минатите години примаат со многу пониски поени во национална квота.. Ама депак ќе видам како ќе ми бидат резултатите од матура..
Почекај, ќе ги видиш првин резултатите од матура, ако ти се добри и тие, чим си 5.00, и во државна квота можеш да влезеш.
Да да прво да видам како ќе ми бидат резултатите од матура. Ако се 5ки ќе аплицирам во регуларна квота
Кој е подобар факултет медицинскиот во Скопје или медицински во Штип... Дали има некои големи разлики помеѓу овие факултети?
Си аплицираш стандардно и пополнуваш лист за националности, те рангираат прво во државна и приватна квота, па ако не влезеш таму следен е рангот националности. Барем вака и' објаснија на другарка кога аплицираше за националности.
Јас сум втора година на медицинскиот факултет во Скопје и можам да кажам дека факултетот ни е релативно добар. Навистина се учи многу, многу полагања, многу испити, многу матерјал, но во секој случај е подобар од Штип. Имам школска другарка која студира во Штип и тамо матерјалот е редуциран, помалку учат, анатомија учат на кукли (што според мене е апсурдно) и немаат условни предмети.
Многу полесно е и не е стресно да полагаш испити во Штип. Во Скопје буквално душата ни ја вадат за секој испит, и за најбаналните испити знаат да не заглават професорите и се прават за да не бутнат
Искрено, да не си даваш премногу надеж со ранг листата по “националност”. Нема никаква транспарентност врз основа на што и како ја формираат. Имам другарка шо е националност(не баш честа), не успеа да се рангира регуларно за само 0,5 поени и не беше примена, ниту преку посебната ранг листа. Како шо ти кажаа и другите колешки, посвети се на матурата, тоа ти е најважно!
Па, не би рекла дека „се' прават за да не бувнат“, секако, за жал, има и такви професори, ама голем дел и не се такви, баш напротив, ако видат дека си учел, и да се збуниш, ќе ти помогнат, ќе те потсетат, чисто најдобронамерно - за да те положат. Сум полагала и кај професори за кои ми беше кажувано дека „никој не положувал кај нив“, па ете, положив, и баш коректни испаднаа, ме потсетуваа, ми помагаа.. Не е се' толку страшно, ќе имаш и лоши, но и многу пријатни искуства со професори, немој да се плашиш.
Точно. Со врски е 90% таа квота, кој се снашол да влезе и да го пикнат. Мислам секогаш може да се проба среќа, но така е до некаде, немајте голема надеж за таму. Колегите од бившата група шо се деца на шефови на катедри се фалеа како така се примени и имале послаби поени, а некои се утепале од учење во средно и не ги примиле на медицински.