Значи аплицирањето е исто за сите. Во однос на посебната ранг листа за националност, ќе бидеш земена во предвид доколку во формуларот за аплицирање избереш било шо освен македонска националност, во твојот случај турчинка.
Колеги кои страни треба да се учат дескриптивна Биохемија за делот од завршниот испит по медицинска хемија? Гледам у книгава ама никако да одредам што треба што не треба. * ако може некој да провери и да ми пише однапред многу благодарам.
Доколку имате иста програма како ОМ, тогаш ако си од Скопје само кажи биохемија скриптата за завршен по медицинска хемија во копирницата, и они ќе ти ископираат се што треба. Ние полагавме за аминокиселини без протеини, липиди и јагленихидрати
И да ја надополнам колешката, ако добро се сеќавам, од јаглехидрати, полагавме само моносахариди, без последните неколку страни, мислам за деривати на моносахариди беа.
@Larson Аминокиселини и пептиди имавме. Јаглехидрати - само за моносахариди. И липиди полагавме за завршен медицинска хемија.
Не можам да се сложам. Оваа година со онлајн наставата буквално до даска не измалтретираа. Физиологија ни дадоа на колоквиумите 4 есејски и 14 прашања на заокружување за 40минути, сега за завршниот испит од метаболизам времето ни го скратија на 35 минути. Додека ги куцав есејските на колоквиумите мислам дека и 4 раце да имав немаше пак да постигнам да напишам, а згора на тоа не ни даваа ни увид ни ништо. Ги замоливме да полагаме со физичко присуство, не сакаа. Не сум видела поидиотски факултет. Џабе има фини и коректни професори, кога грото се исфрустрирани ст**и кои битно им е да лапнат плата,а за студентите многу им е гајле.
Девојки како се справувате со стресот на факултетов? Годинава забележувам дека стресот поради факултетов ми е на full mode, повеќе од колку што е потребно, не знам како да се убедам да не се стресирам толку
Одбери го тој факултет, каде што сметаш дека ќе научиш подобро, а не каде што ќе поминеш лабаво и помалку стресно. Секој факултет е стресен. Распрашај се и за двата факултети, како се полага, професори, учебници, услови, кредити, настава, пракса.. Според тоа, сама види си каде мислиш дека ќе стекнеш подобро знаење, и запиши се на тој факултет. Сите се стресираме пред испити, нормално е тоа, мислам дека не постои студент кој не го фаќа некоја паника и трема, особено пред полагање. Ама, сметам дека тој страв е автоматски помал, доколку има добро научено. Ако си сигурна во своето знаење, нема од што да се плашиш. Твој дел е да научиш, и ти одлучуваш дали, колку и кога ќе научиш. Останатите околности се вон твоја контрола, нема поента да се стресираш и нервираш за нешто, за кое не можеш ништо да промениш. Освен тоа, наученото никогаш не ти е залудно, и да паднеш првиот пат (ете, поради нерасположен професор), наредниот пат ќе положиш, за сите предмети имаме по неколку шанси, не е толку страшно, нема студент кој не паднал некој колоквиум или испит. Би ти препорачала да пиеш и витамин Б6, едно наутро, едно навечер. Колку-толку, посмирена ќе се чувствуваш, мене ми делува, и навистина помалку сум напната.
Колеги ако некој знае да ми каже како се процедурите доколку сум задоцнил да пријавам електронски испит во Јануарска испитна сесија? Дали може да се плати некоја казна, или нема да ми дозволат да го полагам ? Благодарам однапред.
Не враќаат на мрил, подобро оди до факултет или пишии на асс.Ирена на teams враќа на пораките и тоа брзо
Пренајсупер. Џабе имаше муабети дека тешко се проаѓало, се 6ки давале и строги биле. Се обратно од ова беше, не се секирај ич. Имам нова омилена професорка на факсов дефинитивно. Толку фино и убаво полагање, опуштена атмосфера, дури паничарка - тремаџика како мене успеа професоркава да опушти и да си полагам ко на кафе муабет да сум седната и си правам бејзик муабет. За професорката Весна Велиќ Стефановска зборам, е вакви треба да се сите професори, секоја чест.