Јас полагав, прашуваше од испитните прашања, највеќе за тестовите и хипотезите, и метод на примерок, и обавезно сите нѐ прашуваше од последните 3 испитни прашања. По 2-3 прашања поставуваше, мислам дека денес што бевме сите положивме кај неа
И јас сум тука, супер беше. Бара малку да раскажуваш повеќе ама не е воопшто строга за оценки. Секоја ѝ чест на трпението на жената, браво. Од почеток изгледаше апсурдно дека сите на ист call и се слушавме едни со други, ама следејќи јас така многу научив. Беше напорно 4 саати да си под штрек да не те прочита
Според вас кој е подобар факултет за студирање медицина во Скопје или Штип? Каде е подобра праксата, како се професорите, полагањата и слично.. Доколку има некој што студира во Штип на медицина ве молам напишете како е таму. Поздрав
4та година сум средно и сум имал искуство со доктори што излегле од УКИМ и со доктори што излегле од УГД, бидејќи ми се професори по медицински стручни предмети во средно. Според мојата проценка и она што секојдневно го гледам веќе последниве 4 години, докторите од УГД се со далеку поголемо знаење и подобра практична обука и предавања, во споредба со оние доктори од УКИМ од кои многу и не сум задоволен. Целово ова ми е некако спротивставено со квалитетот на образованието на Медицински при УКИМ, Скопје, а зошто е тоа така, не знам. Сепак сметам дека на кој и факултет да се учи, првенствено учиш повеќе за да се надоградуваш себе, и да излезеш со квалитетно знаење кое иако како што велат дека материјалот на УГД е редуциран (не знам дали е точно), доколку сакаш да бидеш подобар можеш сам да се надоградуваш со дополнителни извори. На крај важно е знаењето, а не од кој универзитет ќе излезеш бидејќи утре човечкиот живот кој треба да го спасиш нема да прашува од каде доаѓаш. Споделете слободно и други мислења за дискусија.
И јаас. Обавезно прочитај демографска статистика, нешто од тоа ќе те праша како второ прашање, формули за витален индекс и природен прираст, и за стандардна грешка формулата научи ја. Многу е фина и коректна професорката, и не прашува надвор од испитните прашања. Супер ќе си поминеш.
Има тема за тоа: https://forum.femina.mk/threads/Медицински-факултет-УКИМ-vs-Медицински-факултет-УГД.9607/
Со физичко присуство не верувам дека нешто многу менувале, ама сега онлајн е на сите линковите ни се достапни со точни одговори, така што шансите да сменат се големи.
Некој од постарите колеги на ОМ во Скопје да каже дали книгата медицинска хемија треба да биде оригинал или може и копија, дека слушнав од некои ја барале оригинал за потпис?
За ФМН Штип. Сите велат дека е редуциран материјалот. Работата е што не е. Не може да се редуцира анатомија пример. Како ќе се редуцира? Има дел што не е важен? Ваљда студентите мислат на тоа дека професорите, а и самата катедра Анатомија не е толку жив терор. Даваат повеќе шанси, материјалот е тој. Професорката е строга и ако немаш научено секако бута. Пракса во 6та година ако си солиден сутдент одиш во Систина каде се ти е платено. А, инаку мислам дека е во клиничка Штип. Изборните се полесни. Физиологија е тешко, многу. Истата книга е од Гајтон, не е редуцирана ни една реченица .Подобро е што имаш повеќе сесии за полагање, за друго не знам да кажам пошто не сум стапнала на УКИМ па да споредувам. За членката што сакала да се премести во Штип нека се премести слободно, ама да мисли дека оценките сами од небо ќе паѓаат, малку тешко. Ќе го тагнам @Perelex тој од постарите колеги општа па може ќе сака да ме надополни повеќе.
Јас лично сметам дека во Штип е олеснителното тоа што имаат сесија плус за полагање, казнена сесија, и тоа што се берат поени за завршен испит што кај нас во Скопје колоквиумите ти се условни за испит. По мое тоа го прави Штип за нијанса полесен и тоа што имаат малку полабав критериум за упис додека кај нас со 90 или под 90 немаш шанси да влезеш. Материјалот е тој и на УГД и на УКИМ, медицина студираме сепак.
Знам дека си го браните факулетот ама да беше вака немаше да сакавме да се префрлиме, полесно е. Во Штип нема да полага на леш, нема да има по 3 или 4 колоквиуми, биле по 2. Нема да паѓа година заради паднат предмет туку само ќе треба да положи 1 за да полага 2 или 3 од анатомија завршен испит ама сепак година нема да падне и да студира 10 години како што се студира во Скопје. Неписмените од средно тројкаши двојкаши во Штип општа студираат, искрен муабет правам. Нема да има стрес постојан како тука. Во Штип од средно што се запишаа и што ги знам ни се смеат како тука не мачеле анатомија, а таму на лепе очи поминале онлајн. И да, ако не сакаш да се мачиш слободно оди во Штип девојче. И јас би се префрлила и се мислам уште за тоа, тука залудно ме малтретираат во Скопје, а иста ќе биде и мојата диплома и на тој што лабавицата ја терал во Штип и завршил. Тука е поквалитетно учењето, но сакам да си скратам маките и поради тоа и јас би отишла во Штип, искрен муабет ако правиме. Зошто јас тука да се оболам нервно и да студирам 10 години заради ментални професори и катедри, а некој неписмен да си земе туку така диплома за доктор да е и да заврши пред мене. Па не сум будала и јас ќе гледам така да завршам. Барем да сме искрени де, во Скопје душата ни ја вадат, вистина мора да научиш за да положиш ако си без врски. Во Штип и без врски се проаѓа полесно. Па одбери си ти што сакаш. Но, не го лажете девојчето вака, вистината е оваа што ти ја пишав јас. Изборот е твој.
Оти си толку агресивна, ама озбилно? Океј е. За мене на Медицински Скопје одат оние најврскаџиите на кои и е обезбедена оценка од предвреме, а ќе се најдат некои како вас што немаат врски, а не им се учи па ќенкаат како е тешко. Ќе се најде некоја како тебе што ќе гледа само да препише ама после ќе вика како е тешко и ќе се лупа во гради дека завршила претешка медицина во СКОПЈЕ. Не ме гаѓаш во срце, искрено. Оди кај сакаш. Ако си ваков доктор како што си и личност на форумов тешко на твоите пациенти. Имај убав ден.