Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    53
    Последните, на крај на листата со најмалку бодови, лани имаа околу 93-94 бодови. Не ме земај за збор, меѓутоа над 90 е сигурно. Другар ми имаше се` петки од прва до четврта, меѓутоа влезе меѓу последните (читај: едвај) затоа што имаше две четворки од матурата.
     
  2. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.026

    Да де.

    Ти учиш на медицински? Или?
    Бубање, бубање и бубање е медицината. Неможеш да ми кажеш дека овој мускул > sulcus tendinis musculi flexor halucis longi < ( ова е име на eден мускул ) има логика. Бубање брате, седиш- го повтараш секој ден по 25 пати и на крај eventually ти влага во глава.
     
    На kara995 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    142.017
    Пол:
    Женски
    Па не би се сложила дека медицината е само бубање. Баш и не. Можеби анатомија, патологија и слични на нив се учат во голем дел на памет, ама ако не ја сфатиш физиологијата - а во неа се' е чиста логика - ќе имаш проблеми со клиничките предмети ;)

    P.S. sulcus tendinis musculi flexor halucis longi не е мускул - туку лежиште за мускулната тетива. Ама ако си прва година, ти се простува ;)
     
    На tamche995, libra89, WarriorAngel и 8 други им се допаѓа ова.
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Не е бубање медицината, според мене.
    Доколку не ги сватиш некој работи на твој начин, никогаш нема да ги научиш.
    Или просто ќе ги научиш идиш на испит ваѓаш 10-ка и после к*р не те боли дали друг пат ќе ги употребиш.
    Но :!: , во медицината не треба едно да паметиш другото да забораваш.
    Јас дури ни анатомија, што сите викаат морало на памет да се учи, не ја учев на памет... По логика ;)
    Али сепак, ова е мое мислење, другите можда го немаат ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    9.933
    Пол:
    Женски
    Хех,се согласувам со РЕјна.Епа се памтат најважните работи,понекогаш неможи се да се запамти,ама и другите да ги знаеш, барем по нешто од нив,а и опширна е,ама далеку е од бубање,пошто после ти треба да го имаш тоа знаење и да го употребиш,не е ко другите професии,одговорно е.И далеку е од само мускулче и ковче ;) Има толку многу болести и нови синдроми и се,што незнам дали би било важно само кое мускулче било и како се викало.А затоа си има и специјализации.Во која област и да е,специјализнатот и да не сака има се да научи кое каде е ,како се вика,што треба да прави со тоа,како да го препознае,која болест е сврзана со тоа и ред други работи.Има многу посериозни работи.Нема шанси напамет,јас никогаш не сум можела да учам напамет,нешто што најмногу го мразам е тоа! Треба со запамтување и логика,точно. Пошто се е поврзано.
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AutumnEyes

    AutumnEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    Запишена сум на медицина во Штип,ама сакам следната година да се префрлам во Скопје и имав слушнато дека ќе треба да сум во приватна квота таму,а од некои пак велат дека се зависи каков просек имаш.
    Дали има некој повеќе информации во врска со ова?
    Однапред благодарам.
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.669
    Meдицината воопшто не е бубање.
    Може во анатомијата пример,на пемт да ги учиш имињата на мускули,нерви и незнам што,што мене ми беше потешко со средна математичка гимназија.Потоа кога ќе видиш,дури и имињата се по логика,се е поврзано.
    Ако е бубање на памет,како утре ќе го дијагностицираш пациентот?Која терапија ќе му ја дадеш?
    Ако било на памет,нормално ќе се заборави и дијагноза и терапија и стручни термини,па ќе се бара по книгата? Зошто с ешто с е учи на памет,се заборава од вечер за утре ;)
     
    На Annath и thinkerbell им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.845
    Допаѓања:
    115.149
    Некој ќе рече,не си била на медицина,не знаеш,ама не можам,а да не пишам зошто медицинари ми се секојдневие,шаренолики пријатели си имам.
    Значи,ако не сте сигурни дека навистина сакате медицина,ве молам,во име на здравјето и здравствениот систем,љубовта кон луѓето ако ја имате,не се упишувајте ич. Јас не можам да разберам како некој кога нема природна предодреденост за нешто комплексно и важно ко медицина,се запишува на истото. Ако е за углед,пиши пропало. Ако имаш афинитет повеќе за нешто друго,оди на тоа,немој да ме јебеш,да се крстам утре јас и моја фамилија и цела нација од твоето незнаење.
    Имено,денес,ете отседов на кафе со медицинари,па се изнаслушав кукумјачења. Како може некој да не може да научи анатомија?! Можеби јас не знам како е таму, ама ако веќе си се решил да учиш нешто,мораш да го сакаш и од љубов ќе го научиш. Бубрегот ќе биде бубрег до крајот на човештвото и неговата функција,карактеристики,латинско име,составни делови тие се,не можат да бидат други. Колку треба да си глуп,да не научиш книга од 1500 страни полна со фактологија,а не филозофија. Или пак патологија?! Сржта на сите проблеми,моментот кога се кали добар дијагностичар,темелот на се. Сакав да ги запишам имињава за утре ако ги сретнам,да не им чукам на врата ако не дај боже имам проблем. Ако ти не можеш да положиш патологија, прво, немаш дарба за таа професија, второ,не професорот не е крив, трето, колку и да е тешко, ако ти знаеш и сакаш и умееш да поврзеш ќе го научиш,па мајка јана нека е (зошто имам и другарка која има положено од прва,ама девојката е ... немам зборови,внесена е во тоа,го сака,ја бива едноставно,самата кажува дека не ги разбира нејзините посветени колеги кои најчесто или се нечии деца или не знаеле што сакаат да бидат,па по инерција на детската желба,јас коа ќе пораснам ќе бидам докторка).
    На крајот не си шнајдер,доктори во подем си побогу,посвети се или откажи се дур е време.
    Со почит кон сите форумџики медицинарки,ама денес...очи у очи со коренот на проблемот со нашето здравство. Имаме утнати студенти првенствено,па после се друго.
    А да не зборувам што се згадија од циганче што проси,па дури и една рече,ууууииј мразам цигани, се гадам... Утре Хипократова заклетва ќе полага...

    Разбирам младост и живот,ама кога ти се упишуваш медицина,знај толку е. Од тебе се очекува многу повеќе отколку од другите студенти,помири се. Нема бубање,нема философија,има само љубов, желба, логика,факти и надареност.
     
    На Ucenicka123, tamche995, Stefani999 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    11.015
    Пол:
    Женски

    Колку само има логика во името на терминов. Прво ова не е мускул. Самото име ти започнува со сулкус. СУлкус е бразда. Тендинус- тетива. Значи преводов би бил бразда на тетивата на долгиот флексор на палецот на ногата. Кога еднаш ќе ја научиш латинцата само логика ти се ваквите термини.

    Не викам не, има работи што стварно мораат да се набубаат. На пример воспалението какви клетки го чинат. Или еве од патологија гранулом што е. Основата. Исто како математика што треба да ја научиш основната формула па после да решаваш.
    Убаво си кажа Маца, како ако се е бубање и на памет учење, утре ќе дијагностицираш болест.
    Ете ти џабе го знаеш латинсково име, кога по логика не ги спојуваш термините
     
  10. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.607
    Допаѓања:
    10.995
    Пол:
    Женски
    Лилит,се сложувам со тебе во целост,но запишување на медицина затоа што некој е хуман,или е заљубен во тоа денес е ретко. Од 200 запишани годишно,максимум двајца се таму од вистинските причини.
    Моиве колеги се заљубени во звањето доктор што ќе го имаат утре, од сега си го вежбаат потписот,потценуваат се живо со зборовите Јас утре кога ќе бидам доктор ... и слично. Ме разбираш што сакам да кажам.
    Кој може да ги допре ваквите да се запишуваат? Никој, за жал. Не е медицината она што била порано. Само не знам каква иднина не чека со здравствени лица, кои немаат ни х од хуманост,а тоа е целата суштина на медицината.
     
    На Ruby.rose му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lejly

    Lejly Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Ако ја сакаш медицината,ич не му ја мисли..Уште од кога знам за себе ја имам желбата за доктор,завршив средно медицина,успеав да се запишам на факултет.Сум се тресела додека не видов дека сум примена,иако бев скроз одлична,зашто ме плашеа дека без врски ништо не можеш (а ја бев гола вода и си верував само себе си,на својот успех и знаење).Успеав многу препреки да минам,но секако ќе има уште.Сега ја завршувам прва.Напорно е,ама кога знаеш дека тоа е таа професија која сакаш да ја работиш во иднина,САМО ДОВЕРБА ВО СЕБЕ и секако упорност и ќе успееш! ;)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    535
    Ме интересира каква е состојбата со специјализациите? Моментално сум на друг факултет, прва година, ама медицина ми остана желба неисполнета, цела година се препевкав дека не се запишав таму. Значи немаше ден да не се разбудам и да не помислам дека згрешив што не се запишав. Сега сакам да прашам за до година. Успехот за да се запишам го имам, ама ме кочат финансиите. Некако 6 години факултет, плус специјализација која морам да ја плаќам од мој џеб, а за која слушам дека мораш да имаш дебели врски за да ја добиеш, плус трошоци за живот пошто не сум од Скопје, некако ми испаѓа дека во најдобар случај моите би ме издржувале до мојата 28 година, што не е возможно. Затоа сакам да прашам некој поупатен како одат работите после дипломирањето?
     
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.958
    Па специјализациите се делат на приватни и државни.Ако ја имаш таа среќа како општ лекар да ти одредат државна специјализација тогаш не плаќаш ништо,а ако е приватна се плаќа околу 2000 евра од година,или 1000 е по семестар.Секоја специјализација е различна и со различен број на предмети и семсестри.Како на пример гинекологија и акушерство е 5 години-10 семестри-10 000 евра приватно.(околу 50 испити)
    Нормално дека онаа која е државна е подобро,но таа се зема многу тешко.
    Меѓутоа ти прво заврши медицински па има вреееееееееме да се мислиш за специјализации по 10 години. :!: :!:
     
  14. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    535
    Епа некако не сакам да се водам по таа филозофија, заврши прво медицина па после има време. Не,нема. Затоа и ме интересира каква е состојбата со специјализациите, бидејќи искрено, не би сакала да се запишам на медицина и да останам само на општ доктор. А како што реков, и финансиите ми се ограничени, па затоа сакам добро да знам што би ме очекувало после дипломирањето. Јас ја сакам медицината, меѓутоа не би можела да си дозволам моите родители да патат и страдаат поради мене. Еве на пример имам едни комшии, го продадоја цел имот и работат две дополнителни работи за да може нивната ќерка да специјализира. Луѓето просто пропаднаа.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    142.017
    Пол:
    Женски
    Тогаш бркај си врски - ама ептен јаки врски уште од сега - тешко е добиеш специјализација на државен грб, посебно оние кои ги има во помал број. Или пак собирај пари со време.
     
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.958
    Епа девојко прво ти не си запишана на медицински факултет а правиш планови за по 10-15 години.Па од каде ќе бидиш ти 100 посто сигурна дека ќе добиеш државна специјализација и одма ќе се вработиш?
    По која филозофија сакаш да се водиш?Дека веднаш штом ја земаш дипломата а збораме во идно несвршено време веднаш ќе земаш плата од 1000 евра.Па на кој му е денес така загарантирано.Мислам малку си ги помешала работите.И да медицината не е воопшто ефтина и тебе никој не те присилува на тоа тоа е твој личен избор или си спремна да трошиш без да очекуваш нешто за возврат во прилично долговреметраење или да си остане тоа во твојата фантазија.
    И да патот до доктор не е ич лесен прво скокни па речи оп само факултетот е 6 години,а јас па не знам шо си се фатила со размислување за специјализација кога ти ниту си запишана на медицина.А директно на специјализација е така нема..
     
  17. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    535
    Ај вака малце реално да си попрајме муабет. Сите викаат да се бира факултет кој се сака, меѓутоа и да има перспектива. Јас не велам дека и општ доктор е лошо, меѓутоа мене тоа не ме интересира, јас сакам да специјализирам. Јас не сум сигурна дека ќе добијам специјализација, затоа прашувам каква е состојбата со специјализациите, пошо нели системот кај нас е се со врски. Што има врска што не сум запишана? Јас ја разгледувам можноста да се запишам, меѓутоа сакам да ги разгледам сите можности. Медицината не е на краток рок, не завршуваш за 6 години и готово.
    И кај ќе ми е мене крајот ако немам визија за тоа каде сакам да сум по 10 години? Секој си се гледа некаде за 10 години, и јас се запишувам со идејата дека сакам да продолжам понатака и само ме интересираа искуства од некои кои веќе го поминале тоа или се доволно упатени да дадат искрен совет.
     
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.958
    Еве искрено сакам да ти одговорам.Се гледа дека имаш желба за да бидеш доктор,тоа е баш убаво,но малку да се вратиме на реалноста.Верувај дека не си и сама свесна колку е скапа медицината,а не знам и сама како да ти одговорам на твоето прашање-што понатаму?Јас значи одсекогаш сакав да бидам само доктор,но не општ туку гинеколог-акушер.Убаво е и да си имаш зацртана визија.Тоа се си е во ред.Но јас ја имав таа среќа да добијам државна специјализација,зашто верувај 10.000 евра немаше ни јас од каде да ги најдам.Меѓутоа да го завршиш прво факулетот верувај дека ич малку пак ќе ти требааат огромни пари да не се оптеретуваме со цифри,али и сама кажувап дека прво не сте финансиски моќни,а како второ остај што е 6 години,рачунај 6 години кирија и сметки,јадење,книги,партиципација,патни трошоци,градски превоз,а каде е облека и се друго останато.Вежби,предавања и се друго верувај дека тоа е огромен трошок,јас да пресметам сигурно ме кошта колку еден стан.Мене ми е зборот дека никој не може да предвиди што би било по X години,можеби ќе те заслужи среќа за државна специјализација,може и да се разочараш.Ти можеби очекуваш одговор да некој тука ти речи дека сите специјализации се државни и дека обавезно ги добиваш,но не е така.Размислиси убаво,и длабоко едно е да имаш желба огромна за нешто,а друго е на повидок да немаш никакви објективни шанси за остварување на истата.Јас лично ти посакувам среќа само мене ми е глупаво да размислувам што би било кога би било,зашто никој не знае каде ќе не одведи животот,ова не е краток временски период па да планираме од понеделник до петок,ти зборуваш за време точно по 8-10 години.Па од кај да знеш дотогаш можеби и сите специјализации ќе ги направат државни или па сите ќе се укинат. :!:
     
    На AmericanWoman му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    535
    Ете вакво нешто ми треба. Се разбравме на крај. Фала ти многу :)
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.958
    Нема проблем јас сум само многу реална ако имаш какви било други прашања тука сум.