Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Не сум агресивна, сакав искрено да му доловам на девојчето само.
    Што погрешно и кажав, вистината, на крај она ќе си одлучи каде ќе студира.
    Па и ако заврши некој без врски во Скопје и тоа како треба да се гордее да ти кажам, не за дипломата за тоа што издржал до крај таков терор. Самото тоа што кажуваш дека некој ќе се лупал во гради се гледа дека те погодува фактот што изгледа не студираш во Скопје. Да не ве погодуваше немаше цело време факултетот да си го браните.
    Имај убав ден и ти.
     
    На ElenaOfRivendell и Mevla Ali им се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Секој си го брани своето, вистински приказ би имале кога некој што студирал и ваму и таму ќе ја долови ситуацијата. Поолеснително во Штип е поголемата можност за полагање и тоа што условите за упис на предмет не се до тој степен ригорозни како Скопје. Кој учи секаде ќе учи и ќе научи.
     
    На Glossy-girl, smile:), Zahirr и 5 други им се допаѓа ова.
  3. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    14.622
    Пол:
    Женски
    Kolku e list za zaverka na semestar bi trio?
     
  4. Mevla Ali

    Mevla Ali Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Дали има некој овде што студирал и во Скопје и Штип, па да кажи која е разликата, каде е подобро, онака да направи споредба помеѓу овие два факултети.
     
  5. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    И тоа што ако не секој втор ајде секој трет студент не е внук/син/ќерка на доктор на клиника или роднина на некој што чукун дедото го основал институтот, па во Штип затоа е полесно можеби.
    Во Штип оди средна класа, обични луѓе во Македонија, нема такви деца на политичари и едни од главните хирурзи во државата.
    Кај нас одат многу од високата класа, па професорите си имаат тарифа од положување испити на таквите или пак со еден повик им се средува, нормално ако татко ти е во влада и црвен килим ќе ти постелат пред институт кога полагаш, а од некои обични луѓе пари од презапишувања вртат.
    Самиот тип на студенти што студираат во Скопје ја имаат направено оваа слика и ситуација на факултетот. Се едни исти презимиња со генерации се запоседнати по клиника и медицина, секој професор ако не двете бар едното од децата тука си го носи.
    И не дека без врски не се завршува во Скопје, се завршува ама со труд и мака, па дури и години паѓање. Не значи дека ако некој паднал година дека не му се учело па се жалел сега. Некој и без врски може ќе заврши во рок не викам не, но сите сме различни, има студенти што од трема се губат на полагања и џабе учењето. Лесно е кога со повик ти е средено на испит да дојдеш и си опуштен, друго е кога одиш таму со непознато и незвучно презиме и на ситна грешка ќе чекаат едвај да те бутнат зошто не им е гајле за тебе.
    Нема потреба никој да се навредува, со тоа колку страни се испишани во темава и колку сите паничат да споделат мислења за предмети кажува колку тука учиме и се мачиме. Нека не се вреѓа никој од вистинската ситуација.
     
    На Moon.Girl, lolly2000, Zahirr и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    50 ден.
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Atticus

    Atticus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    Фала богу дека секој си го брани своето, но ја имам листано цела оваа тема претходно, и согледав дека на Уким многу е поважно да се знаат детали кои не се толку важни од различни поглавја (секако дека некои се) а не се доловува целовкупната поента и не се сфаќа тоа што е најважно и тоа е главната причина според мене зошто некој толку заглавува со студиите на УКИМ. Таквото детално учење пред сè се заборава, а како краен продукт сум искусил од професори - доктори на општа медицина да не знаат да наведат примери за свест, за внимание, мислење дека парентерална апликација и перорална е исто, барање на реченици и зборови во книги со цел да се објасни непознатото на нас учениците и слично...
     
    На Mevla Ali му/ѝ се допаѓа ова.
  8. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    14.622
    Пол:
    Женски
    Fala :l:
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Омг, браво, се си кажала со мислењево, свака част. :clap:

    Иначе @petrova89 тука ви глуми нешто опуштена и снаодлива за полагања, во лп 5 дена ми паничи за предмет како статистика дури. :rofl: Ако не си пишала во сабота дека си положила во темава на толку учење, срам да ти е. :!:
     
    На petrova89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Имам трауми од претходните полагања затоа. :|
    И уште никој не сподели како поминал на полагање кај проф. Исјановска зошто вака колеги? :worried: За другите професорки се пофалија колешките дека супер биле, вие нешто ќутите, стрес ми правите... :worried:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Подобро да не разбереш. барем што слушнав средата учи добро и испитни и презентации и книга и се.
     
    На petrova89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    ;(;(;(;(
    Кога сум се родила и кога делеле среќа, јас изгледа со чадор сум стоела, немам друго објаснување како се вака се погодувам само кај такви професори. ;(
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Не си сама ако ти е за утеха(fingers):l:
     
    На Glowy и petrova89 им се допаѓа ова.
  14. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Од цела генерација не познавам ниеден што со сите положени колоквиуми претходно падна во август анатомија само со практичен.
    Од цела катедра сите професорки добри, само една строга, јас каков баксуз баш кај строгата се паѓам.
    ;(:l::l:
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Јас не во август, ама во јануари и јуни познавам.
     
  16. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Ова е УГДвсУКИМ дебата #834292342? Немам никаква желба да се вмешам, запишете се таму каде што сметате дека ви е подобра опција.

    Инаку од ова што си го напишала да те корегирам, сите што сакаат имаат право да одат на пракса во Систина, не само селектиран број на студенти.
     
    На Lollipop_123 и GirlRose им се допаѓа ова.
  17. Atticus

    Atticus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    Дали некој од вас на општа може да ми прати практикум по биохемија доколку има, ми треба за експерименти? Фала ви однапред.
     
  18. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Машки
    Како да запишам изборен предмет за вториов семестар на ТСС , во графите за предмети ги има само задолижтелните а изборни нема понудено?

    Некоја друга постапка има или?
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Доле има како табела нели за изборни, под задолжителните. Ај ако не пиши ми скрин од iknow ќе ти пратам да ти објаснам убаво. :)
     
  20. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Машки
    Да но празна е , кликнав на неа ништо нема.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.