Хахахахаха јас вака си викав кај Башеска Патологија 1 кога полагав и Анатомија 2 кај Стратеска. Мислам дека ретки се катедрите кај што немав пројдено низ раце на некој од "хардкор професориве". Ама тоа е кога квотата ќе се пополни кај другиве ние рандом од "грешната раја" што ќе си останеме кај нив ќе си положиме со некое скромно седмиче ама пак ќе се радуваме бидејќи си е наше, тие со 10ките нема да се вечни знајте сите тоа. Кругот се врти, кармата е кучка. (да не бидам вулгарна не ми е тоа целта) Учете си за себе само и никој ништо не ви може дали за 6 дали за 8 години ќе завршите, а најголема награда ќе ви биде што знаете дека за успехот самите сте заслужни не некој друг. Извини што тебе те цитирав а искажав подолго мислење, само се надоврзав на тоа што имаше пишано.
Јас во прва година бев во Штип, можам да кажам за предметите од таа година. Учев и таму ама после сфатив дека учењето таму и учењето во Скопје не е исто. Професорите беа фини, лесно пишуваа оцени. Само да се појавиш и да кажеш два-три збора основни работи веќе имаш 7ца. Пониски критериуми, полабаво, секој што ќе се појавеше на усно положуваше. Освен генетика, само тој проф беше строг. Смешно е не се споредуваат ич, таму е како средно, така функционираше, бар тогаш
Ако не сум грешка,мислам имаше есејски и некои се паѓаа, ама исто ти се фаќа, и онака треба цела книга да ја поминеш за да ги одговориш. Јас прво книгата ја научив, па повторував преку прашањата.
Fala ) inaku po ist princip odam, citam prvo kniga i si povtoruvam po prasanja i dosega dobro mi odese taka, pa zatoa sakav da prasam dali ima prasanja ) tenkkss
Ако ви е онлајн на заокружување би ти препорачала да обрнеш внимание и на најситните детали. Во јунска сесија кога полагавме имаше прилично тешки прашања, а малку време.
Дали колешките може да споделат како се справувате со стресот, со непредвидливоста што некои катедри ја приредуваат, со падовите и слично? Јас толку можам да ги слушам другите и совети да им делам за факултетов, за било каков проблем решение да им дадам, од падови да ги утешам, но кога станува збор за мене се треба да е во екстремни нервози, со голема анксиозност, апчиња за главоболки и смирување и со тупење мозок. Навистина се трудам да се променам но таман ќе направам чекор напред одам три назад ... и така во круг и не сум баш среќна околу тоа
Понеделник и вторник пред полагањето биостатистика вчера ако веруваш збирно 3ч имав спиено за 48ч. Е толку ми е стресно, цела се изреметив од факултетов. Колку и да речеш не се замарам, удара на психата, на све. Ќе легнеш да одмориш, сонуваш испит како полагаш. И нормално е, сите што ми се блиски колеги кажуваат дека исто се осеќаат. Ќе си тераме вака дур не завршиме со услови изгледа, после ваљда ќе се опуштиме малку, бар немало толку притисок викаат постарите колеги од 4та натака.
Ние ништо немаме во онлајн верзии, све си купуваме во форма на книги. Не сме до толку модернизирани. И да сакаме не можеме да ти пратиме ми беше зборот.
Лелеее исто дефинитивно, мислев сама сум, сите блиски околу викаат не се нервирај но не можам само проблемите со не се нервирај да ги решам. И сонот ми е нарушен исто како што кажа цело време сонувам како некој испит сум паднала, па кај тој и тој професор сум била па така ми кажал и што се не. За ненаспаност ќути, немој по раните, на кофеин и цигари живеам
Колку аналгин пијам пред полагање зашо ме боли глава од неспиење и стрес, мислам на 30г нема да ми делува ниедно апче за глава. За смирување уште не сум земала ништо, нејќам до толку, викам ќе паничам ама нека, не вреди за факсов да трујам организам до тој степен. Има и поопуштени луѓе ама ете изгледа не сме ние такви, секој човек приказна за себе, ни ја не сум задоволна зошто ми е вака. Цел биоритам ми е пореметен, ја сум скроз пореметена и свесна сум ама колку и да пробувам да сменам нешто не иде. Постојано има полагања, нема време човек ни да се сврти, не па да мислам начин како да се опуштам и здрав живот да водам. Свака част на тие што успеваат баланс да имаат со факс, психата и живот, ја не успевам, нека сподели финта некој ако има.
Не си сама.. ден не ми поминува а да не се стресирам за нешто. Веќе една година пробувам да направам промена ама кога не иде не иде, се прашувам само кога ќе дојде денот да отрпнам од нервози Пиши ми кога сакаш и јас сум многу добра да тешам други а за мене незнам Воедно да си се исповедам, после денешното полагање и паѓање за 1 бод Микро го достигнав врвот за најдепресивен ден. Уште не можам да си поверувам дека полагањето траеше 10 мин Ова што се случува на факултетов е хорор.
Ај после испитнава сите што паничевме премногу на едно кафе у Ранде да си напраиме муабет без мисли за полагања, да се опуштиме малку. Со дистанца и пазење на мерките!
извини, ама стварно не го знаев воа кога ќе си слободна во лп ќе може да ми сугерираш некој поинтересен експеримент од биохемија? Кажав за проект ми е ама нема од каде да добијам некоја инспирација