Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Самите професори треба да имаат разбирање, штом немало вежби каде што можеле да видат нешто практично, не треба и да им се бара премногу да покажуваат на испит.
    Конкретно ние со анатомија 2, со вежби само за торакс, имавме практично полагање за се. Зависи од среќата и од проф до проф, некои беа навистина коректни и како што пиша членката практичното се положи теоретски како усно, кај некои само формалност беше практичното од типот на орган или голем крвен сад, нешто што не може да се утне премногу, ама имаше и проф кои бараа се да се покаже, па дури и паѓаа, што не е коректно.
    Не можам да ги кривам координаторите за ова, бидејќи немаат моќ над вакви ситуации, никој професор не дозволува да му се мешаш во начинот на испрашување. И фсс да реагира пак ништо нема да биде, колку и труд да вложат. Ретко кој професор може да излезе од комфорната зона и да прифати сугестија или критика и да излезе во пресрет на студентите.
     
    На Zahirr, Glossy-girl, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    12.971
    Пол:
    Машки
    Од професорите не ни очекувам искрено некој да се свести и логично да размисли после циркузите во јунската сесија но, искрено не е океј да бараш практично знаење од студентот ако тоа не било претходно спроведено поради многу јасни и очигледни причини. Исто ко сега ти да бараш од професорот да ти стави 10, а не знаеш за таа оценка. Ама, ајде... не е прва, ниту последна ваква случка, впрочем ова е традиција, така шо сега со пандемијава се осеќам како да сум homeschooled.

    Имено, колку шо има вина во координаторите толку има и кај цела генерација т.е. кај сите студенти. За да координаторите покренат некаква иницијатива потребна е слога и согласност во однос на определен аргумент, а не кога ќе се постира некоја контроверзна одлука во групите да се ставаат само :D и :o.

    И да, доколку професорот не прифаќа критика тогаш треба да постојат санкции.
     
    На anxxxxiety, ElenaOfRivendell, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.784
    Пол:
    Женски
    Последен пример, физиологија ни нагласија дека на испит може зависно од професорот да се бара од нас да изведеме некои вежби, а ние еднаш немаме стапнато на катедрата, се беше онлајн.Логика? Нема.

    Само да се надоврзам.
     
    На Glossy-girl, MeckaCia, Lollipop_123 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Chocolate7

    Chocolate7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дали може да се премине од приватна во државна квота, и кои се условите?
     
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Многу точно, за контраверзна одлука има само реакции и коментари ден-два и потоа прифаќаме и продолжуваме. Поголема храброст и посилен глас од студентите. Бидејќи вака за секоја одлука си се караме меѓусебно со колегите.
     
    На Zahirr, Glossy-girl, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Не сте имале вие сигурно како нашата "координаторка" што ни беше во прва година. Четворица беа ама оваа врв беше. Уште не сфатив која и е поената со информациите добиени од катедрите во врска со промена на датуми, материјал за колоквиум кој треба да се спреми, списоци за распределби и ред други работи си ги чуваше за себе. Ако ги добиеше денес таа после пет дена ни ги пренесуваше. И еве сега уште не знам дали успеа девојчево во животот .. среќа уште во прва ни се отворија очи па ја сменивме. А ќе речеш хумани луѓе сме биле, работиме со пациенти, животи ќе спасуваме...
     
    На Lollipop_123 и nyny им се допаѓа ова.
  7. sanana

    sanana Нов член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Некој што полагал физио 2 јуни/август да пише искуство како поминал?
     
  8. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Колешки од општа медицина, дали вреди да преполагам во јуни биостатистика? Полагав сега оваа сесија кај Исјановска и ми стави 7ца, иако мислам дека заслужив повисока оценка бидејќи многу учев и се и одговорив како што пишеше у книга. Имам просек 9,3 и се нервирам дека ќе ми падне сега со 7цата. Што би ме посоветувале?
     
  9. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Не сум полагала воопшто, супер што имаш таков просек, ама не можеш да очекуваш на факултетов со толкав панел на предмети дека се , секогаш ќе биде 9, или 10ка. Не би ти препорачала поништување по ниеден предмет па и биостатистика. Голема работа за една 7ца, да си жива и здрава.
     
    На Dream-Girl, Angie1432, Lavender4 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. bicushka

    bicushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Комуникации е пополнето. Ако може некој да ми помогне со совет околу изборните предмети за прва година ОМ. Please.
     
  11. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Искрено имаш неколку избори, здравје на мигранти и тој е пополнет од втора година , комуникации исто така, и имаше правен аспект на јавното здравство нешто така од проф. Моме и тој е пополнет од втора година колеги. Причекај да дојдеш втора , бидејќи ќе имаш положено повеќе предмети ќе имаш и поголем избор на изборни предмети за 3 предмети отприлика плус, може догодина и некој дополнителен ќе се отвори.
     
    На bicushka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Гледајќи како колегите од трета трпат нервози за полагањево, @MeckaCia може да каже најдобро.
    Јас не би брзала да поништувам, бидејќо ниту еден друг предмет немаме положено, на крај на сесија кога ќе видиш што си положила што не, можеш да одлучиш.
     
    На MeckaCia, Dream-Girl, floppy77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Машки
    Кога ќе биде достапен линкот за евалуација за да запишеме семестар?
    Јас планирав да средам тоа деновиве ама ко што глеам нема ништо

    Исто и изборниве , сакам да земам изборен но на ајноу нема ни понудено ни ништо , ќе стават или ќе си чекаме наредна година? Можно е некако без ајноу да се земе изборен предмет?
     
  14. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    Никој не знае, уште нема анкети. За џабе е започнат уписот, кога никој не може да го изврши. Што ако трае подолго кога пак сите последна недела ќе се запишуваме заради овие проблеми.
     
    На nyny и Larson им се допаѓа ова.
  15. КлеопатраКлео

    КлеопатраКлео Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Здраво :)) Дали знае некој колку треба да биде просекот за државна специјализација? И за стипендија исто така?
     
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.921
    Допаѓања:
    6.754
    Пол:
    Женски
    За стипендија за втора група треба 8,5, а за трета група 7.
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Една 7ца ништо нема да ти расипе.
    Ја лично две 6ки имам, ниедна 7ца и другите предмети се ми се 8, 9, 10, па пак просекот околу 9 ми се движи цело време. Со 10ки од изборни и такви работи ќе си го качиш пак, по некоја 6-7 не квари многу кога сите останати ти се високи. :) Нормално е со вкупно 69 испити до крај (собрани со изборни и задолжителни) да некаде пројдеш полошо, милион професори, милион полагања, за жал не секогаш оцената ни одговара со наученото тука, многу фактори влијаат.
    Не се секирај, нема премногу да ти го спушти просекот стварно, не вреди да преполагаш, па и сега тон побитни предмети има лето на кои може да се посветиш, него на статистика. :)
     
    На Anie93, floppy77, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.788
    Допаѓања:
    16.575
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа кој се завршија во Штип медицина треба да стануваш од цименто за секој случај. Нема потеба да сте толку агресивни и двете, се знае како стојат работите, некој што едвај завршија средно со никаков просек запишаа општа медицина, да се чудиш дури и тие истите завршија и наеднаш се просветлија па почнаа да учат, а и самите професори кажуваат како стојат работите тие што предаваат и во Скопје и во Штип. А на нас ако не ни се учеше во Скопје до сега со тој просек што го имаме и положени предмети милион пати можевме да се префрлиме и да си минеме со лесно ама не сакаме зошто кога ќе кажеш дека си дипломирал во Скопје одма сите доктори кажуваат дека тоа е голема предност да дипломираш во Скопје а и знаењето и поголемо, да не се лажеме. И да медицина да се учи на медицински во Скопје е претешко, не е тешко туку претешко, а тие од Штип не можат ни да сонат како е во Скопје. Квалитетниот кадат од Штип после една година се префрла во Скопје, ама колку години заглавуваат самоо, оти е лесно секако.
     
    Последна измена: 24 јануари 2021
    На Zahirr, tinka-mace, anxxxxiety и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Што си мисли уште факсов што уписите почнаа, а анкети за евалуација уште немаат пуштено?
    Трагикомедија. :drunk:
     
    На Larson, Angie1432, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    2.318
    Пол:
    Женски
    Дали некој го пријави на iknow изборниот за липопротеини ?