Што ти значи ова да си вработен во таа институција, да имаш сташ. На клиника не можеш да се вработиш како доктор по општа медицина, те вработуваат директно со тоа што веднаш ти даваат државна специјализација или пак приватна, но не се водиш како вработен со приватна специјализација. Единствено може да влезеш на клиника и така да одиш како волонтер ако имаш врски таму па после некое време да ти дадат специјализација за која знаеш секако дека ќе ти ја дадат и не ти треба никаков просек.
Значи да се вработиш како општ лекар во ЈЗУ ОБ Кавадарци, Прилеп, Битола, Струмица или некој здравствен дом, па и на некоја клиника (се што е државна институција низ цела Мк, не мора само Скопје). Па да чекаш да се распише конкурс за државни специјализации, па да побара болницата каде што работиш извесни специјалности (логично не сите. не можеш ако си вработен во хирушка Градска болница да чекаш гинекологија), па да конкурираш и во зависност од тоа горе што го објаснив ќе добиеш или ни. Тука никакви врски не те вадат пошто подлежи под закон, кој има повеќе поени од тебе ја добива. Не е точно, можеш да се вработиш и како општ доктор, и како специјалзант и како специјалист. И не, вработување не значи до дифолт специјализација. Можеш да се шеташ како волонтер доживотно, никој нема обврска ништо да ти даде, дури не бидеш вработен со решение на неопределено.
Зависи, мене повеќе ме прашуваше усно, а практично и покажував некои рандом работи (од региите кои ги извлеков), на пример ми го покажа m.sartorius, и ме праша кој е, и која му е функцијата, ми побара да го покажам lig.inguinale, aдукторите на бут мислам и сл. Многу беше коректна професорката, стварно не бараше ситници, и не правеше проблем и да не знаеш нешто да покажеш, помагаше многу, потсетуваше. Мене лично, завршниот ми беше многу помалку стресен од колоквиумите.
Прашање до постари колеги, За упис на 8 семестар ако ми останала фармакологија (општа) и трансфузиологија, би ми дозволиле на студентски да ги запишам сите регуларни предмети од 8 семестар? Или ќе мора ради тие кредити од фарма да тргам предмети дури за 10 семестар? Денес беа дрски и не ми одговорија на прашањево па затоа прашувам да не имал некој слично искуство.
Ја секако и планирав последна недела да одам зошто чекам дали ќе положам условен предмет или ќе го презапишам, но барем за тие што имаа потписи веќе по се или положено и не чекаа како мене да можеше да си завршат, па на крај ние да останеме, да има некој баланс. Вака ќе биде хаос пак... Сигурно ќе го пролонгираат уписот ко прошли пат шо беше, па нема да се влегува у деканат ни практикум, ни книга да се купи ради гужви... Туку имуно потписите уште не се внесени во iknow нели? Уште тој потпис ми е останат мене што го чекам, друго по се средија мислам.
Кај проф. Папазова. И да додадам дека беше многу chill атмосферата, ни даде и време откако ги извлековме прашањата, да разгледаме на кадаверот пред да не испраша, воопшто не беше страшно.
И нив ги нема. Зависи кај кого ќе полагаш, си ја раскажуваш регијата, па покажуваш на леш некој мускул, нерв, крвен сад, зависи што е останато. Може проф да извлече дел од лешот и да те праша што е ова. Можеш да згрешиш, само да не е преголема утка во смисла ишијадикус да го бараш на потколеница или стапало.
nekoj sho polagal antomija 3 dali nz na ispit se paga istiot prof sho se padna na kolkviumot ili random ako polagas vo ista sesija?
Сега баш ме информираше моја другарка матурантка, но не знам колку е точно дека на ОМ, се намалила квотата наместо 300 студенти вкупно да примат, они примале за 100 помалку односно 200 , дали е ова точно и баш ме чуди на што се должи ова намалување доколку е точна информацијава?
Мислам дека годинава и повеќе примија ради тие со 100 поени, нели дека се укина матурата, едино од наредна година (т.е. годинава 2021 уписи) ако ја намалат квотата
И јас читав, ако добро запомнив, ќе примаат 70 студенти во државна квота, 130 во приватна. Плус ќе се отвара нов смер во ТСС.
@Larson имаше слика објавено дека е намалена на 200, не знам дали тука или во темата за матура. Секогаш е рандом на анатомија. Можеш 100 пати кај ист, можеш се кај различен. Среќа.