Изгледа заради тоа, бидејќи истите се професори им се зголемуваат часовите, а кадар се намалува. Прво помислив демек заради оние на англиски 100, ама тие беа и лани, само изгледа никој не е запишан
Која будала би плаќала 7 000 евра за на уким да студира, за тие пари ќе си отидам на престижен универзитет бар нема да доживувам психичка тортура
И да се запиши некој, не знам кој би ја држел наставата, бидејќи сум апсолутно сигурен дека нашите ценети професори не го владеат англискиот до тоа ниво па да предаваат на странски јазик. За материјали да не зборувам... тоа на македонски нема, камоли на англиски , ќе треба да учат од Харпер
Што ќе работиш во јавно здравство како општ доктор? Не си запознаен(а) со работите очигледно, во ниедна болница не можеш да се вработиш како општ доктор, освен ако не работиш во прва помош. За да конкурираш во болница треба да се распише конкурс па да ти дадат специјализација, врз која основа иначе ти ќе работиш во болница. Вработување во болница(клиника) по дифолт значи дека ти даваат специјализација, државата ти дава да специјализираш со што те вработува во таа установа. А за конкурирање и за вработување ич немој да ми кажуваш, мој близок се отепа од кункурирање и се знае кои се вработени тие што ќе фатат поголеми врски, така да ич не ми кажувај како се вработува и како се делат специјализации на сите тоа им е јасно.
Така е, не сум запознаена . Извини, ама врска нема ова што го имаш пишано. Не знам која година си од студии, рано е, ќе научиш, ама мој совет не се впуштај во дебати ако не си сигурна, не на форумов, туку онака во животот. Се вработуваат скоро сите прво како општи лекари во болнициве и после тоа ги праќаат на специјализација, некој одма, некој по 5, некој по 10 години, некој никад па си дава откази, секој со среќата. Погоди кој ги работи административните работи во болниците како анамнези и исписи? Освен на тебе. Ми викаш да не ти кажувам, ама еве јас фина па пак ќе ти кажам - за вработување сегде низ Македонија е иста песна, дека бараат врски никој не оспори, ама за земање специјализација ти кажувам, па ти сакаш прифати го сега или ќе си научиш за некоја година - просек, години стаж и оцена по тој предмет. И директорот лично да ти е татко е џабе ако има пред тебе некој со повеќе поени. Ќе си чекаш следен конкурс. И добро, сериозно не ти паѓа на памет дека ова е анонимен јавен форум и дека можеби упорно и реплицираш на постара колешка која веќе го поминала тој пат на вработување и земање специјализација?!
@anxxxxiety многу ли чекавте за оцена комуникации? Не ми се допадна оваа неорганизираност, 3 ден веќе индексот ми е таму, а оцена нема. А, ми треба индексот за полагање наредна недела, се надевам би бил готов утре - задутре
Кога однесовме пријави одма ни ги пишаа оцените во индекс.. Не знам што толку бавно сега Ако не отиди до кај нив и речи им дека ти треба индексот, ваљда ќе им текне дека имаат оценки за пишување
Кажавме и кога ги однесовме ама професорот не доаѓал на работа изгледа, а на секретарката и рекол да ги донесеме... И ја мислев одма ќе бидат готови, за психологија така беше. Фала ти, се надевам утре или задутре готов ќе ми биде.
Искуство од постарите генерации за полагање практичен Физио 1? Отприлика професорите како се и што бараат..
Јас полагав кај проф. Лидија Тодоровска физио 1 ама со физичко присуство беше тогаш, сега не знам како ви е, влечевме 1 вежба од практикум, а второто прашање беше од неа за ЕКГ вежбата (сите што полагавме нѐ праша нешто од ЕКГ), и може да потпраша нешто од колоквиуми, ама тоа што го потпрашува е нешто основно шо секој би требало да го знае.. Ете се надевам дека ти помогнав
Јас до сега не сум сретнала доктор на општа медицина да работи во болница, а тие административни работи на клиника ги работат нововработените специјализанти, последна година сум, ама тоа нема врска имам роднини што се доктори и многу колеги и колешки така да сигурно нешто знам и не реплицирам туку да се најдам во муабет.
На Клиника работат специјализанти. А во болниците низ периферијата (нели специјализантите се во Скопје), кој работи таму? Во неклиничките болници во Скопје? Ти кажале, не ти докажале, или не си разбрала ко што е. Супер што си при крај, еве здравје кај и да е ќе почнеш да си бркаш конкурси за работа, па ќе видиш дека уствари скоро сите огласи и СИТЕ врски уствари се за да се вработиш како општ доктор во болница, како специјалист откако сам ќе си ја платиш специјализацијата (приватна), сегде ќе најдеш работа.
Точно Читам колку си сигурна во себе, а врска нема, уште и се убедувате. Конкурси било каде се за општ доктор и на клиники и на институти и по здравствени домови секаде. Инаку имам завршено и на спец. сум