Искрено јас не знам дали да очекувам или не, иако кажаа така. Сепак за сите колоквиуми 1 недела сме чекале, за третиот ептен долго беше. Сега плус и паднатите се, секоја чест ако стигнат да испрегледаат.
А се ближи и датумот веќе, стварно многу се спори.... Не верувам дека ги прегледале искрено, или ради реда пишале поени
Мене ќе ме чуди ако објават денес зашто за претходниот им требаше толку време, а сега се полагаа многу повеќе колоквиуми.
Дали некого пуштиле за 0.5 физиологија на увид? 4тиот колоквиум за 0.5 не ми е положен, малку криво ми е, има шанса да ме пуштат за да пристапам на завршен испит?
И мене исто ми фали, пола бод... Ама што е со прашањава, мене без навреда ми личи како од ракав ставани бодови.Буквално прашања кај што имам се убаво и концизно опфатено ми се оценувани со 1.5 и 1 бод, значи нема шанси
Јас положив со минимум, ама исто како што кажа на есејските како што им текнало ми бодувале. Многу ми е криво што толку интересен и важен предмет за учење, онаква ,,квази" катедра го предава.
Ги потценивме за резултативе Шала на старана вистина од ракав им се давани, буквално на прашање на кое воопшто не се сомневеав дека ќе ми скратат ми скратиле и воопшто не знам зошто. @Lollipop_123 и @Angie1432 пишете си мејл на професорот според прашањето, може па ќе добиете одговор.
Јас многу убаво пишав ама нешто со колешките не сме на иста фрекфенција за тоа не се разбираме убаво .
Колешки, дали на некоја од вас и е ставен потпис имунологија? Гледав на iknow, кај мене нема, а треба да заверуваме семестар
Не, нема... И ја тоа деновиве со колегиве баш зборам, си викаме да не нешо не ни даваат потпис, чудна работава , рекоа листа со поени од вежби ќе извадат и кој добива потпис уште одамна ама никаде ги нема... Чим нема кај сите, без грижи. Ваљда нема на сите да НЕ дадат.
Ни листа, ни презентации од вежби, ни презентации од предавања, ни видеа со снимени предавања како што зборуваше проф. Трајков, ништо не добивме. А мислев дека се организирани, ептен добар впечаток имав. Потпис се надевам ќе добиеме, секако до анатомија не можеме да запишуваме, индекси мора, а во деканат може да ги заглават како секогаш.
Да ве прашам кај гледате потписи? Зашто јас ги запишав предметите од четврт семестар и ништо не ми покажува