А од проф. Киријас потпис ќе земаме за имуно нели, она си е шеф сега? За во заверка на семестар листот прашувам дали неа да ја пишам?
Браво за проф.Тодорвска што на сите ни даде по 0.5 поени што ни фалеа за пролаз на завршниот колоквиум, пријатно ме изненади
Јас полагав, влечев регија од рака и регија од нога, ги раскажав и во склоп на регијата ме праша практично да покажам (врати се неколку страни наназад во темава имам детално напишано)
Јас сум полагала усно, највише прашуваат за методи на преглед и слики - анатомски структури да покажеш и ако гледаш, ако има некоја патологија
Што викате вие има ли обичен смртник без врски со 5.00 успех и солидна матура(макс. една 4ка) шанса за упис оваа година со оглед на квотата од 200 студенти...? А и дали општо има некаква перспектива македонскава медицина без разлика дали тука или странство(кои земји?) зашто гледам сите што планираат медицина ќе идат странство, значи дали е доволна само желбата и љубовта кон медицината за да се успее со факултетот при УКИМ или тешко. Се изначитав мислења и се некако црно ми се гледа, а и блиски мои цитирам АКО НЕМАШ ДОКТОР ВО ФАМИЛИЈА БЕГАЈ ОД ТАМУ. Фала Ви
Може зошто рангирањето иде електронски, поените и успехот никој нема да ти го земе. Иначе и мене тоа ми го викаа и моите дома, не сме доктори, ќе се мачиш на факсот, не се запишувај, што си запнала тоа па тоа. Па си се запишав. Ама затоа не можам да се пожалам, ми викаат одма е сама си го сакаше тоа, ние си кажавме на време ти не не слушаше. Се успева ваљда со челични нерви и посветеност, истрајните успеваат. Бар така викаат.
Ќе се запишеш, мисли матурата одлично да ја поминеш за друго не се секирај. Перспективата до некаде и сама си ја правиш, зависи кои ти се желбите и очекувањата. Не слушај кој каде ќе оди, бидејќи тие се само планови, на крај од сите што планираат само неколку ќе заминат, зашто толку и примаат. Доста од колегиве аплицирале за странство, па ете сега сме колеги, не ги примиле, бидејќи ептен мала бројка примаат на странски студенти. За да успееш на УКИМ не само за медицина, општо ти треба живци и упорност да не се откажуваш (таа доаѓа со љубовта и желбата). Црно изгледа бидејќи ние овде само се жалиме, немаме каде да пренесеме фрустрација, па тука ни е најлесно. Во реалност не е се црно има убави работи секако (пример колешката погоре пиша како проф даде 0,5 поени на сите што им фалеше за да можат да се јават на усно). И не, ако немаш доктор во фамилија бегај од таму, се успева и ако не си докторско дете или роднина. Познавам доста што успеале, со учење и упорност се успева.
Јас полагав Физио 2 завршен кај проф. Тодоровска на сите шо им фалеа до 3 поени за повисока оценка им додаде. Велеше: "Јас сум последен професор во алката, така да јас одлучувам".
И на увид за физио на клетка она даваше поени, на другар 3 бода му додаде на есејско и си положи, а друга професорка не му додала, па на крај неа ја нашол за нејзиното прашање и испаднала фер. Браво за ваквите професорки, ретки се, што ни излегуваат во пресрет на студентите.
Убаво си имаше пишано ако имате на моите есејски пишувано можам да ви дадам 0,5 и навистина жално е последен колоквиум од кој ти зависи дали ќе полагаш усно сесијава или не, да не го положиш заради 0,5, а сите три претходни си ги положил.
За микро 1, оснир и хигиена шо книги/практикуми требаат? ОСНИР да не е само со презентации случајно, така имав слушнато? Да си купам сакам деновиве се шо ми треба. Биохемија 2 остануваат истите книга и практикум од биохемија 1 претпоставувам?
Микро 1 има книга од копирница тоа ти е општиот дел, а практикум купувавме оригинал од книжарата во деканат. Оснир беше доволно од презентации. Хигиена исто моеш од копирница да земеш, имаш два дела едниот е екологија, а другиот е храна, ама даваат и презентации можеш и од таму да си учиш, како сакаш. За биохемија не знам постара генерација сум, сеа ви е сменета програмата за полагање