Оваа се намалува, до сега по 300 примаа. Микро 1 оригинал практикум ама го купуваа од рандом личност (тој што продаваше атласи и сл), го нема во деканат (освен ако не го донесат семестаров). Биохемија останува исто, освен ако нешто треба од Харпер или предавањата од Богданска.
За Хигиена ќе дополнам, јас кога полагав учев само од презентации. Тие книги по Хигиена се огромни и сметам дека нема потреба од таму да се учи но, можно е да има некои промени во полагањето на предметов па презентацииве да не се користат толку ама сепак пак ќе речам премногу инфо има во книгите. Патофиза би требало да има книга во деканат, ако нема ќе копираш од копирница, а за физио 2 барем за нас немаше книга/учебник туку скрипта од копирница. Физио 2 материјалот беше хаос, де од скрипта, де од презентации, ми се чини од секој професор посебен материјал имавме.
Некој што полагаше практичен анатомија 1 летово во условиве на пандемија да каже дали сите 2-3ца што сте во термин заедно влегувавте во дисекциона или еден по еден? Повеќе професорки во иста дисекциона сала ли се? По еден или повеќе студенти на еден леш? И нешто искуства околу полагањето? Бараа многу да им се покажува, регијата бараа лекциски да се раскаже или набрзина набројуваш што се има? Оваа година и само една вежба во дисекциона имаа анатомија 1, може и нема да бараат премногу на леш да се покажува... Секое позитивно искуство би ми дошло добро у моментов пошо утре полагам практичен.
Јас полагав, ме праша само за некои мускули да и ги кажам кои се, и некоја артерија и нерв ме праша да и покажам, сама бев на леш затоа што тој што полагаше со мене не ги положи колоквиумите, а иначе бевме во просторијата каде што имавме вежби, не во дисекциона. Ама сепак мислам дека зависи од професор до професор Со лесно и со среќа
Јас не полагав сега, ама професорката, и пред пандемијава, ми бараше баш најосновни работи да покажам, lig. inguinale, m.sartorius, m.triceps brachii.. Повеќе усно кажував, ама ни тоа не ми го бараше детално, накратко, повеќе да набројувам, отколку да раскажувам сакаше. Лично мене, ми беше полесно од колоквиумите, иако очекував дека ќе биде многу страшно и претешко.
И јас не полагав сега, се надевам ќе ти користи искуство плус. За покажување најчесто ги бараат само мускулите и ептен во регијата ако ти се погоди некој нерв или артерија што може да се најде (што е останата). Само набројување бараат, најбрзо полагање е завршен, колоквиумите се пострашни. Воопшто да не се грижиш ќе положиш. Едит. Повторете ја fossa axillaris сите што полгате, на доста колеги им се падна неа.
И јас сама полагав, последна бев, извлеков регии, ми се падна palma manus нешто се измешав дур раскажував и за 2минути заврши моето полагање, не покажав ништо, не стигнав до тоа. Ама тие пред мене брзо завршуваа и сите положија. Само со практичен бевме неколку останати во август и како излегуваа викаа дека не ги гњавела многу професорката да и покажуваат.
Искуства со физио 1 практичен што како се случува? Тешко ли е , што треба да се учи настрана испитните?
Дали физио1 завршен ќе знаеме ден пред кај кого сме или на денот? Имам дојава дека Сања и Сунчица бараат делови од рес, крв и квс и мислам дека доста се задржувам на тоа, а да не испадне дека сум кај некој што помалце бара од теорија па да заборавам на вежбите.
Decki aj kazete iskustva so prof. Zafirova na zavrsen ispit anatomija 1 tie sto se imate padnato kaj nea?