Извлеков regio brachii anterior и цело стапало (и дорзум и планта). За првата регија, кога ќе почнеш граници обавезно покажи ги и горе и доле, после се што ќе кажуваш покажувај на леш и мускули и артерии и нерви, се што знаеш покажувај, немој никако да чекаш професорката да ти каже да покажуваш рацете никако у вис или до тебе доле, никако. Тоа што нема да има на леш ќе те тера да импровизираш кај поминува (а и некои работи случајно ако не ги препознаеш, поситните нерви или артерии покажи со рака отприлика кај треба да поминат, и кажи усно), нема да ти направи проблем. Обавезно повтори гранки и протегање и на артерии и на нерви и за рака и за нога, кое кај завршува и што инервира. За стапало ме праша граници, да ја покажам a. dorsalis pedis, мускулите.. се. За нога, сензитивна инервација на regio glutea да ја пееш, и воопшто сензитивна инервација да ја знаеш, и немој да ги скокаш лимфни јазли Немој да паничиш, ако имаш научено убаво ќе положиш. Имаш право да направиш 1-2 поситни грешки, не е вистина дека бута од прва ако не знаеш. Ти посакувам многу среќа
Ќе си copy-past-нам мој одговор од септември. “Jaс полагав кај неа (проф. Јулија) во јуни, супер е професорката, стварно сака да го извлече најдоброто од тебе и да те положи. Посвети внимание на radix mesenterii, односно каде се припојува истиот, поделба на абдомен, односно како е поделен со мезоколон, (супра и инфрамезоколичните катови, добро научи ги), овие две работи треба добро да ги знаеш (паѓаат ако не ги знаеш истите). Прашува бели дробови, утерус, гастер, хепар.. Да не набројувам, од се прашува по нешто, ама онака главни работи, да знаеш инервација и васкуларизација на органи, синтопски соодноси и сл.” Да надополнам, дека тогаш, во Јуни, бар оваа професорка, а колку што знам и доц. Аце, не не носеа во сала, ама мислам тоа е индивидуално, од професор до професор.
Кај проф. Зафирова again (таква ми е среќата ). Цела анатомија 2 полагав кај неа. Tоракс, за срце ме праша десна комора и преткомора, за бели дробови ме праша за хилум, и како се распоредени крвните садови и главните бронхи, што е напред, што позади, после ме праша ако бебе се роди живо и го убијат, а на мајката и кажат дека се родило мртво, како ти ќе докажеш дека уствари се родило живо а го убиле (пак во врска со белите дробови), практично ме праша дијафрагма со n. phrenicus, мислам тоа беше, може имаше уште нешто ама не ми текнува. Абдомен ме праша желудник комплет, бубрези и хепар комплет све (делови, соодноси, васкуларизација, инервација) и да и направам споредба на портален крвоток во бубрези и хепар, aorta abdominalis све соодноси, уште некоја поситна артерија ама не ми текнува, шантовите кај вени, практично прашање беше поделба на абдомен по компартмани, и така блиц кратки прашања ми поставуваше не се сеќавам на се. Карлица фасција ендопелвина да ја знаеш обавезно ако си кај неа, лигаментите сите од кај до кај се протегаат, што поврзуваат, кое со што комуницира, m. levator anni ме праша, од органи машка уретра и туба утерина, и практично прашање ми кажа centrum tendineum уствари мислела на перинеално тело. Се на се професорката беше навистина коректна, дава време да размислиш, ако заглавев негде помагаше или ми мењаше прашање. Гледај да знаеш основни работи, и да ти е сфaтен материјалот, да види дека имаш претстава што зборуваш, дека не ти е бубано на памет и нема да имаш никаков проблем. Со среќа
Од торакс: медијастинум, бели дробови сегменти, хилум, срце, негова васкуларизација и инервација, града. Абдомен: абдоминална аорта, катовите, radix mesenterii, рецесусите, хепрар, слезина, бубрег, дуоденум, панкреас, дебело црево, гастер, соодноси на органиве, васкуларизација и инервација. Карлица: тие фасциите колесова, plexus hypogastricus inferior, матка, мочен меур, овариум, аднекса да знаеш, најмалку замараат за карлица. За на леш, зависи од проф може ќе те однесе може не, Аце носеше првпат читам горе дека не носел, изгледа од моментот зависи дали ќе полагаш на леш.
Полагав како три колоквиуми, првите два кај ники, а последниот кај живадиновиќ. Ники прашува се и лимфи и многу од тие поделбите на абдоминални и торакални празнини а живадиновиќ ја утепа од прашување fascia renalis i ректум исто. Живадиновиќ не ме однесе на практично буквално само усно полагав а ники ме праша практично на срце за трункусот и толку, исто ники прашуваше и за проекции живадиновиќ ништо од тоа.
КВС обавезно бидејќи кај кој проф и да си добиваш прашање за екг,после јас полагав кај проф сунчица таа потпрашуваше за крв,и респираторен но во глобала прашуваат поважни работи како надоврзување на испитните прашања.
Фала на споделените искуства колешки вчера баш ми помогнавте да знам како е. Положив конечно и јас анатомија 1.
За да завериш семестар колку потписи се потребни , се уште немаме потпис по Имунологија , Молекуларна биологија тој институт секогаш ли каснат вака , во индекс имам 3 потписи а на ајноу 2 од други предмети. Како оди ова за заверка на семестар ако може некој да објасни колку потписи требаат и дали мора да се во индекс или на ајноу?