10 луѓе што полагаа денеска анатомија 2 познавам и сите паднале. Има ли надеж воопшто за нас во понеделник или да земам генетика да спремам дур е време? @Dream-Girl ти стално си позитивна и повеќе од мене познаваш што полагаа, кажи нешто, почна да ме фаќа паника дека ќе се паѓа пак...
Исти информации стигнаа и до мене, лошо прошле денеска тие што полагале. Ама нема сега откажување, ќе пробаме, ако не јунска здравје боже. Да ти кажам немам сили веќе за катедрава, ќе запнам колку можам сега деновиве, нека биде што сака, ќе отидам на полагање битно. Не се предавај толку лесно.
Последна сесија пред презапишување е, нормално дека вака ќе е. Се чудам зошто јас се чудам на ситуацијава не за друго. Како да не не зезнаа вака во август што имавме анатомија 1 ние. Демек јас за 3 месеци нешто повеќе научив анатомија 1 од тоа што знаев во август кога паднав, а ни вежби, ни предавања нивни слушав . Ама сега не беше последна сесија па не пуштија. Јасно ми е. Ајде во јуни/јули ќе положам ова се надевам.
Колеги, не се демотивирајте така. Јас кога полагав колоквиум за глава, нашата група се паднавме кај една од “построгите” професорки. Кога излезе професорката, го имаше списокот во раце, значи од групите пред нас што беа, видовме дека само 2-3ца положиле. Си реков готово, ќе паѓам и јас. Ама не паднав, положив, и уште половина од мојата група положија. Не значи дека ако некој поминал лошо, и вие ќе поминете. На толку повторување, верувам дека ќе положите, немојте да дозволувате стравот од професорот да ве демотивира. Со среќа!!
Ме изнасмеа.Ова и јас си го мислев искрено како за 4 месеци толку разлика да има, но се тешам дека од трема тогаш може сум оставила впечаток дека не знам па ме паднале, сега бев полабава, не сакам да мислам дека намерно ме паднале, чисто да не изгубам демотивација за студирање. А, вистина ја повеќе ги учев предметите од втора што ни се нови, отколку анатомија 1 последните месеци, ептен само онака повторував недела дена пред полагање и одев да полагам, смачено ми беше истото да го учам по 90ти пат . А, цело лето па само анатомии учев дека се друго положено ми беше и баш полошо поминав на толку учење тогаш. Има некоја вистина и ова твоето не викам не. Ајде, ако положам случајно во понеделник Ивкова слава ќе правам. Надежта мене не ми умира дур не пројде полагањето.
Не откажувајте се. Не значи ако денес било лоше дека ќе е и за вашето полагање. Верувајте што помалку се замарате околу професор, расположение и други глупости, поубаво се поминува. Што ти е повеќе спремно, на тоа фокусирај се и полагај.
Здраво колеги..Дали знаете колку сесии траат микробиологија 1 и хигиена? Јас сум трета година и не знам дали треба да ги презапишам овој летен семестар бидејќи ми се неположени.
Ти благодарам, а дали знаеш генетика од прва година и имунологија од втора и тие ако ти се неположени треба да се презапишат?
Генетика ти важи уште оваа сесија, ако не ја положиш и неа треба да ја презапишеш, а за имуно стварно не знам како е (втора сум и сега ми е слушана) нека каже некој друг
Да се надоврзам, без разлика кај кого полагате, ве замолувам да одите без страв и да не дозволувате лоши искуства од други колеги да ви влијаат на расположението. Од лично искуство ви кажувам. Полагав колоквиум анатомија кај ,,строг" професор. Си имав учено солидно, ама кога видов кај кој сум многу се исплашив и буквално знаењето испари од мене. Влегов таму, почнав да одговарам и запнав на последните, најважни прашања. И нормално си паднав. Излегов од канцеларија, кога ми се смирија емоциите си ги поминав низ глава прашањата што не ги одговорив и ми текнаа одговорите буквално до детал. Се сеќавав дури и на кое место од страната се наоѓаа одговорите. Затоа, на полагање одете сталожени, смирени и кога одговарате бидете сигурни во себе. Ако сте вакви како мене, дури подобро е и да не прашувате за туѓи искуства. Ви посакувам успешна сесија!
Радиологија или нуклеарна веќе не беше услов за упис на четврта? Само потпис нели направија да е за некој од тие предмети фсс или тоа важеше само за минатата година? И браво за положените колешки. Се уклучив неколку саати пред полагање анатомија 3 за да најдам мотивација да одам на полагање од вас, знаев дека ќе положите.
Нуклеарна не беше услов лани, не гледам причина зошто оваа година да биде, ама прашајте си за секој случај
Биохемија освен професорката Цековска друг некој увид ќе даде ли? За 1 бод сум паднала на теоретскиот дел, другото се ми е положено. Положи ли некој се биохемија, задоволни ли сте со резултатите, мислите дека сте реално оценети?
Даваа увид и проф. Богданска и проф. Лабудовиќ кога полагав кај нив колоквиуми знам дека колеги имаа увид, а знам другар и кај проф. Ирена исто на увид беше еднаш. Пробај си, сепак е само 1 бод, може на некое есејско ќе може да ти го попуштат поенот, не се знае, не губиш ништо. Инаку да, јас положив и сум задоволна, колку напишав толку и ми е оценката, мислам дека од катедрава секогаш сум била океј оценета, немам замерки, реални се.