Здраво на сите. Дали знае некој од каде би можела да купам Куби Имунологија? Знам дека е од Табернакул ама мислам дека веќе не работат. Или ако некој случајно продава нека ми пише лична порака
Мислам дека веќе не печатат учебници Имунологија и не се продаваат. Тие што останале се по библиотеките низ факултетите и другите библиотеки низ градов. На оглас еднашка ја имаше некој што ја купил ја продаваше но мислам дека ја нема никаде да се купи како оригинал ,јас исто сакав да си ја купам.
Да се надополнам не вреди книгата да се купи, лош е преводот на македонски. Кјуби на англиски би можело да ја има во академска книга и таа веќе вреди за парите.
Тие што полагавте завршен денес и вчера анат ако може да споделите искуство што ве прашуваа поконкретно за цнс и органи?
Јас полагав кај проф. Наќева, влечев прашања и извлеков функционална поделба на мал мозок, хипоталамус градба и tractus spinocerebellaris anterior. Потоа, професорката ме праша plexus pharyngeus, ендолимфа и перилимфа, ирис градба и ventriculus laryngis и после ме однесе на практично
Јас полагав кај проф. Матвеева. 20тина минути ме прашуваше само за ЦНС, од анатомските градби скоро ништо не ме праша. Кранијалните јадра обавезно ги прашува детално да се знаат, потоа релејни јадра на некој дел од мозочно стебло, па потоа оди на трактусите детално ги прашува и невроните да се знае точно кај одат, кои се, кои патишта, јадра се вклучени, буквално се бара од тој дел. Па за јадрата на таламус, како се поделени, функција, па да се набројат. Исто така и хипофиза сака да ја прашува детално со се хормони, хипоталамус-хипофиза оската. Ако го поминете тој дел добивате само по едно многу општо и лесно прашање од органски системи и сензорни органи. Исто така практичното тука во канцеларија кај нејзе се полага, добивате едно прашање. Не конкретна регија туку нешто како на пример: ѕидови на птеригопалатинска јама, површна инервација на врат и слично. Искрено, многу добри искуства ми споделија за нејзе, ама ова ми беше најнапорното полагање од Анатомија катедрата. Сум полагала и кај проф. Зафирова и проф. Додевски, што ги сметаат за терсене, ама многу поубави искуствата ми беа кај нив.
Некој од постарите колеги да сподели искуство за практичниот испит од Физиологија 1 кај било кој професор? На кој начин се одвива полагањето?
@motojlo претпоставувам дека беше четвртокот, бидејќи дента сите беа исцрпени од кај Ники, за разлика од вчера што повеќето биле пресреќни и предобро си поминале. Ептен се согласувам со тебе @Dream-Girl бидејќи не е баш се црно и бело. Има доста добри искуства кај строгите, а доста лоши искуства кај добрите. Еве за тројка се жалеа од Папазова. Секое полагање е индивидуално. Поради тоа кога прашувам за одреден професор обрнувам вниамние на начинот на испрашување и типот на прашања, бидејќи се останато зависи од околностите за време на полагањето.
Ајде по некој збор за државниот испит за лиценца. Литература за подготовка, база на прашања дали има ?