Јас полагав кај проф. Матвеева вчера, и искрено, не сум задоволна. Се изненадив, бидејќи сите ја фалеа. Вака океј беше професорката, фина, ама не би рекла дека е многу коректна од мое искуство, сепак, не можам да кажам за други. Еве кај проф. Зафирова, што ја кажуваат за многу строга, поминав супер, и беше ептен коректна, а вчера кај проф. Матвеева не положив, иако сметам дека доволно кажав за положување. Изгледа сепак е индивидуално, бидејќи голем број колеги беа многу задоволни од професорката. Мене лично, воопшто не ми се допадна нејзиниот принцип на испрашување. Од проф. Папазова, и од проф. Живадиновиќ, сум презадоволна, ептен коректни, колку што знаев, толку и си добив.
Сега знаете од кај ми се траумите пред полагање анатомија. Прво усно полагање на факс уопште и прв колоквиум анатомија кај проф. Матвеева лани, такви стравови ми останаа од усно полагање, што еве година ипол уште кога одам да полагам анатомија не проаѓаат. Од страв и најситните детали ги учам, се си мислам ќе ме прашаат такво нешто и други.
И мене ме прашуваше многу детално, и и покрај тоа што и одговорив скоро се, не ме положи. Не сакам да обвинувам професори, за тоа што сум паднала, и не викам дека одговорив за 10ка, ама не сметам дека бев за паѓање. Зборував со колеги кои полагаа кај други професори, и кажаа дека никој не прашувал такви прашања. Во ред е да си бара знаење, така и треба, ама мислам дека овој пат, професорката бараше многу повеќе отколку што реално може да се запамети, и ако не одговореше баш целосно, не ти го важеше за точно.
Иначе паднав јас, иако и самата сметав дека доволно кажав, а и колешката што беше внатре со мене цело време мислела дека на толку кажано ќе ме положи со солидна оценка. А и тоа што ме испрашуваше цели 20 минути ми даваше надеж дека всушност има намера да ме положи. Не можам да сфатам што сака да и кажеме, имаше прашања што целосно ги одговорив, имаше и такви што одговорив можеби 60-70% ама не оставив ниедно неодговорено и пак не беше задоволна професорката. Затоа има оценки од 6-10, а не или 10 или паѓаш. Не сум тажна или депресивна затоа што паднав, туку сум само изреволтирана. Единствено позитивно во ова е тоа што добро си имав научено за овој семестар и за на лето ми остануваат само некои финеси да доучам, па се надевам дека ќе извадам добра оценка после толку учење и повторување.
Добро од 350 пријавени за полагање, 400 паднаа? Не е шега, ама никогаш не се случило толку многу да паднат, некако имам впечаток или 10ка или паѓаш беше за тројка, како измеѓу оценки да нема.
Не не, зборувавме за проф. Матвеева, кај други професори убаво си поминале повеќето. Барем овие што ги познавам јас.
Може дека сте положиле анатомија 1 и 2 во јануарска и јунска лани па немате впечаток колку многу студенти паѓаат по сите 3 предмети и лето колку многу бевме што полагавме анатомии. Нејќете да знаете колку голема бројка на луѓе бевме презапишани по анатомија 1 и анатомија 2 на колку им имаше останато... Не за џабе е муабетот, ако положиш анатомија сметај дека од д-р, веќе д-то го имаш барем. Штознам еве толку катедри пројдоа, уште со ниедна не видов толку проблем ко со нив. Па и на физио и биохемија еве не гледам премногу презапишани да имаше (ако не грешам во споредба со анатомија). Тоа е, малку сложени се, ги навикнав јас. Ама ќе запнете, лето верувам ќе си средите.
Јас од анатомија, целокупно како катедра сум задоволна, но конкретно, професоркава не ме воодушеви . Биохемија ми се супер, освен што даваат нехумано кратко време за колоквиуми/испити, ама општо, коректни се. Физиологија не ги обожавам баш, предметите им се преинтересни, но нивниот однос кон студентите, воопшо не ми се допаѓа.
Точно да, јас исто од биохемија сум задоволна иако за испитот навистина беа обемни прашањата, а времето прекратко беше... Но, сепак многу положуваат кај нив. Физио исто, гледам од колегите со кои се дружам, читам во генерациската, малку нехумани услови, но генерално кога имаше некој список за презапишани 50 студенти како да видов (што ако споредите со анатомија не е голема бројка), анатомија 3 некаде видов дека се 140 презапишани. Отприлика толкави се бројките и за другите две анатомии. Цело време има милион списоци по групите, не памтам веќе и ја што се имам прочитано , но груби претпоставки. Ако ништо друго барем физио лето ќе положат повеќето. Иако вака гледано и мене не ми се допаѓа какви услови ви даваат со полагањата моментално.
И кај други беше вака И другпат не положуваат, ама сега некако ептен приметно беше. Голема бројка презапиша анатомија 1, а и за двојка имаше доста неположени (повеќе од прв рок во септември имаше табели). И физио и биохемија има, само не знаеш кој првпат слуша, кој презапишува. Некако ја нема таа поделба како анатомија презапишани студенти во друг ден да полагаат (како годинава). И лани на анатомија не се приметуваше презапишани бидејќи си полагаа редовно со нас.
Анатомија 3 во трета година имаше на почеток список кои се презапишуваат анатомија 3, другарка ме замоли да проверам дали е запишана уште пред да го пратат и тогаш видов дека 140тина се на број. Да, да, не ги делат веројатно зошто не слушаат многу предмети тие шо немаат положено анатомија 3 , а вака со анатомија 1 и 2 и во втора се поклопуваа полагања со биохемија 1, па мораше така. Бар за тоа фер испаднаа, стигнавме секаде да полагаме.
Ве читам и не ми се верува. Зошто Ники толку да паѓа студенти? Ние кога полагавѓе, таа и Живадиновиќ ни беа најсрцки. Се тресевме од Стратевска и Лазарова најмногу, тие беа така построги...
Не знам и јас се зачудив. Кога видов дека сум кај Ники дури и се израдував и на крај ете така. Од мое лично искуство подобро би полагала кај проф. Зафирова отколку кај Ники. Барем кај нејзе си на чисто, ако не кажеш нешто одма те паѓа, а не пола саат да те врти и да ти рече на крај колешке во јуни ќе си положите, таман до тогаш убаво ќе си повторите се.
Од траумите летоска со анатомија 1 и 2 тоолку мака ми е за 3 што ја одолговекувам, имам до цнс научено и страв ми е да продолжам, а имам чувство дека уште поголема траума ќе имам во јунска од неа
Немој да се стресираш, ете кај проф. Наќева прашањата биле ептен базични, проф. Живадиновиќ исто имала разбирање за ЦНС. Исто слушав и кај проф. Чадиковска и Трпковска убаво поминале. Не знам само за кај Аце и Зафирова, тие се поспецифични малце.
Не се нервирајте. Се' ќе помине. Знам дека се многу непроспиени ноќи, стресови, трауми буквално. Ама се ќе помине. Ова од паталец поука ви кажувам хаха. Анатомија 1 положив комисиски, пред три професорки полагав - Лазарова, Зафирова и Папазова. Тогаш бев пред онесвестување, ама се' поминува. Не се разочарувајте, само борете се до крај и не губете надеж.
И да ја надополнам колешката, ЦНС како ЦНС, и не е толку тежок, ама си бара повеќе време за спремање. Почни си да го спремаш порано, и ќе успееш да го научиш, гледај да не задоцниш многу.
Колега од група кај Зафирова многу убаво поминал вчера, многу општи прашања го прашувала од цнс, дури за органи му рекла за кој сака тој да зборува, просто се изненадив
Знам дека повеќето колеги не сакаат толку да полагаат кај проф. Зафирова. Ама мене според моите принципи на учење најповеќе ми одговара нејзиниот тип на испрашување. Си поставува прашања на кои бара да и одговориш со кратки, јасно и директни одговори. Не сака многу полемики на долго и на широко. А и карактерно некако супер ми е. Ја обожавам жената. Не знам, можеби сум ја фатила во добро расположение кога полагав, ама кај нејзе полагањето ми беше едно од поопуштените.