И јас супер поминав кај неа. Памтам дека од трема се блокирав, и ептен се трудеше да ме потсети, се гледаше дека намерата и беше да ме положи. Кога виде дека имам учено, се обидуваше и со асоцијации да ме потсетува, да ми помага. Можеби е променлива, можеби јас ја погодив во добро расположение, ама навистина беше коректна.
Какво искуство имате со Проф Таушанова од катедрата за статистика и епидемиологија? Особено во поглед на оценување?
И јас имам многу добро искуство со проф. Зафирова. Камо кај неа да полагав, веќе неколку пати се паѓам кај проф. Папазова и не положив анатомија 3 кај неа. Мислам дека нема стриктно лош или добар професор, индивидуално е, а и до среќата е некогаш, дали ќе ти се погодат прашањата и дали ќе се збуниш од трема или не. Се утешив кога видов дека не сум единствена, многу паднавме оваа сесија, повеќе среќа ќе имаме в лето се надевам.
Па, искрено јас немам полагано, но баш мои најблиски колеги да. Некако скроз од крајност во крајност ко што ми кажуваа. Колега 9ка, колешка 6ка кај неа иако имаа и двајцата на колоквиум високи поени... Но, само од усно изгледа оценува и од како и е денот. Колешката моја не беше задоволна баш, и се развикала нешто плус, пак доаѓа до тоа дека секое полагање своја приказна, сто различни искуства кај иста професорка...
Мене прпф.Папазова со два колквиуми ми рече не можам двата да те положам и ако си за положување од тука е трауматa
За биостатистика најзадоволни беа од кај неа. Ретко некој ако падна. Е за оценување имало и по некоја 6ка, 7ца, ама во глобала сите биле од 8 нагоре.
Пред некоја страна правевме статистика таква со колешката @petrova89. Иако беше на шала од моја страна да ти кажам има и некоја вистина во тоа. Ама ајде битно помина. Назад да се вратиме нема да ги смениме паѓањата и неправдите, да не се полниме џабе со нервоза и демотивација. Fall seven times, stand up eight ми е мото мене. Па нека не сум им во бројката за положување таа сесија, не се предавам, ќе полагам дур не положам. Колку и да изгледа смешно и трагично вака кога ќе се прочитам.
Јас пак кај Папазова, два пати имам полагано, и од двата пати сум задоволна. Особено од завршниот анатомија 1, и добри поени ми напиша професорката, ама и ич не ме замараше, баш базични работи ме прашуваше. Изгледа индивидуално е сепак, не треба да слушаме многу што зборуваат другите.
Имам полагано и анатомија 1 и 2 испит кај проф. Зафирова. Исто буквално како што кажа ти, од страв, од трема од сите муабети што се вртат за неа се блокирав, посебно за анатомија 1, и жената навистина се трудеше и да ме потсети и ми помагаше. Навистина се зачудив, уопште не беше како што ја збореа. И самата ми кажа на крај тебе памет ти извадиле што ќе полагаш кај мене изгледа Навистина имам добро искуство кај неа, ако навистина знаеш никогаш нема да те бутне, ептен ретко да се случи такво нешто, додека кај сите други професори и вака што имам слушано и тука што имам читано, и навистина што знаеле па паѓале. Јас полагав кај неа, во врска со прашањата, се држи до испитните, можеш слободно да учиш од скратената скрипта само плус прочитај од книга за работна и нулта хипотеза тоа прашуваше и демографска од книга да ја знаеш, пошто тоа е нејзин дел и обавезно како второ прашање добиваш нешто од таа тема. А во врска со оценувањето, ќе бидам искрена, 70% оценките како да ги тресеше од ракав, буквално како ќе и дојде така. Мене ми стави 9ка, можам да кажам ми се посреќи пошто имаше колеги што стварно знаеја, раскажуваа и со примери и се, и добри поени на колоквиумите па им стави 7ци.. А од друга страна имаше и колеги на кои им ги влечеше зборовите од уста па им стави 8 и 9.. Нема правило, како ќе и дојде така, али најбитно сите положивме.
Криво ми е што со 3 положени колоквиуми ме паднаа. И што луѓе кога ќе дознаат дека си изгубил година и си презапишал услов те сметаат за глуперда што туку така со сила го тера факултетот дошла онака да студира, а не ја знаат вистинската приказна. И најгласни муабети зад грб се вртат од тие со врски што 10ки земаа во рок, како види ги заглавија, леле глупаци, леле како уште студираат, јас да бев да квадрирам година ќе се отпишам, толку сесии дури анатомија 1 и хемија не положиле. И ти имам кажано ти се восхитувам како се игнорираш и уште си толку мотивирана, ич не ти е срам ниту гајле и си толку упорна, мене многу ме демотивираа со се што слушам и што доживувам околу мене и немам никаква енергија веќе. Ама се трудам, ќе се трудам да си ја вратам желбата за полагање и учење. Реков нема да пишувам веќе освен ако немам да прашам нешто, после ме прават дрска во темава и дека со сила сум го туркала факултетот и сум се жалеа ама не знаат колку е тешко кога слушаш муабети од колеги што порано биле со тебе во групи како види ја оваа што полага уште, а ние каде сме, анатомија 3 веќе положивме. Без цитирање ве молам.
Баш треба да се гордееш што после толку паѓање и маки сега положи, со свој труд, упорност. Нема зошто да ми е срам, ако некој ми се сити на мојата/туѓата несреќа, негов проблем. Јас си се гордеам на тоа што сум упорна и посветена на тоа што го правам. На кој му е смешно нека му е. И мојата диплома за 7 години земена и нечива во рок ќе биде иста, на работа нема да им е гајле за колку години сме завршиле туку колку ни е знаењето. Мисли си така и ако стварно еве си дознала дека некој така збори нивен си е срамот, твој не е во никој случај. (Намерно не тагнав и цитирав дека нејќеше еве нека биде генерално за сите кажано).
@petrova89 ич да не се замараш што ќе речат другите. Секој треба за себе да си гледа. Познавам колеги кои не положиле, влечат години заради различни причини здравствени, смрт на блиска личност па период на депресија, анксиозност. Не знајш што му се случува на другата личност па да му се суди. Немат сите можност да завршат за 6 години некој за 7,8,10,15.. Зато терај си и не се замарај
Браво @Dream-Girl, многу зрело размислуваш, ти се восхитувам на позитивноста и упорноста До другите: Не се обесхрабрувајте, ако не положите сега, наредна сесија ќе положите и тоа со повисоки оценки на толку повтарање. Учете и нека љубовта кон медицината ви биде мотив да положите
Јас кога паднав две години, не слушнав муабети вакви, не знам дали не зборувале или не стигнале до мене или може затоа што и најдобрата другарка исто каснеше две години, па и пола клас од средно, па топ ни беше и јас многу се секирав во тоа време, па добив анксиозност, па потоа ради анксиозност дополнително не можев да учам и така во круг ама помина и тоа, завршив, знаењето, желбата се тука и сум посреќна од било кога
Немам предрасуди за паѓање години, свесна сум дека факултетот ни е тежок и не е ништо страшно ако се падне година. Повеќе ме загрижува мене тоа што ќе ги ставам моите на дополнителни трошоци, а нема да ни е баш лесно дома со двајца студенти, па уште да паѓам години. Ама ајде, се уште не е време да размислувам за тоа, јунска и септемвриска сесија не се ни близу.
Јас не осудувам никој доколку падне година или не фаѕи услов за предмет ( ко јас за биохемија) заѕоа што не знам утре што ме чека и може и јас да де најдам во иста ситуација.
Матвеева мене многу ми се допаѓа како испрашува. Прво почнува со општи и лесни прашања - нешто за пролазна оценка, па после знае да чепне нешто поситно успат - некое деталче за повисока оценка. И така блиц прашања поставува, без да ти создавава стрес. Неколку пати полагав колоквиуми кај неа и секогаш си поминував со високи поени. Анатомија 1 исто полагав кај неа - тестовите и се тешки, затоа што прашањата во најголем процент и беа за шака и стапало (нешто што барем мене лично ми беше најтешко). На усно поминав одлично! Инаку за Стратеска и Лазарова и ја многу се плашев, се додека не полагав кај нив. Се сеќавам во мое време имаше бројка на крајот од тестот и секој професор си имаше свој број. И ние ги знаевме. И земам тестот гледам позади бројот на Стратеска. Абе морници ме полазаа, тестот го решавав под стрес и со таков притисок, најмачно полагање ми беше тоа. На крај бев една од три-четворицата положени кај професорката. Ако си учел, немаш проблем. Маната да речам и беше тоа што сака да ти е читко, уредно и целосно одговорено прашањето, ако ти е пола или имаш грешка во пишување, нула поени. Исто и со Лазарова. Полагав Анатомија 3 кај неа. Се и сешто слушав и топ поминав. На усното ми скрати 2-3 поени без причина, ама после тоа на практичното си ја исправи грешката. И кога ми фалеше поен за оценка, без да прашам ми го даде.
Јас не сфаќам како осудуваат. Значи не си во ничиј живот за да знеш како му е, низ што поминува и со што се соочува. Друго студенти сме, нормално е да не се положи нешто, особено ние на медицина со 10+ предмети во година и со услови до гуша. На секој може да му се случи да заглави, да не фати услов не значи дека ако во прва си фатил дека до крај ќе фаќаш. И за крај фаќањето услови и положувањето во рок не те прави добар доктор. Убаво рече Дрим иста е дипломата, а кога ќе работиш со пациенти никој нема да те праша за студирањето. Не губите мотивација и не слушајте што се зборува околу. Бидете упорни и полагајте се што можете, не се откажувајте.