Јас лично не сакам да разговарам на тема паѓање/положување испити. И со колеги кога разговараме, разменуваме искуства, ако колегата сподели дали положил или паднал во ред. Никогаш не сум го прашала положи ли? Факултетот е тежок, но тоа што на сите ни создава проблем при студирањето е системот во кој се губиме и студентите и професорите. Од нас се бара за кратко време да положиме многу предмети. Уствари првите три години го бркаш условот, а после наредните три години пак се бориш со времето, за "на време" да дипломираш. Значи, тоа е наметнато од општеството во кое живееме. Демек "еј што ќе кажат комшиите јас одличен ученик, паднав година на медицински факултет". И тоа е вистинскиот проблем, касно сфаќаме дека учиме за да научиме. Значи, моментот кога ќе го положите последниот испит и кога ќе тргните на стаж, сфаќате дека вашето учење до прва почнува. Друго, постојат предмети кои може да се спојат, за да ни се олесни студирањето. Пример вовед во медицина/промоција на здравје/социјална медицина - тоа се предмети по кои три пати истото го учевме. Не знам, можеби доколку се постават некои норми кои би важеле за сите предмети (во однос на колоквиуми, пракса, материјали, поени и оценување) приказната би била друга и би чувствувале некакво растеретување. Но, од друга страна не мислам дека е невозможно да се постигне. Ако се организираш, немаш проблем. Во почетокот нормално е да е тешко и да не знаеш што те снашло, ама со текот на времето се навикнуваш на хаосот. Мора да има хаос, па медицина е . Не е страшно и година да изгубиш, па и две да се, дали заради домашни проблеми, здравствени причини или едноставно имаш потреба од пауза. Без разлика на причината. Многу полошо според мене, а и од тоа што гледав на факултетот низ годините студирање е да не учиш, а да продаваш муабети дека учиш и никако не положуваш заради професорот. Не викам дека нема и такви професори, на секој факултет ги има, ама еве една сесија, па и две да е до професорот, не може стално да е до него. Како другите студенти положиле? Ок, има неколку студенти во група со врски, ама не се сите со врски. Така што, нема зошто да се разочарувате и да се правдате затоа што сте паднале на испит. Тоа никој не треба да го интересира, освен вас. Седнете, загрејте столчето и ќе положите . Извинете на рефератот
Се сложувам за тоа дека не е стално до професорот, ама некогаш и е! Ова што ми се случи мене, ми се нема случено на ниедно полагање до сега. Ај што ме падна, ама односот на професорката со мене не беше воопшто во ред, не сакам да навлегувам во детали специфична ситуација беше и воопшто не беше во право професорката.
Онака генерално го искажав моето мислење. Не те прочитав тебе не знам што си пишала. Не се однесуваше конкретно на никој. Сакав да кажам сите сме имале лошо искуство со професор, ама не може секогаш причините за нашето неучење и константно паѓање да ги бараме кај професорот. Значи зборувам за студенти кои изгубиле две/три години и не им иде умот да седнат и да научат, наместо тоа го обвинуваат професорот.
За тоа си целосно во право. Има и една друга ситуација пак, ептен се трудат ама и не им оди едноставно. Познавам од моето место доктор е сега специјалист, 12 години само општа медицина завршувал и сега дури и специјализација зеде. Ама какви грешки прави во дијагнозите страшно нешто. Некогаш некого на душа ќе земе.
Јас имав мн лошо искуство со Стратеска. Анатомија 1 три сесии по ред завршен писмено кај неа. И се ептен малку ме паѓаше. Причини: Не било од збор до збор напишано како во книга, не сум ги подредила точно мускулите/припоите како во книга што биле подредени. На увид не ми дава клуч-тест за споредба. А материјалот во сон веќе го знаев. Затоа се одлучив комисиски да полагам. Маста ми ја извадоа, единствено јас положив од сите шо полагавме комисиски. Пред да ја обжалам Стратеска, бев во канцеларија кај неа да и се извинам што ќе ја обжалам. И ми вели дека не и е гајле, ќе ми ги поништела и 3те колоквиуми, а тогаш не се поништуваа (сега незнам како е). А требаше за два дена да полагам.. Мислам животот ми се скрати од стрес тие два дена. Лазарова на крај ми рече дека нема да ми се поништат, не се такви правилата. Лазарова беше шеф на катедра, и буквално ми го рече ова: „Знаеш за 10ка, ама морам 6ка да ти пишам. Стратеска ќе ме обеси на дрво што те положив, а не пак повисока оцена да ти пишам. Ама нема основа да те паднам. Сигурно си единствена што памтам да ја обжалила Стратеска и да положи комисиски.“ Немаш појма колку се тресев потоа за Анатомија 2 и 3, зошто сите ми велеа дека Стратеска ќе ми се одмазди. Ама среќа не се паднав кај неа повеќе. .. Иначе да. Се согласувам со твојот пост дека не се океј студентите што се професорите им се криви. Треба столчето да го згреат салам. Но сепак, има случаеви кога професорите навистина се виновни.
Па не знам колку си читала дискусијата поназад, може и си постара и не знаеш сега како е, но сега на анатомија катедрата е село без кучиња. Сама кажав дека не научив ништо повеќе од тоа што знаев во август (имав 3 положени колоквиуми, ме паднаа на практичен само, не дека сум била табула раса и не сум положила ништо од предметот, па се чудам зошто сум паднала), а сега магично еве ме пуштија, ниеден колоквиум не паднав, се си положив кога се полагаше. И не само јас, исто и со колешките што презапишаа, сега положија, а пред само некој месец паднати. Што, за 3 месеци успеавме повеќе да научиме од што една година не сме научиле како? Смешно делува нели? Едноставно планот е да се презапишува, си имаат бројка кој треба да падне ете и си земаат пари. Еве анатомија 2 исто им направија сега, за да се презапише. Летото ќе ги пуштат, но парите битно ќе им бидат земени. Не знам која година си, но како што гледаш многу се жалат од оваа катедра, сигурно некој сам не си измислува туку така муабет. Ама дали нешто ќе промениме ако пишеме тука? Нема. Ете јас сесијава кај професорката Зафирова положив анатомија 1 која важи за најстрога и поминав преубаво за разлика од летото кај друга професорка што сите ја сакаат. Повторувам, не знаев ништо плус од тоа што знаев летото, не дека овие 3 месеци само анатомија седев и учев, напротив. Спремно ми беше и сакав да си докажам дека не било до мене, со истото знаење сега положив во предвиден рок се што се полагаше по овој предмет. Чудни работи се случуваат на овој факултет, но реков ништо нема да смениме, така да нема ни поента и до утре да пишувам тука.
Што е проблемот со вакви професори како Стратеска што читам, што добиваат од вакви изживувања жити се
Јас зборувам за "старата гарда" на анатомија. Стратевска сега веќе е во пензија, страв и трепет беше години наназад. Лазарова исто и кај нас викаа дека е строга, ама јас имав многу убаво искуство со неа. Исто со Папазова и Матвеева. И тоа го споделив. Зафриова и Аце, тогаш беа асистенти. Не знам, не ми беа мене асистенти. Освен Зафирова на една вежба, ама некако никој не ја сфаќаше пресериозно. Пак ќе кажам, не ве читав што сте пишувале наназад, не беше ништо лично. Искажав мислење оти голем е бројот на оние кои сакаат преку леб погача. И после зошто не чинело здравството. Затоа што секој втор завршува медицина и брка услови, учи за да положи, а не за да научи и да биде добар доктор (опишав погоре на што се должи сето тоа).
Секоја ти чест на храброста жими се, и тоа не за анатомија 3 туку за 1 знаејќи дека имаш уште два предмети на нивна катедра
Нема гајле, во право си и ти. Но, не ги обвинувам толку тие што учат за да фатат услови и да успеат да не паднат години зошто е ужас системот, не се постигнува секаде, барем со свој вложен труд средиле. Повеќе ми е за тие на лепе очи што завршуваат зошто нивните се некои си доктори, па ајде и децата да им се. Трул ни е системот, тоа ќе да е проблемот. За жал, ништо нема да направиме, многу треба да се изменат работите.
Јас нешто друго надвор од дискусијава дојдов да прашам ако некој знае. Утре ако положам анатомија 2 и имам одма оцена во индекс можам ли одма да одам семестар да запишам или треба да ја имам во iknow оцената за да веруваат дека е положено стварно и не би требала да презапишам? Прашувам за дали уопште да земам утре документите за упис за секој случај со мене, бар тоа да завршам ако сум таму. И за биохемија 1, можам утре само пријава да оставам за оценката, а индексот понатака нели, зашо ми треба за упис? Мислам дека така прочитав, не е задолжително индексот сега да се остави, кој може само?
Треба да почекаш во iknow, ама од анатомија секогаш за ден-два максимум ги пишуваат. А биохемија може само пријава, понатака индекс.
Е, фала ти многу. Да, да брзо ми ја внесоа они од анатомија 1, но сепак ќе мора ден да се почека за упис у секој случај значи. Тоа ме интересираше, фала ти шо ми разјасни. @Angie1432 фала ти и на тебе
Дали некој што полагал физиологија 1 или знае како оди полагањето кај професорките, може да ни каже нешто повеќе за испитот?
Од сите полагања кај професори по анатомија ова во втора колоквиумска недела што полагав колоквиум анатомија3 за кој ми беше страв да се појавам бидејќи мислев дека ми избледува знаењето, а го учев од самиот почеток - ми остави најголем впечаток. Не знам зошто лошо искуство со проф. Матвеева, ама пак сѐ се сведува на тоа дека е до лично искуство. Некогаш не му е денот на професорот, некогаш на студентот или пак влијание имаат други Х причини. Ми се допадна професорката бидејќи сака да ѝ раскажуваш, да зборуваш и да те подпрашува, те врти низ цел материјал, ти помага и многу пријатна атмосфера направи. Осеќав дека ќе сум кај неа и си читав и фасции и кратко прашање поставува за фасција, крвен сад еден, неколку прашања за нерви и мускул. Инаку ова што има многу паднати анатомија 3 на испит не ме чуди, така и очекував. Искрено не го спремав ЦНС бидејќи се сконцентрирав на 3 предмети сесијава, на физиологија посебно и планирам да го спремам за во јунска сесија анатомија бидејќи знаев дека шансите да научам по мои критериуми убаво до јануари, а притоа да учам и други предмети е невозможно, бар за мене. Си треба време и повторување, па тоа време си го зедов за да спремам барем она што можам да го исчистам. Без форсирање и нервози, ќе се стигне. Дека учиме за да положиме е факт, ама тоа е до системот бидејќи за кратко време имаме доста за учење, а и се бркаме со услови. Дефинитивно е стресен факултет, само за некој мајка - за некој маќеа. Посебно сеа во јануарска сесија обични смртници што спремале анатомија 3 не положија, ама ќе кажам јавно координатори посебно и други привилегирани само успеваат да положат анатомија3 во јануари. Е така. Не затоа што е невозможно, можно е да го спремиш ама за да се постигне мора да бираш меѓу еден услов, најчесто физио /анатомија. Тоа е. И за крај, ќе се надоврзам на Дрим. Рече дека ќе ни вреди исто дипломата без разлика на паѓање, губење години и полагање со свој труд. Епа мислам дека на ваквите и те како ќе им вреди повеќе, е сеа другиве ќе ги зачуваат нервите и менталното здравје. Ама ќе стигниме, на прав пат сме.
Колеги, во листот за запишување семестар, нели на задната страна има графи за неположени предмети. Е сега, дали тука треба да се пишуваат презапишани предмети, или сите предмети кои не ни се положени, вклучувајќи и тие на кои сме паднале, и тие кои не сме ги ни полагале воопшто? Јас немам ниту еден презапишан, ама еден оставив за на лето, а неколку паднав сега во сесијава. Не ми е јасно што треба да се напише.