А дали некој има искуство како точно оди процесот ако имаш над 35 кредити за нареден семестар? знам дека наназад некој имаше спомнато како слушнал, ама случајно некој ако имал искуство или пак да знае за сигурно?
Дали некој има плаќано семестар на рати? Знам дека треба и молба да се напише, ама дали таа молба треба претходно да ја заверам некаде или само со уплатницата и индексот да ја оставам?
@Dream-Girl те чекам од сабајле порака да ми пишеш, како помина на анатомија 2 полагањето? И која професорка беше? Ме заборави, да не славиш? Јас не отидов, не научив како што имав замислено и кукавицата во мене проработе. Ама не ми е криво, генетика ќе положам барем, па не може се во еден ден.
Положив , повеќе се радувам што неколку месеци сум слободна од анатомија, отколку за положувањето, да се рехабилитирам од стресови до анатомија 3 во октомври таман. Анатомија 2 стварно многу полесна ми се виде од кецов. Инаку Трпковска ни беше, многу добро полагање, преубава атмосфера, го ставам и ова полагање во топ 3 полагања на факултетов. Требаше да дојдеш, но ете јас генетика ќе паднам, чисто за баланс мора нешто. Не те заборавив, какво славење, сега си дојдов дома, генетика и јас полагав до пред малку, чекав да ми дојде терминот и сум преизморена од денов, мислев вечер да ти пишам убаво една детална порака откако ќе се изнаспијам сега ко човек.
Капа доле, секоја чест, двете во иста сесија, браво, многу ми е мило, ме мотивираш за следен семестар и јас вака да учам. Со парите што си ги заштеди од презапишување сега да се почастиш!
На ембрионален развиток на срце. Многу полесно ќе ти биде срце кпга ќе учиш анатомија2, а после и за физиологија.
Пошо ви е писмено сега и поразлично од нас лани, најдобро е да видиш искуства на колегите од твоја генерација шо споделија и што отприлика им се паднало на полагањата прашај си, ќе ти е најсигурно така.
Во принцип лесен е материјалот, немаше нешто специфично што го прашуваа, добиваш по едно прашање од се, од коскено, едно од ебрионален, едно од лифни и едно за крвните садови. Но, бидејќи полагате писмено најверојатно ќе одат во детали пошто прават зезнати тестови, така да подобро распрашај се од тие што полагале сега твоја генерација, ние полагавме усно.
Колеги, не можам да сфатам, дали анатомија 2 ако падниш и во јуни и во септември презапишуваш година? Или ќе можи да ја полагаш во јануарска следната год???
Може да полагаш во јануари следната година ама нема да можеш да слушаш 4 предмети во следна година (во трет семестар физиологија 1 и анатомија 3, а во четврти семестар физиологија 2 и патофиза 1) и автоматски кога ќе дојде трета ќе квадрираш пошто нема навреме да фатиш услов за 4та, ќе касниш една година. И да положиш во јануари пак ќе паднеш година, пошто е услов за трет семестар. Само нема да го презапишеш предметот, а ако паднеш и во јануари тогаш ќе презапишеш. Така да најдобро гледај септември најкасно да положиш.
Квадрираш таму трета за четврта зашо ќе ти завлече физиологија, патофиза, анатомија 3 итн... Пошо анатомија 1 и 2 се услов за напредување у втора година за тие битни предмети. Инаку не се презапишува предметот 3 сесии, може до јануарска да се полага да. Ама без да го положиш, па те заглавува сепак.