Девојки, дали некој знае процедура за подигање диплома од факултетов? Да не идам напразно до Ск, не можам да најдам инфо никаде
Имунологија гледам само некои новини се воведуваат,ние кога полагавме беше тест па после пак цел материјал на усмен испит пред професорите.Учете од презентациите и скриптата мислам дека е доволно за положување.Среќно на 11-ти!
Дечки едно прашање Прават ли проблем ако го немам пополнето оној делот од образците(заверка и запишување сем.)што е со предметите?
Да, без тоа не можеш да запишеш нов семестар. Мора да се напишат сите предмети што ги заверуваш (со име и презиме на главен професор на катедрата) и да ги напишеш новите предмети што ќе ги запишеш
Јас не сум општа медицина , кај нас се паднаа ЕЛИСА методот од практикум и од теорија за неутрофили да објасниш. Но кај вас сигурно ќе бидат посложени пример може да ви се падне да се објасни ендогена/егзогена патека на процесирање на ХЛА класа 1/2 , да се објасни Т / Б клеточно зреење и селекција/активација/диференцијација или пак некоја патека од активација на комплементот. Вие имате и анализа на случај , ако нема усно може ќе имате плус од таму нешто.
а по колку студенти испрашуваше одеднаш? и дали и по физио исто како по анатомија треба да бараме закачени списоци кој кај кого е, или како ќе знаеме кај кој сме?
Вие од општа медицина , статистика ви ставија ли потписи? Ги нема за жива глава нигде , индекси оставаме пред 2-3 дена рекоа до крај на неделава денеска проверуваат си седат таму еден индекс не потпишале ни оценка не ставиле... Ако оди некој деновиве утре/задутре и има потписи нека пише тука