И јас исто полагав кај проф. Малеска. Влеговме 5 студенти заедно и сите извлековме прашања за крв или квс. Сите теорија многу не испрашуваше од колоквиуми, не ситници, ама бараше суштината убаво да се има разбрано. Еве пример: една колешка извлече крвни групи и покрај она основното што треба да се објасни и вежбата, ја праша зошто е важно испитувањето на крвни групи во трансфузија, хирургија и судска медицина. Така некои логички прашања поставуваше и сите убаво поминавме воглавно.
Здраво,кое е работното време на книжарата на Медицински дали е регуларно или е сменето со ковид ситуацијава?
Дали може за колеги што не се од Скопје некој друг да остави индекс , пријави и уплатница на студентски за упис на семестар или мора лично да се остават?
Може некој од постарите колеги да направи осврт на предметите од 4 семестар? И на што најмногу да обратиме внимание.
Физио 2 нормално, физиологија е, ништо не правиш ако не знаеш физиологија, има два колоквиуми т.е три ама оној последниот во сесија се рачуна како завршен, истиот принцип е ко физио 1 Патофиза 1 исто ви е многу важен предмет, многу интересен ми беше кога го учев, буквално бев заљубена во предметот, а и најдобра катедра се на факултетот по мене, фали уште поправен на поправниот испит да дадат Ама не им се баш наивни тестовите, посебно оние на заокружување, треба да го имаш убаво сфатено материјалот за да знаеш да одговориш Микро 1- имате два колоквиуми и еден практичен тест заедно со првиот колоквиум и плус усен дел, професорите се позафркнати отколку што е предметот Хигиена- учете и полагајте хигиена на време зошто исто професорите не се баш баш нај, многу го оставаат пошто важи 6 сесии и не е услов ама мој совет на време да се фати и да се полага
Искуства за предмети и професори отсега само во приватна порака. Чисто превентивно после тужба да не ни стигне од некој професор на врата Туку, хигиена стварно се толку зафркнати? Ништо добро не сум слушнала за предметов од никој. А, вака на прв поглед тоа и оснир лесно ми личеше за семестаров.
Хигиена кога полагав мн им беа детални тестојте. На набројвање тие имаја напишано 2 од 5, а ти требаше да ги напишиш другите 3. Така да си бара време за да се научи.
Дали книжарата кај факултетот работи во сабота? И дали некој има инфо како ке бидат полагањата хемија дали ке бидат колоквиумите и практичното пак онлајн ?
За бруцоши важи до крај на годинава. После ќе го продужиш. Првпат кога се вади јсп картичка важи така подолго време т.е една година.