Колешки, споделете искуства од втор семестар прва година, дали навистина е полесен како што велат, дали анатомија 2 е полесна од анатомија 1, а и какви се другите предмети генетика, хемија и сл. Фала ви однапред
по мое искуство ке ти зборам, анатомија2 мене ми беше далеку поинтересна од анатомија1 и со мерак ја учев, хемија е лесна учиш општо повторуваш работи од средно, генетика не е страшно следи предавања и вежби посебно проф.Петличковски со мерак се слуша
Вака. Анатомија 2, мене лично, ми беше многу полесна, и поинтересна од Анатомија 1. За се има слики буквално, но и самиот материјал е полесен и поинтересен. Хемија не ми беше тешко, а верувам дека би ви било уште полесно, бидејќи ќе полагате и колоквиуми. Поради ситуацијава лани, ние го полагавме цел материјал во јуни, но не беше тешко. Се учи од почеток, буквално како во средно, само поопширно. Има и задачи, но и тие се исти како во средно, ништо страшно, ќе ви ги објаснуваат на вежби. Генетика го полагав во Септември целосно, и полагавме писмено. Многу интересен предмет, за брзо време го спремив испитот, не е тешко, верувам дека доколку се полага на колоквиуми, е уште полесно. Гледај ама добро да ја научиш целосно книгата, а и од презентациите е добро да учиш плус. Воглавно супер предмет, особено ако слушаш вежби и предавања, проф. Петличковски многу добро предава, и само од слушање можеш многу да научиш. Хистологија 2, ми беше иста како кецот, со тоа што ми беше поинтересна, бидејќи се учат само органски системи. Полагавме комплетно во Јуни, онлајн на заокружување. Прва помош е лесно, книга нема, се учи од презентации. Има прашања во копирница, се паѓаат истите, ама не можеш да извадиш висока оценка. Има и еден учебник од УГД, можеш да го прочиташ и него, за ден-два се поминува. Промоција на здравје, исто како Вовед во медицина, има учебник, има и прашања, оцените слично како вовед. Медицинска етика, не е тешко, има учебник, има и прашања, се паднаа во Јуни. Правевме и семинарска (ако сакаме, не е задолжителна), и за истата се добиваат плус поени, кои влегуваат во оцената. Воглавно сите добивме високи оцени.
Дали можам повеќе предмети за презапишување да ги уплатам на една уплатница или мора да е секој предмет на посебна уплатница?
Јас мислам дека годинава не правеа проблем за потписи, еве јас не го однесов индексот за потпис биостатистика и запишав семестар, ама прашај си за секој случај.
Од катедрата Имунологија ни кажаа нас дека имале нешто проблем и ќе каснат со потписи и го известиле деканатот да не прави проблем при упис на нов семестар така да мислам дека годинава може и да фали некој потпис.
Колеги некој да сподели искуство со предметите од втор семестар, на што да се посвети повеќе внимание? И како е анатомија 2 во споредба со анатомија 1?
Ќе се самоцитирам: И да додадам дека ние анатомија 2 ја полагавме цела наеднаш, мислам дека сега ќе си имате и колоквиуми, така да сигурно ќе ви биде уште полесна. Мене 2ката ми е неспоредлива со 1 и 3, и во поглед на тежина, и во поглед на типот на материјал, многу е поинтересна.
Анатомија 2 и мене ми беше многу полесна и поинтересна од анатомија 1, така да со анатомија немаш гајле. Фокусирај се највеќе на анатомија и хемија, тие ти се услов, но и генетика гледај да положиш, бидејќи доста матерјал е за учење, а ако го оставиш за наредни години тешко дека ќе имаш време да го спремаш. Етика и промоција е лесно, буквално два-три дена пред испит се спрема. Прва помош се учи од презентации и има плус учебник, не е тешко и интересно е. Хистологија 2 исто не е тешко и поинетерсно е од хисто 1, дека исклучиво хистологија на органи е.
Втор семестар беше прелесен у споредба со првиот. Анатомија 2 лично мене ми се виде боза у споредба со анатомија 1. На хемија посвети внимание, обемен материјал е и услов е. Другите се прелесни предмети според мене.